RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Bea -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (4.9.2015 8:45:59)

Труднички како сте? Некако не сме активни на темава.
Јас ете 16+2, наредната недела треба да повторам уринокултура и сум на контрола кај мојата докторка, па ќе го видиме и бебушко.
Со темепратурата тогаш кујзнае што беше, наредниот ден немав, одморив дома и на тоа остана. Сега настинав, носот ми тече, па пијам чајчиња, лимон, купив едни капки за нос за трудници со морска вода, па се подлажувам со нив.
Мешето веќе се познава [sm=nosecka.gif].

Пишете како ви е бременоста? Ви се познаваат ли мешињата? Во која недела прв пат го почувствувате бебето/бебињата?

Ве гушкам сите!




Kvisko -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (4.9.2015 11:19:10)

Ај и јас да си пишам. Денес на 22 +3 бев кај матичната за да го мери пак цервиксот и фала богу добар беше и затворен. Сега наредна недела ќе одам пак да ги повториме брисевите и тоа е тоа.
Наредно ехо ми рече некаде после 28 недела обавезно во 32 и толку.
Јас деновиве почнав повеќе да го оеќам бебето ама не секој ден и не многу често. Тоа е веројатно затоа што постелката ми е на преден ѕид па потешко се чувстува кога лупка а и уште е мало веројатно. Ми рекоа повеќе се чувствува после 24 недела кога е поголемко. Сега најчесто го чувствувам навечер пред спиење или пак кога одмарам после шетање. Мешко веќе прилично се познава и нема дилема али сум се здебелила или имам бебче во мешето. Сега ќе морам на шопинг за панталони за на работа зашто до сега бев во фустанчиња и сукњи и се извлекував со тоа што го имав во плакар а ма сега ќе морам да потрошам некој денар за специјални панаталони барем.




LoveableMe RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (4.9.2015 11:24:47)

Квиско, супер вести, го дознавте ли полот?[sm=smiley1.gif][sm=duda.gif]




Hopeful RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (4.9.2015 11:53:19)

Bea, кај прворотки движењата почнуваат да се чувствуваат накај 20-21 недела. Прво се како трнење, како буквални пеперутки во стомакот, а потоа и баш нежен удар [sm=smiley1.gif]

Kvisko, супер вести, баш ми е мило! Бебушко го осеќаш сега затоа што спие додека се движиш, го нишка тоа, а се буди кога одмараш. Тоа е, тренинг за после [sm=smiley36.gif]

Во однос на облеката, ако ти одговара на работното место, би ти советувала да најдеш труднички хеланки, мене тие ме спасија. Се комбинираат со се и се најудобни. Јас си купив од H&M и се супер. Исто така, за кога ќе залади, купи си труднички хулахопки, за да можеш да продолжиш со фустанчиња. Има добри во Пенти и Сара Ексклузив. Во секој случај, трудничката колекција на H&M е каде каде поевтина од што било кај нас, така што ако си во можност, скокни до Солун [sm=smiley1.gif]




Kvisko -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (4.9.2015 11:53:28)

Lovealble за полот некако се препоставуваше уште во 13 недела на скрининг, во 18 видове дека е машко а сега на последниов скрининг лицето го криеше ама затоа доел се изнапокажа. Мислев дека сум пишала ама очигледно не.




Bea -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (4.9.2015 13:05:56)

Kvisko, каде го правеше вториот скрининг?




Kvisko -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (4.9.2015 13:28:51)

Hopeful фала насовет и сугестија за облека. Видов овде во Waikiki некакви труднички хеланки ама немаше скроз долги па оставив за понатаму. Сега ме потсети па ќе одам пак да проверам. Инаку во план е некој викенд до Солун па ќе проверам и таму.

