Hopeful RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (26.1.2016 13:03:43)
|
Еве го времето, заспаа, па да пишам набрзинка додека не се разбудиле [sm=smiley1.gif] И мене ми беше така, малку има информации за близначка бременост и секаде само паники - полека, не е исто како со едно бебе, ризици ризици... цело време бев во грч и уплашена. Барав долго време апликација за бременост со близнаци ама не постои, па си симнав обична и сурфав на нет за како е со близнаци, има на babycentre секоја недела податоци за сите промени. Кај близначка бременост се е различно од единечна - не смее некоја голема физичка активност (освен благо пешачење со пауза и седнување на максимум саат време), не смее диета (мора мин. 25 кг да се поправиш за да имаат добра родилна тежина), мора да се пази на притисок, и мора мнооогу мирување. Телото се шири со брзина на светлината, болките во карлицата и матката се поинтензивни од обично, расте побрзо и пошироко, магнезиум по дупли дози и стомакот одма рипнува, сигурно го приметуваш тоа [sm=smiley36.gif] Отоците на стапалата и нозете се појавуваат порано, но мене во 8 и 9 месец ми исчезнаа скроз, глуждовите ми беа само коски, така што не е страшно. На работа одев до недела дена пред породување, ме фаќаше с'клет дома и ок беше. Скоро до крај возев, после веќе ме носеше мм, преголема бев [sm=smiley1.gif] Беа свртени многу чудно пред породување, едниот со нозете надоле, а другиот попречно врз него, што беше апсолутна индикација за царски рез. Потоа се свртеа и двајцата беа со нозете надоле, што е сепак за со царски, но малку поедноставно за вадење. Породувањето беше во 37 недела, почнаа да стареат постелките и ми закажаа царски следниот ден. Се родија со 2240 и 2600, што е одлично, беа во инкубатор само неколку часа и после се најнормално. Лесно се оправив од царскиот, раната брзо се среди, немав никаков проблем кога дојдов дома, се си правев најнормално. Малце се мачевме со цицање, дека малечки и немаа сила, ама тоа друг муабет, здравје ќе го збориме накнадно [sm=smiley36.gif] Во однос на полот, и ние сакавме машко и девојче, за рамнотежа, и некако последна опција ни беа две машки, ама сега не би ги сменила за ништо. Не можам да ти опишам какво задоволство е со двајца дечковци по дома, љубов најголема. Па се смешкаат, флертуваат, гушкаат, бацуваат... а бе ми се плаче од милина. Плус, ако се две машки или две женски, поедноставно и поевтино е за облека - ако се различни мора од се да купуваш различно [sm=smiley36.gif] Се зезам, дај боже да се здрави прави, што и да се, ќе ги сакаш најмногу на свет [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|