RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13 до 26 недела [chat] (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


MarigoldNeva -> RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13 до 26 недела [chat] (27.2.2016 16:41:43)

I jas se imav preplaseno vo prvata bremenost, neznam tocno koja nedela bev, ama znam deka imav golemko stomace. Ke se tusirav so protocen boljer i koga go pustiv plinot tolku silno buvna, sto celata se stresov, duri i osetiv kako i bebenceto da se isplasi. Ke zaboravis za pretrpeniot strav za kratko vreme, a bebceto nema gajle ;)




scared RR -> RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13 до 26 недела [chat] (2.3.2016 12:12:54)

Денес бев кај матичната за контролни брисеви и машко е вели она [sm=smiley36.gif] јас си знаев дека ке е машко [sm=smiley1.gif] мажле многу сакаше женско ама не е битно само да ни е здраво право [sm=smiley1.gif]
Во понеделник сум на контрола и во систина, и да здивнам малку, се преморив од испитувања периодов [sm=smiley13.gif]




LoveableMe RR -> RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13 до 26 недела [chat] (2.3.2016 13:39:55)

Честитки сцкаредРР, само за убаво нека е[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Hopeful RR -> RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13 до 26 недела [chat] (2.3.2016 13:55:51)

Ооооо мажле мило, само нека продолжи да расте! Знаев, ЗНАЕВ [sm=bravo.gif] Овие две години на РР претежно се машки, дајте следните раѓајте девојчиња, снаи од кај ќе наоѓаме инаку, да не оговараат после на РР [sm=smiley36.gif]




scared RR -> RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13 до 26 недела [chat] (4.3.2016 13:26:13)

Фалаа [sm=smiley36.gif] само убавини да ви се вракаат [sm=smiley1.gif]
А богами навистина дефицит има на девојчиња, годинава се машки се рагаат [sm=smiley36.gif]




princessa -> RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13 до 26 недела [chat] (4.3.2016 15:43:27)

Само нека се живи и здрави па дали девојче дали момче подеднаква е среќата. јас имам девојче и момче ама сега уште не го знам полот. Можеби на следниот преглед кој што ми е за 10тина дена ќе дознаам па ќе пишам.
Иначе мене ме убија мачнините и повраќањето, ниту трета среќа не ме послужи, ич ксмет сум немала[sm=smiley13.gif]. Многу сум истоштена од се последниве 6 недели ама се надевам дека за недела две ќе ми се поврати нормалниот животен тек. Ама затоа благо колку ми се јаде тоа е чудо, за доручек, ручек, вечера само благо ми тера душичката[sm=smiley36.gif]. Додека сум во минус со килажата е добро само после да не ми се наплати се дупло со камата[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




scared RR -> RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13 до 26 недела [chat] (10.3.2016 14:47:52)

Цервиксот само со вагинално ехо ли се мери? Мене докторот не ме виде на такво ехо само на обично и после гледам во извештајот пишуваше цервикс 44 мм.




lukajana RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (11.3.2016 16:00:10)

MotherA добредојде на рр ,постот ти го префрлив во Градите во бременоста се надевам ке има некој со слично искуство




princessa -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (14.3.2016 11:48:40)

Здраво трудници. Јас еве скоро 15недели како сум[sm=nosecka.gif]. Мачнините и повреќањето ги однемува, само мака мачам со зголеменото лачење на плунка и тоа страшно ме иритира. Дури неможам нормално да функционирам. Имате ли чаре за овој проблем? Денес бев на преглед и му кажав на гинекологот ма да никаков совет не ми даде. Преку глава ми е од вакви доктори што само молчат и дигат раменици. Значи зборовите треба со клешти да им ги вадиш. Или си мислат, се е нормално тоа ќе пројде, таква е бременоста нели?
Иначе со бебушка е се во ред, си расте си напредува, право бебенце е[sm=smiley36.gif].Имам и сликичка и едвај чекам некому да му ја покажам[sm=smiley36.gif]. За полот уште е премногу рано, ке се стрпам до следниот преглед за 4 недели кога ми е закажан вториот скрининг.[sm=smiley36.gif]. Поздрав и имајте лесен и чист понеделник[sm=jezicek.gif]




