RE: Инсеминација II (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


sasaiciko -> RE: Инсеминација II (5.7.2013 15:51:31)

ama vo momentov na ginekologija ne go pravat.Da ne slucajno ima nekoj soznanie kade moze da se napravi i kolku cini




kate18 -> RE: Инсеминација II (5.7.2013 16:00:41)

Hsg-to jas go pravev vo Sistina, pred nekolku meseci i mislam plativme 4000 den.
Nie se spremame sega za 4-ta insemenacija i me ispoplasija denes sum vo bunilo mi rekoa deka rezervite na jajnicite mi bile so namalen kapacitet so 2-4 antralni folikuli i treba da napravam Anti milerov homon,da vidime sto ponataka.Vika doktorot ne znam do sega sto si igrale so insemenacii, vika odma na in vitro. Ama nas ni treba brojka 4 za preku fondot,pa da ja zbrzame i zdravje avgust-sept.in vitro. Vo panika sum...




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (5.7.2013 16:05:59)

И јас правев ХСГ во Систина, околу 4600 беше, ми се чини. Кратка процедура, се договараш со доктор за да одредите на кој ден од циклус да ја направите, малку боли ама не е страшно. Инаку, мислам дека инсеминација без ХСГ е џабе... [sm=smiley31.gif]




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (5.7.2013 16:09:45)

kate18 во правилникот за ИФВ преку фондот стои ако колку е Антимилеровиот хормон се одобрува ИФВ,тогаш не се прават 4 инсеминации.
Ама ако го немаш испитано како може да го каже тоа доктор?Тоа не се гледа.Тема има ТУКА

sasaiciko тема за ХСГ има ТУКА




kate18 -> RE: Инсеминација II (5.7.2013 16:14:52)

Melanija doktorot mi rece deka sum imala malku antralni folikuli, 2-4,a treba da ima poveke navodno,pojma nemam kolku.Vika namalen ti e kapacitetot da ne te plasam, i spored ovulaciite koi mi saraat te na 8-mi den,te na 12-ti,se razlicno....Vika napraj go hormonot i ke vidime. A kolku treba da bide za preku fondot???




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (5.7.2013 16:30:29)

kate18 ископирав од правилникот ќе го ставам во темата Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО =ТУКА





sasaiciko -> RE: Инсеминација II (5.7.2013 17:50:56)

a vo sistina za kolku vreme se dobivaat rezultatite za hsg to




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (5.7.2013 22:49:58)

Снимката ја имаш одма и веројатно ја гледа доктор ,е тоа незнам дали плус се доплаќа.Да се јавиш и да прашаш во Систина




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (7.7.2013 0:53:28)

Снимката се добива за некои 10-15 мин, и веднаш после тоа ја дискутирате со докторот. Тоа е пресметано во цената, не се доплаќа.




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (7.7.2013 22:17:12)

Драги мои, едвај собрав сила да ви пишам... денес е 16 ден, направив тест и беше негативен [sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif] се уште немам добиено, но не сакам ни да се залажувам веќе и да си се надевам дека врска немал тестот... [sm=smiley6.gif] се чувствувам толку празно, бесмислено и обесправено, и не знам веќе што да си кажам и самата на себе, и на мм...




MademoiselleNina -> RE: Инсеминација II (8.7.2013 14:41:43)

[sm=smiley31.gif]
Само напред, собери храброст и продолжи, тоа е борба, нема откажување ...





kapina -> RE: Инсеминација II (8.7.2013 15:05:35)

ajde hopefull ne se obeshrabruvaj sto e nase ke si dojde




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (8.7.2013 16:56:48)

Hopeful [sm=smiley31.gif]

Немој да се чуствуваш обесправено, тоа не води никаде, и кажи ќе се борам за [sm=rozacrtici.gif] и за [sm=duda.gif] кои ќе не направат најсреќани, ќе дојде нашиот ден и верувај.




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (8.7.2013 17:12:19)

Фала ви девојки, неверојатно е колку многу ми влијае вашата позитивна енергија и ми помагаат убавите зборови [sm=smiley1.gif] Овие два дена си дозволувам да се чувствувам тапа и да не потиснувам (вчера бев лута на цел свет), ама од утре ја ресетирам надежта и работата за [sm=duda.gif] Ве гушкам сите! [sm=smiley31.gif]




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (9.7.2013 9:38:18)

Hopeful i od mene edna golema poddrska, bidi uporna, ignoriraj se okolu tebe i zacrtaj si deka ke ja ostvaris ovaa cel.[sm=duda.gif]

Samo taka ke izdrsis vo ovie momenti i znaj deka site nie so tebe sme vo istata kasha. Golem pozdrav do tebe, ispravi se!!!!




