lolla RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (2.11.2014 19:29:24)
|
Ivanushka, и јас имав таков воденикав исцедок, а во второто тромесечје и нормално е зголемен белузлав, бледо жолтеникав исцедок и медицински се викал ЛЕУКОРЕА. Ја штител матката од инфекции затоа природно си се зголемува. Ама сепак прашај утре и обавезно кажи што ке ти кажат. А сега па ми се случува ако многу ми се мочка, а сум негде надвор, кога ке кивнам, малку ми протекува, ама ептен малку. Па правам вежби за карличен праг за зацврстување, како кегел вежби, чучњеви и маласана јога поза. Мада мислам ова си иде со притисокот на бешиката. За болки, и јас си имам некогаш, ама мислам дека ми се од дигестивно потекло, кога јадам гравче или леќа, а и ако седам многу па ме боли кичмата, па правам вежби за истегање на тој дел и ми помага. За мрткањето, и јас мислам дека меѓу 16 и 18 недела осеќав како благо мрткање, како гасови ама не завршуваат со гас [sm=smiley36.gif], ама никогаш не бев 100% сигурна. Сега веќе, утре полнам 23 недели, се гледа од надвор кога мрда и се осеќа на рака убаво. Прекрааасно чувство. Поздрав мешковци
|
|
|
|