Bea -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (7.10.2015 9:33:26)
|
Мешиња hello! Како сте? Јас ете 20 полни недели, минатата недела бев кај матичната, го видовме убаво дечкото. Фино си напредува, само не сакаше лицето да ни го покаже, се криеше цело време душа. Наредната недела сум на скриниг, матичната, инсистираше да одам кај Димчев, па решив кај него да одам сепак. Бебушот веќе убаво го чувствувам, вчера имав еден прекрасен момент - и читав нешто на мајка ми од интернет, а тоа мрда ли мрда! Дали од мојот глас или пак така се погоди, не знам, ама јас сакам да верувам дека до гласот беше [sm=smiley1.gif] Инаку - да, мојот сомнеж за кандида се потврди, па ставив 3 вагиналети канестен по препорака на докторката, а исто така ми ги препорача и ацидосалус вагиналетите превентивно - за ешехиријата, a и на кандида албиканис делуваат. 900 денари - 7 вагинлетки, многу некако ми се виде, ама тоа е. Утре одам крв да проверам, а докторкава ми рече брисеви само ако има индикации [sm=zmeden.gif] Епа ете, се ви раскажав :) Сакав исто да прашам, дали се мачкате со нешто за стрии? Јас ставам оригинална павловиќева помешана со АД маслени капки, ама морам да признаам нередовно. За сега не приметувам некои промени на кожата, ама ќе видиме понатаму.
|
|
|
|