RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


mimidjon -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (26.1.2016 13:16:54)

Ви благодарам и на двете Hopeful RR ти благодарам за времето многу ми значи леле целата со прашалници сум и за понатаму но прво ова ,чекор по чекор,мене некои тетки роднини ми викаат за природно породување но никоја од бив не родила 2 одеднаш и сигурно незнае како е ,јас зошто уште кога останав бремена со 2 одма помислив со царски да се порагам но стигнаа критиките,не е темав за тоа па да не навлегувам во тоа сепак докторот како ке одлучи но незнам некоја со две што се породила природно.




Hopeful RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (26.1.2016 13:23:36)

За тоа не се замарај, тоа е заедничка одлук со докторот, и нема што кој било од страна да ти се меша. Што, ако е со царски е помалку вредно, не си мајка? Ретко кој со близнаци се породува спонтано, дали и воопшто некој... Батали тоа, не ти треба тој стрес. Ти гледај сега да бидеш што полабава и пооптимистична, а за породување има време.




blue_blue -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (26.1.2016 14:02:28)

мене докторот одма ми рече уште на почеток ако сакам тој да ме пораѓа ќе биде царски дека тој не би ризикувал природно...ама ич не се замарј со тоа, не можеш ти да влијаеш - како ќе каже докторот така ќе е, тој или таа си знае....мене ете се ми беше нормално, може среќа сум имала - не знам...затоа не мислев дека е нешто различно дека се две...бременост ко бременост. Болку никакви никаде немав, ни во карлица, ни во грб...се здебелив едвај 8 кг, а родилната тежина им беше 2860 и 2840...така да, правило тешко дека ќе најдеш...не лежев ич, само првите три месеци идев пола работно време на работа дека се осеќав исцрпено и многу ми се гадеше, ништо не можев да јадам, а после па како раснев ми притискаа на желудникот и не збираше, маж ми вика најслаба сум била додека сум била трудна што не е далеку од вистината....терај како те советува докторот и не му ја мисли толку многу..ќе биде како треба




wanna be mum -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (26.1.2016 15:43:05)

До која недела е второ тромесечие?? хихихихи
Дали некоја од вас ќе прави ехо кардиогравски скрининг на срце? многу ме интересира ваше мислење
јас само редовниот срининг го направивив 22 кога бев и се беше ок [sm=smajl.gif]




SOLE -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (26.1.2016 17:18:07)

Мамички на близначиња и јас сакав да слушнам искуства за тоа како сте поминале во тек на бременоста и каков ви бил порагајот, и фала ви на информациите :) Јас до душа си викам има време и не се замарам,здравје само нека си биде се во ред и кога ке дојде време за тоа докторот ке си одлучи како ке биде дали царски... А што се однесува до полот на бебињата уште на почеток ни кажаа дека мора да бидат со ист пол бидејки се еднојајчени а дека се машки дознавме уште во 16та недела така да Mimidjon секако ке ти кажат на следната контрола па ако твоите се женски со Hopeful ke бараме по една снајка [sm=smiley36.gif], незнам кај Blue_blue какви се?




mimidjon -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (26.1.2016 17:31:47)

Сoле ме нaсмеa здравје aкo се двете женски леснa рaбoтa хехе пo еднс имa пoвеке не .Едвај чекам зa прегледoт сега бев ксј мaтичнaтa рече вo.18 тa неделa ништо не се прaвелo скининзи мoже ке гo гледaл.грлoтo нa мaткaтa декa се две дa не треба дa се шие и јaс ништо не прaшaв зoштo сaмo зa упaти ми се пa мoже дa се скaрaм .Имaте ли слушнaтo или некoјa дa и прaвеле вaквo нешто зa шиењетo збoрaм?




SOLE -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (26.1.2016 17:53:06)

Mimidjon секако барај да ти мерат должината на цервикс, и мене Петановски ми рече дека се две и дека повеке потискаат надолу би можело да се скрати но и за тоа има решение се правело серклаж (како што викаш ти шиење), па затоа јас погоре во оваа тема прашував за тоа колку треба да биде должината, побарај погоре ке најдеш, Па затоа треба редовни контроли нели доколку се види нешто навреме да се реагира.




mimidjon -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (26.1.2016 18:12:50)

Дa.ке бaрaм.дa ми мерат aј зa oвие ке се учaм зa другите две ке си знaм се [sm=smiley36.gif] aкo се двете женски му ветив нa мaж ми декa 3 тo ке му рoдaм хaхa




Hopeful RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (26.1.2016 21:55:35)

Серклаж во близначка бременост правеше Теа 88, само што сега е презафатена со нејзините м/ж и не е многу активна на РР [sm=smiley36.gif] Кај неа ептен се скрати цервиксот и во Плодност и направија итен серклаж, лежеше и ги износи супер до крај, без проблеми.