Neurotoxin RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (14.3.2016 15:51:53)

Точно дека зголемено лачење плунка е нормална појава во бременоста, ама и мене ме нервира кога му кажувам за мачнините и он се зафркава со мене, ми вика, стварно ти се лоши, од што бе така??? Нормална појава е ама треба некако да се намали, сепак треба да функционираме. Чај од жалфија не смееш да пиеш сега, ама пробај со поконцентриран раствор да жабуркаш почесто.




весник -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (14.3.2016 16:04:36)

devojki pisete dali ste ispituvale torch vo bremenost i sto ako e pozitivno?!?




scared RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (14.3.2016 16:15:22)

Јас испитував. ИГГ кај рубеола е секогаш позитивно заради вакцината што ја имаме примано, да знаеш да не се исплашиш :) и други игг ако ти се позитивни не е страшно, зашто се работи за стара мината инфекција, лошо е ако игм е позитивно и се надевам нема да е , зашто за терапија не знам како оди доста е комплицирано и не разбрав ништо од тоа што го читав по интернетот, и баталив зашто само се паничев додека чекав резултати.




Neurotoxin RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (14.3.2016 16:21:28)

Тоа е испитување за најчестите инфекции кои имаат влијание врз развојот на плодот, убаво е да се прави за сите, но не го прават. Ако е позитивно се оди со терапија и испитувања на плодот. Се надевам дека нема да биде позитивно на ниедна инфекција и што вика scared, со резултатите на лекар, за да не се извадиш од памет ако пробуваш сама да ги читаш.




princessa -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (14.3.2016 16:42:20)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin RR

Точно дека зголемено лачење плунка е нормална појава во бременоста, ама и мене ме нервира кога му кажувам за мачнините и он се зафркава со мене, ми вика, стварно ти се лоши, од што бе така??? Нормална појава е ама треба некако да се намали, сепак треба да функционираме. Чај од жалфија не смееш да пиеш сега, ама пробај со поконцентриран раствор да жабуркаш почесто.

Нормално е да, ама како што читам и ретка. Се надевам дека ќе помине кога целосно ќе исчезнат и мачнините. Само да поминува е битно. Јас за жалфијата не сум знаела дека не смее да се пие, не сум ни пиела ама имав смукано минатата недела бонбони од жалфија против кашлица. Можеби се на се 5 мали бонбони. Ќе пробам со растворот, не ми преостанува друго. Важно ми е многу непријатно и гадно се осеќам, или мора да ја голтам плунката или да плукам постојано во шоља, а и тоа и тоа има контра ефекти[sm=smiley13.gif]




Neurotoxin RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (14.3.2016 17:04:06)

Не се секирај, чајот и бонбоните не се исти, а и да се напиеш некоја шоља чај не е страшно, само честа употреба не се препорачува ни на здрави возрасни луѓе, има токсин во мали концентрации, затоа, а за бонбоните немај гајле.




princessa -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (14.3.2016 17:11:13)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin RR

Не се секирај, чајот и бонбоните не се исти, а и да се напиеш некоја шоља чај не е страшно, само честа употреба не се препорачува ни на здрави возрасни луѓе, има токсин во мали концентрации, затоа, а за бонбоните немај гајле.

Фала ти многу на брзиот одговор[sm=smiley1.gif][sm=bravo.gif]. Добро е кога си информиран соодветно. Се да е во границите , да не се претерува нели? Инаку во бременоста доста работи треба да се избегнуваат или да се сведат на едно разумно ниво на консумација.




lukajana RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (24.3.2016 20:15:16)

MerigoldNeva многу ми е жал [sm=smiley19.gif] постот ти е префрлен Тука




весник -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (27.3.2016 14:37:52)

Трудници кажете ми како спијате навечер...дали спијате воопшто...и виздух дали имате...мене страв ме фаќа...воздух немам навечер..само се превртувам.