Bea скринингот го правев кај Адамова во Ремедика чисто за да проверам пак ПХ иако можев и кај матичната. Сега веќе ќе одам кај матичната на контроли и ќе се договорам со Димитров што понатаму зашто ин самиот ми рече може и матичната да те следи.




lanicka30 -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (4.9.2015 22:14:29)

Pozz do site RR jas sum na Kontrola during na 20 nemozam da docekam da GI vidam [sm=duda.gif][sm=duda.gif].
Sakav da ve prasam vase mislenje sakam da idam vo ohrid pa dali da se brcnam malku u coda doktorkata mi dozvoli ama nekako mi e sybe [sm=zmeden.gif] I koga se pravat vtorite brisevi?




mamita83 -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (4.9.2015 23:51:15)

Вторите брисеви 36 недела ги правев во првата бременост, инаку јас бев во Охрид летово 10 дена и се бањав - некако скроз заборавив дека езеро не е за трудници на тоа високите температури и фала богу се е ок. Инаку се одлучив да се пораѓам во Санте плус кај др.Јегени. Ме интересира скриен шеќер кај е најдобро да проверам, матичниот ми кажа немора ама др.Јегени вика обавезно да си провериш.




Melanija RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (6.9.2015 23:31:46)

mamita83 искуства за испитување има во темата ТУКА . Јас правев на ГАК, а сега со упат се испитувало и во Адриалаб или Авицена незнам точно.А изборот на др.Јегени ти е супер[sm=smiley1.gif]




Bea -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (8.9.2015 14:57:16)

Devojcinja, da go spodelam so vas moeto denesno iskustvo. Sabajlevo se razbudiv bukvalno mokra dole, proziren voden iscedok, bez miris, prilicno obilen. Se izvadiv od pamet! Sum imala iscedok, megjutoa kolicinata me isplasi. Se vrtkav po doma, citav na net i uste tolku se isplasiv, srkiracii, placki, sto da vi kazuvam.
Otidovme vo remedika na kontrola, sreka dezuren bese d-r Jane Stojkovski. Me pregleda temelno, vaginalno, so ultrazvuk i vaginalno i abdomenalno i fala mu na boga se bese vo red. Nema ustekuvanje na plodova voda, grloto ubavo zatvoreno, vnatre bebus si plivka. Epten mi olesna.
Mi izmeri i dolzina na cerviks 39mm, sto e isto taka vo red. Doktorot vika deka najverojatno e od utrogestanot i mi predlozi da gi zimam ako mozam oralno. Iako jas gi zimam od transfer navamu, do sega vakva reakcija sum nemala.
I konecno, se vide masko bebe!!!
Posle site crni scenarija od sabajlevo, si se iznaplakav tamu na stol, sto od radost, sto od olesnuvanje.
Cuvajte se mesinja!




LoveableMe RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (8.9.2015 15:15:12)

Bea, супер вести, ете и ти и Квискo сo бaткoвци, мaшaлa рингерaјaвa сaмo свирчињa, тук тaму пo некoе девoјче.Сo леснo нa сите[sm=bravo.gif]




Bea -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (9.9.2015 10:57:38)

Еве ме пак со update, ја повторив уринокултирата и излезе негативна! [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]
Секако ќе продолжам да се налевам со вода, а пиев и по едно-две чешниња лук на ден. Може и со тоа да си продолжам превентивно.

Поздрав девојки и пишете до каде сте!




Kvisko -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (9.9.2015 17:03:59)

Беа браво. Сега ќе си бидеш помирна.
Јас таков исцедок како што опиша воденест, белузлав или жолтеникав и обилен исто имам од нека 14-15 недела. Од памет се вадам скоро секогаш ама сега веќе се поднавикнав. Неделава или наредната пак ќе одам за брисеви па ќе видам иако вака како што читам и прашувам гинеколози ми велат дека е нормално.




Hopeful RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (9.9.2015 17:38:42)

Браво за машките бебиња на РР, синчиња на храбри мајки [sm=bravo.gif]

За исцедокот, се потсетив на нешто што прочитав кога бев бремена - исцедокот природно дополнително се зголемува за да го заштити цервиксот од инфекции, така што ок сте, без гајле [sm=smiley1.gif]




Bea -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (9.9.2015 17:40:42)

Kvisko i jas mislam deka e normalno, ne znam kolku kolicinski imas. Ova moevo bese bas obilno, dolnata obleka skroz mokra, probieno na pizamata so damka golema kolku portokal. Od son me razbudi kolku bev mokra. I plus vodeno - zatoa ispaniciv.
Samo nesto panicam. Ponekogas mi e krivo sto ne uzivam vo bremenosta opusteno, ama posilno e od mene.




lolla RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (9.9.2015 17:53:06)

Bea i Kvisko браво за батковците, благослов е да имаш синче. За водлест исцедок и јас имав добра работа е ама нели да е без мирис.