Ви го мерат редовно цервиксот, дури и да не ви кажуваат, и не се паничете предвреме за сенешто. Не значи ништо посебно тоа дека се две па притискаат, кај мене и кај многу други со близнаци цервиксот си беше во ред цело време. А за породувањето со царски, тоа е мало гајле, големото доаѓа после тоа, кога ќе плачат двете паралелно и нема да знаете каде прво да се свртите [sm=smiley1.gif] Слатки маки!

Инаку ајде чекаме инфо дали се две дунди па да делиме снајки со Соле [sm=smiley36.gif] Блу блу има девојчиња, ама нејзините се големи, одат во школо и нема да се интересираат за нашите дечки [sm=smiley1.gif]




mimidjon -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (27.1.2016 9:19:21)

Јас не паничам само матичната спомна дирекно ,може ке треба да те шијат и затоа си се консултирав со вас еее и да треба ништо страшно само они нека бидат добро и за хиперстимулацијата така читав дека некоја ги загубила бебенцата но ете кај мене се си излезе супер ,се е индивидуално,ке го прашам докторот досега ете ми немат мерено цервикс па ке видиме сега.Убав сончев ден е денеска кој не е на работа нека го искористат за некоа прошетка.Искрено и мене повеке паника ме фака отпосле порагајот како што велиш двете плачат на двете им се јаде двете треба да се облекуваат но чекор по чекор.




wanna be mum -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (28.1.2016 0:47:01)

Mamicki idni i segasni, jas siznav 25+1 sum i ovie dena bebuska moja edvaj ja osekam, tocno mnogu sum vo dvizenje, izminatava nedela mnogu mi ripna i stomaceto, ama edvaj ednas snosti denes mi se cini epten malku osetiv dvizenje ooof




Neurotoxin RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (28.1.2016 7:55:53)

За ова јас викам право на лекар, дај боже да снемало место и да нема каде да мрдка, ама сепак, за да си бидеш ти мирна, трк да си се осигураш.




Bea -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (28.1.2016 8:22:00)

И мене истото ми се случуваше точно во тие недели - од силно шутираење имаше денови кога едвај го чувствував.
Пробај го следново - напиј се ладен, благ сок и изеди нешто благо, легни си мирно и опуштено на страна околу еден час. Шеќерот и промената на температурата ќе предизвикаат реакција кај бебуш, а лежењето на лева страна ја зголемува циркулацијата.
Види дали ќе се јави бебуш после ова, кај мене успеваше. Најверојатно нема место за паника.




wanna be mum -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (28.1.2016 23:59:07)

Vo pravo si vecerva luduva i mene srceto mi e na mesto [sm=zz_bounce.gif], bas golemi oscilacii od den vo den, ama um za dru pat :*




Melanija RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (29.1.2016 0:35:53)

Бебушки не мрдаат кога се движите туку кога одмарате и ручкате благо [sm=smiley36.gif]

ИЗВОРНА ПОРАКА: wanna be mum

До која недела е второ тромесечие?? хихихихи
Дали некоја од вас ќе прави ехо кардиогравски скрининг на срце? многу ме интересира ваше мислење
јас само редовниот срининг го направивив 22 кога бев и се беше ок [sm=smajl.gif]

Во темата ТУКА има искуства на неколк рингерајки




wanna be mum -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (29.1.2016 14:01:09)

Фала Меланија, прочитав и си останувам на тоа дека без индикации нема потреба од ехокардиографски.
Мислам дека мојава од сега мајтап си игра, цела недела едвај ја осеќав, и ваши совети и што имам читано се направив, благо, ладно , лежење на страна ништо едвај некое мрдкање како во 18та недела туу си реков и вчера закажав преглед и во чекална ете ја мава ли мава, леле си викам ме видоа сестри, закажана да си одам? хахахха
Му кажувам на докторот, ме мачка со гел и госпожа го мава по раката, испадна лажам, удираше цел преглед ете така фино ме изигра [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




DaniDaniSS -> RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13 до 26 недела [chat] (1.2.2016 15:33:36)

