lolla RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (20.10.2014 17:52:05)
|
И кај мене се поднамали удобноста при спиењето и тоа главно бидејки се трудам да спијам на лева страна ама не биде се така, па се будам и на грб, а нели не треба, па пак на лево итн. Кога ке станам за вц, после тешко заспивам или не заспивам, ама не се жалам, сакам во секој ден да уживам. Почнав и да сонувам чудни работи, онојпат сонувам веќе сме имале бебе и јас немам ништо за него, сум го покрила со некоја стара крпа, ептен неспремна [sm=smiley13.gif] Па отворив по темите да видам што треба иако е рано ептен, барем да се запознам со терминологијата. Минатиот петок на скрининг ми мереа и должина на грло на матка, беше 30мм др рече дека е супер, зарворено е, и секој месец да го мерам. Ми го мереше инаку бидејки и кажав на др дека мајка ми имала три пораѓаи пред термин и тоа во 35, 35 и 28 недела. Сите сме ок, ама сепак, било наследно донекаде и тоа [sm=smiley13.gif] Оваа недела терам 21 недела, денес 21+2, мешето ептен почна да се познава, бебето мрда, дури и се гледа однадвор како се подига кожата, уште од сега колку го сакам, само лежам и чекам да мрднне. Некаде прочитав дека љубовта е слепа бидејки мајката се заљубува во своето бебе уште пред да го види хаха и стварно е така. Малечка и мене ми се сврува кога станувам понекогаш, јади семе од коприва и повеќе железо ама и нормално било. А и за стомакот и кај мене така некогаш ме тера да ги стегнам стомачните, чудно чувство е. Се мислиме викендов да одиме за Банско бидејки не отидовме никаде на одмор цело лето, утре сум во ремедика па ке прашам дали смее да се патува сега, што како, се надевам ке испадне да одиме. Поздрав на сите, баш ми е мило што се разранува темава.
|
|
|
|