SOLE -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (27.3.2016 22:27:16)

Весник уживај во второто тромесечие оти да не те плашам сепак ова се слатки маки ама во третото се е потешко, во моментот се чувствувам како тенк [sm=jezicek.gif] ем не сум поправена но едваи се движам и ептен се задишувам а да не ти кажувам по колку пати во wc одам, и ноке нонстоп се бидам, плус па веке што само на порагај мислам, но тоа е тоа мамички ке станеме и мора да издржиме [sm=bravo.gif]




scared RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (27.3.2016 23:34:41)

Јас од сам почеток имам зголемена потреба за мокрење, ама последниов период на 20 минути знам да одсм во вц, ако не на 20, тогаш на неполн саат обавезно, притиска ли бебуш кој знае [sm=smiley1.gif]




princessa -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (28.3.2016 12:23:14)

И јас одам навечер во тоалет и тоа по два пати ноќе станувам и после мака мачам пак да заспијам. И да не пијам течности одам[sm=smiley13.gif]. И тоа не од сега веќе подолго време, а тек сум 17недели[sm=nosecka.gif]. Инаку и јас се немам воопшто здебелено а ете пак се осеќам дебела. Стомак не ми се познава и не се ни приметува дека сум[sm=nosecka.gif], ама најверојатно бебето си врши притисок и желудникот ми е притиснет и малку да јадам и пукам[sm=smiley36.gif] и оттука ми доаѓа чувство на дебелина и неудобност.




весник -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (28.3.2016 15:57:35)

Леле бе како тоа не сте поправени...па јас сум 17 недела и веќе имам качено 3-4 кгр.Јадев првото тромесечје...имав мн.апетит...напади на гладост добивав а ми се лошеше...сега навечер неможам да спијам...тек сега ми е жежко и страв ме фаќа за в лето...минатата вечер воздух мислам дека немав..ме фати паника...дали некогаш ве фаќа вас паника,склет,нервоза...а стомачето ми се познава...незнам дали има тоа врска што носам близнаци...појма немам




Neurotoxin RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (28.3.2016 16:53:32)

Ајдеее, и стомак имам прилично голем за неделата и поправена сум цели 5 кила. А демек ми се гадеше и повраќав (и уште знам да повратам некогаш) За мокрење не сакам да зборувам веќе, секоја вечер во исто време се будам, значи неможам повеќе и тоа наеднаш ми се приодува дури не можам да станам за до купатило. А тек 16-та сум, стомак ко за во 6-ти месец, ама додуша јас си имав вентрална кила од царскиот, и стомак ко за трудница си имав и кога не бев трудна.




princessa -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (28.3.2016 17:08:19)

Мене и во двете претходни бремености стомакот почна да ми се познава некаде од кај 6от месец и после 3-4 дена по породувањето бев рамна ко даска. Никогаш не сум имала стомак и сало ваљда некои добри гени сум наследила[sm=smiley36.gif]. Не повраќам веќе две три недели ама уште не ми е нормализирана состојбата, имам киселини, стомачни тегоби и нон стоп сум со мастика во уста. До кога ќе трае незнам[sm=zmeden.gif].




kuklicka30 -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (30.3.2016 13:23:29)

Здраво на сите денеска бев на преглед бебето е уште карлично завртено и имам болки во долниот дел од стомакот матичната ми препиша еритромицин 4*1 утрогестан 3*1 магнезиум 2*1 калциум 2 пати неделно аспирин и прегназон што ги пијам дали некоја трудница примала еритомицин во бременоста болката ми била бидејќи не сум ги пиела утрогестанот а од нив имам многу вртоглавица инаку сум 25 недела




Страница: <<   < Претходна страница  62 63 64 [65] 66   Следна страница >   >>