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (11.7.2013 9:19:23)

Еве да се пријавам, сабајле рано стигна бабарога [sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif], на 27-ми ден, побрза како и секогаш да не ме заборави. И оваа инсеминација беше неуспешна. Позз




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (11.7.2013 11:34:41)

LoveableMe, многу ми е жал... [sm=smiley31.gif]
Јас закажав во вторник кај докторот за да видиме што понатаму, мада стварно не знам дали воопшто има поента да се прават инсеминации, со толку мал процент на успех и повеќе лажна надеж и беспотребно клукање со хормони... читав на странски сајтови дека страшното со инсеминација е што паровите имаат преголеми очекувања пошто им се претставува инсеминацијата како релевантна и солидна процедура, а реално има 15% успех... [sm=smiley13.gif] Нас дома ова многу лошо ни делува, и сме константно нерасположени. Вчера размислувавме дали воопшто има поента уште една инсеминација, или одма на ин витро... не знам, се чувствувам многу слаба и не знам уште колку неуспешни тестови и утра со [sm=hudicek1.gif] ќе можам да поднесам и јас, а и сопругот...
Што мислите вие, во кој момент треба да се одлучи за ин витро? Секако не би одела преку фонд, пошто не сакам да губам време... Нека кошта колку сака, ќе си скратам од се ако треба, пошто без [sm=duda.gif] некако ништо друго ми нема смисла... Ве гушкам сите [sm=smiley31.gif]




cacisk -> RE: Инсеминација II (11.7.2013 11:54:21)

Hopeful kolku inseminacii imas praveno do sega? 2 ili 3? Ako imas tri podobro pocekaj uste 2 meseca i napravi ja poslednata da si podneses preku fond, otkolku da brzas i da odis na privatno IVF. Sepak finansiskata razlika e golema. Mene prvoto IVF mi bese na privatno, sega cekam odgovor preku fondot.




kate18 -> RE: Инсеминација II (11.7.2013 11:58:01)

Mnogu mi e zal za neuspesnata insemenacija LoveableMe, eve i nie sega se spremame za 4-ta i posledna cisto radi brojkata,za da odime preku fondot. Utre ke vidime sto se slucilo posle Clomifen+Estrofem+Gonal....lom ke ne napravat so hormonive. Se slozuvam i so Hopeful deka neraspolozenie postojano vladee,nekako nemas zelba za bilo sto, se trudime nekako da ne mislime na toa,taka i ni vikaat, ama kako? Doktorov sega sto e na zamena posto drug me vodi,mojot doktor e na odmor,vika sto ste cekale do sega, odma na invitro...me ispoplasi, pa pravev Antimulerov hormon,pa cekame rezultati,kako na trnje sum...




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (11.7.2013 12:13:36)

cacisk досега имам една инсеминација направено, и некако не знам дали имам сила за уште неколку... ако има поента, нема проблем, ама некако ми е малце како пукање во празно, се надеваш, се надеваш и после оди оправете се и двајцата кога нема да видиш [sm=modricrtici.gif]... затоа мислев да не чекам преку фонд, инаку кој сака да фрла пари... не знам девојки, ироничното е што колку повеќе време поминува во обиди, толку помалку има возбуда и волја за интимност... кога ќе дојдат плодни денови таков еден стрес ни се прави, дека ајде, мораме баш сега, дали сакаме или не, не е битно... и ни лезет нема, па може и за тоа плус па не фаќа... ептен е vicious circle... искрено, едвај чекам да одам во вторник на доктор па да ме орасположи малку... а што викаш kate18, муабетите за опуштање и ај не мисли на тоа ми се толку смачени и непотребни, ко да сме роботи на копче, па ајде нема проблем, еве нема да мислам [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (11.7.2013 12:30:34)

Од наше искуство можам да ви кажам дека инсеминациите колку и да имаат мал процент на успешност се пожелни да се прават.Ако ова ви се многу хормони тогаш прочитајте во Вештачко оплодување и брззо ќе се вратите во однос на тоа на оваа тема.

Овде најмалку се прима терапија, мора психички да влезете спремни во овој круг а не со разочарување зошто процентот бил мал.Ние првата ја сфативме сериозно ,на втората се се ни вознемирував едноставно мора ,а пак третата ја шравев ради реда.
тоа е тоа психичко опуштање без кое не се може.
Не сакам да ме сфатите погрешно но што ако ви се брза и одите на приватно ИФВ и биде неуспешно,зарем нема баш тоа да биде најтешко?
Затоа искористете го секое оружје пред ИФВ.