И навикни се на неопуштеноста, експоненцијално расте дневно после пораѓајот.




Hopeful RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (9.9.2015 18:24:36)

Не знам како на некои бременоста им е опуштена, мене исто така воопшто не ми беше, а и сега не дека сум многу лабава [sm=smiley36.gif] Веројатно кога ќе дипломираат од факултет ќе отспијам малку... [sm=smiley36.gif]




Veronica_Lia -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (10.9.2015 9:53:03)

Богами навистина се среќни тие трудници што имаат релаксирана бременост [sm=smiley1.gif]
Јас утре веќе полнам 25та недела, а мир не видов.. се ме плаши [sm=smiley13.gif] но, нормално е нели, да се секираш и да бидеш на штрек..
Со Господ напред само, сите лесно да истераме, хехе [sm=smiley1.gif] инаку и јас носам машко [sm=smiley1.gif]




nataly86 -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (10.9.2015 21:49:05)

Еве ме и мене со еден update на мојата ситуација[sm=smiley36.gif] 13г.н.+2 супер бебче кое многу мрдна и одвај го фативме да го сликнеме и да измериме се што треба...
Инаку сеуште сум со лошење и гадење минатата бременост ме држеше до 16 недела па ке видиме сега..инаку со јадачките сум ограничена месо и сл неможам да мириснам а камоли да јадам најверојатно ова бебе ке биде вегетаријанец[sm=smiley36.gif]




LoveableMe RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (11.9.2015 10:34:56)


ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

Еве ме и мене со еден update на мојата ситуација[sm=smiley36.gif] 13г.н.+2 супер бебче кое многу мрдна и одвај го фативме да го сликнеме и да измериме се што треба...Инаку сеуште сум со лошење и гадење минатата бременост ме држеше до 16 недела па ке видиме сега..инаку со јадачките сум ограничена месо и сл неможам да мириснам а камоли да јадам најверојатно ова бебе ке биде вегетаријанец[sm=smiley36.gif]


Баш те мислев каде си деновиве, а прво тромесечје го скокна, не те читнав таму?[sm=jezicek.gif][sm=smiley36.gif] Со лесно, ова изгледа ќе биде немирко/ка[sm=smiley36.gif][sm=jezicek.gif]




Kvisko -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (11.9.2015 13:40:54)

Nataly супер за вас.
И моево на првиот скрининг не можевме да го фатиме. После на вториот беше ептен кооперативно.

Ај и јас со мал update. Денес бев кај матичната ибез брисеви виде дека имам кандида па сега прво тоа ќе третираме па после се друго. Аман веќе со ваа кандида. Воденестиот исцедок најверојатно ми е од тоа. Вчера пак од памет ме извади зашто пак беше многу обилен. За сметка на тоа денес пак го видов. Плодова вода си имаше ОК, спиеше па и го мери. Сега сум помирна и си ветив дека помалку ќе паничам. Деновиве и повеќе го чувствувам кога мрда односно удира или се протегнува.




Bea -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (11.9.2015 13:52:49)

Kvisko, што терапија ќе примаш за кандидата? Јас исто се сомневам кај мене за кандида.




Kvisko -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (14.9.2015 19:22:21)

Беа јас два дена имав промивки со метиленско плаво кај матичната и една вечер после тоа ставив Канестен од 500. Вака како што ми изгледа би требало сега да е во ред.




Kvisko -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (15.9.2015 14:08:00)

Беа извини тоа било gentian violet. Погрешно сум напишала.




Страница: <<   < Претходна страница  56 57 [58] 59 60   Следна страница >   >>