Bea -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (26.8.2015 13:17:27)
|
Леле мешковци јас од памет се извадив завчера. Два дена ме болеше главата и во понеделникот кренав температура 37.2, па со 37.3, па 37.5... Се исплашив бидејќи немам симптоми ни за настинка ни за стомачен вирус. Се напив парацетамол и среќа попладнето секако требаше со Димитров да се видам, па таман го препрашав. Тој мртов ладен, дури ме искара зошто сум пиела парацетамол под 38. Рече дека е нормално понекогаш организмот така да реагира и да не се плашам за бебушот затоа што во второто тромесечие биле најотпорни. Срцки наши тие [sm=smiley27.gif] Среќа се симна ноќта скроз и вчера цел ден одмарав, денес фала богу сум добра и главобоката престана. Иначе докторот не ми спомна ни за пх на вагина, ни за должина на цервикс, нареден пат рече ќе ме види во 18-та недела здравје. Исто сакав да ве прашам фолната до кога ја пиевте?
|
|
|
|