Zdravo mamicki , trudnici. So lesno na site :-* Mesko raste i popraveni sme 3 kg. Za tri dena vleguvame vo 21 nedela. Prva bremenost mi e, I sakam da prasam slednovo : cuvstvuvam kako balonce koga ke pukne vo stomakot, nekolku pati vo denot. Dali e bebeto ? A inaku bash vibracii I nekoi treperenja ne Sum pocustvuvala. Nekoja od vas slicno iskustvo. Ocajno sakam da me klocne bebule :-))))[sm=bravo.gif]




MarigoldNeva -> RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13 до 26 недела [chat] (1.2.2016 15:58:36)

Mamicki, jas sum vo vtora bremenost, sinceto mi e 5 godini, ama nekako mnogu porazlicno mi e od prvata bremenost. Kako da sum bremena prv pat, fizicki sum vo red, osven mnogu sto mi se spiese do pred edna nedela, ama psihicki nekako mi e tesko, so mirna glava sum samo dodeka go gledam na eho i moze edna nedela posle toa i naredniot period pak isto. Inaku sum 13 nedela. Nemam bas nekoja poddrska od doma, a neznam ni koga da mu kazam na sinceto, koj inaku premnogu saka da ima bratce ili sestrice. Nekoja da spodeli iskustvo....ke mi znaci mnogu!




TeaM -> RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13 до 26 недела [chat] (1.2.2016 22:59:11)

I jas sum vo vtora bremenost 24 nedela, kerkicata mi e 4,5 godini. Nea prva i kazavme deka sum bremena, uste vo 6 nedela. Kolku ne razbra togash neznam :) , ama na pocetokot znaese da kaze nesakam bratce/ sestrice.....a sega vekje saka i prasuva koga kje se rodi, Vika kje go cuva, banja,seta...pa kje vidime :)

Porazlicna mi e od prvata, togash nemav losenje, a sega imav do 12 nedela. Inaku ovoj pat mnogu pobrzo mi pomuva vremeto, rabota, doma, dete i nekako nemam vreme da mislam/citam kako vo prvata bremenost.




wanna be mum -> RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13 до 26 недела [chat] (1.2.2016 23:43:31)

Nemav ni jas mir, na dve nedeli odev na pregled toa e do karakter, polesno e koga ke mrda znaes tuka e :))) probaj so pozitivni misli i izraduvaj go batko :)




mimidjon -> RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13 до 26 недела [chat] (4.2.2016 20:57:23)

Девојки да ве прашам за крвна слика ,знам дека има таква посебна тема но нешто не е активна.Хемоглобинот ми е 97 од границата 120 до 180.АLT 46 ,FE 29,5 .Има ли некоја со ваква чудна слика железото добро а хемоглоинот лош ,црвените крвни зрнца ми биле намалени и сега докторката ништо не ми даде само вит.Ц




kuklicka30 -> RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13 до 26 недела [chat] (8.2.2016 11:28:51)

Mamicki mi go kazaa polot na bebusot masko e [sm=smiley1.gif] inaku e tesko 175gr i sum 17+4dena normalno e neli i mislam deka go osekam koga miruvam a doktorkata mi rece bilo seuste rano da go osetam vasi iskustva ?




wanna be mum -> RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13 до 26 недела [chat] (8.2.2016 12:56:26)

И јас во 18та почнав да ја осеќам, радувај му се на синко, честитки [sm=bravo.gif]




scared RR -> RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13 до 26 недела [chat] (8.2.2016 13:16:37)

И ние сме тука во оваа тема [sm=smiley1.gif] петокот на скрикинг си ги видовме бебушот, многу хиперактивно, мрдаше, клоцаше , зеваше. си го криеше лиценцето. па рачињата позади главче, не ми се веруваше што гледам и дека го дочекав и јас тоа. Малце не мачат некои бактерии ама се надевам се ќе испадне добро.
Во мегувреме треба да направам Д-димери и Хемостаза да не треба нешто плус освен аспирин и ОГТТ па докторот според тестов да види што ќе правиме со метформинов, не му беше за прекинување некако.




mimidjon -> RE: Трудници во второто тромесечје II- од 13 до 26 недела [chat] (8.2.2016 21:33:10)

Лепoтици ништо oд мoните зa дaвaње хехе двете се машки дa ни се живи и здрaви




Страница: <<   < Претходна страница  61 62 [63] 64 65   Следна страница >   >>