Ви посакувам [sm=rozacrtici.gif] и само вие можете да си го најдете патот до опуштеност и смиреност [sm=smiley1.gif]




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (11.7.2013 12:56:57)

Знам Melanija, и мене ми е тоа - што ако од одма на ИВФ и не е успешно, нема да можам да се приберам... ќе видиме, ќе збориме со докторот па ќе одлучиме, најверојатно ќе продолжиме со инсеминации, само следниот пат со пореални, односно помали очекувања... [sm=smiley31.gif]




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (11.7.2013 15:02:06)

Здраво девојки потполно се согласувам со сите вас за се што споменавте и за хормоните и за стресот и за сексот по нарачка - дугме шема - и за разочарувањата и за што уште не. Мислам дека најголем проблем е што многу од докторите брзаат поради преголемиот обем на работа и занемаруваат работи кои може да помогнат во забременување со или без инсеминација и пред ин-витро и за успешно ин-витро. На што мислам?

- прикриени вагинални инфекции кои не можат секогаш да се детектираат доколку подетално не се направат анализи
- покачен пролактин, несредена тироидна, иако викаат демек нема врска ако е малку покачено
- слаба циркулација, за која пишувам во посебна тема, може сте ја виделе и за која планирам да постирам повторно овие денови и за што мислам дека многу ја занемаруваат, а е еден од клучните фактори за забременување
- анти-тела кои ги има кај некои од пациентките што прават проблем за забременување
- стресот и постојаното исчекување, кое пак има врска со исхраната соодветна за забременување согласно крвната слика, движењето но секако на тоа влијае целава процедура со лекови, инсеминации, трчкања, очекувања, притисоци од средината исл.

Ин-витрото се многу повеќе труење со хормони од инсеминациите и навистина сите доктори кажуваат дека не е сигурно дека демек што не бива со инсеминации, ќе бидне со ИВФ. НЕ!!! Доколку горенаведените работи со цртички не се исполнети што ги наведов, можно е и ИВФ да не успее, така да пак нерви, исчекувања, пари и сл.

Едно што ме буни е зошто не бараат да мируваме после инсеминацијата како за ин-витро? Може ако мируваме одма после инсеминацијата, ќе успее, но никој како што реков од докторите не оди подлабоко да ги анализира причините, освен Американциве, кои имаат посебни центри за акупукнтура, подорување на циркулацијата и тревки што им ги даваат на пациентките со неплодност и имаат голем успех. А ние овде како на лента за производство на кокошки, спакувај, удри жиг и вози......

Поздрав до сите, продолжуваме со постирање, па се надевам сите ќе ги видиме фамозните за нас [sm=rozacrtici.gif][sm=modricrtici.gif]





MademoiselleNina -> RE: Инсеминација II (11.7.2013 23:49:19)

Јас лично би одела на уште 100 инсеминации (така е зборот), од ивф ми е некако толку многу страв..., хормони, можни компликации, а сепак веројатноста за успех не ја знаеме. Кај секој е индивидуално. Но понегодаш ин витро е единствено решение, ама од кога ќе се исцрпат сите други. Некаде читав, можеби и на некој од рр форумите дека во период кога жената сака да за бремени, секој ден да си легнува во 22 часот. Ова инфо можеби и не е за оваа тема, но интересно е и да го споделам со вас.

Ах колку се долги деновите кога чекаме да поминат за да дојде денот во кој очекуваме да видиме [sm=modricrtici.gif][sm=rozacrtici.gif] бесконечно долги...




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (12.7.2013 9:56:20)

Знам дека ИВФ е каде каде посериозна и покомплицирана постапка, и хормони и се, и радо би да не мора да се дојде до тоа, ни за мене, ни за никого, и секако дека ќе направам следна инсеминација, освен ако во меѓувреме не излезе [sm=rozacrtici.gif] природно, дај боже [sm=smiley1.gif] Мојата фрустрација беше од причина што се некако се форсира инсеминација како лесна и едноставна постапка, а сепак има премали шанси за успех, наспроти очекувањата што им се билдаат на паровите. Ми пречи што некако се гледа само како преоден чекор кон ИВФ, со очекување дека нема да успее... ми личи како да се фаќаме за сламка, се залажуваме дека ете, може баш кај мене или кај тебе или кај кој и да е ќе биде успешна, иако реално стварно малку има успешни случаи. Затоа прашав во кој момент се одлучува парот да престане со инсеминации и да оди на ИВФ. Прашањето е и емотивно, и практично - инсеминацијата не е бесплатна, па ај ќе ја правиме до недоглед... не знам, може сето ова ми е од што се плашам од најстрашното, иако се надевам на најдоброто... Извинете девојки ако мислите дека ве обесхрабрувам, немам таква намера, искрено се надевам на [sm=modricrtici.gif] кај сите нас [sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  8 9 [10] 11 12   Следна страница >   >>