Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (30.8.2013 15:41:21)
|
Хмм... откако направив целосна хормонска анализа па до првиот циклус со Кломифен и првата инсеминација поминаа некои 8-9 месеци. Нова анализа директно пред инсеминацијата не правев. На ехо ми се чини дека бев само два пати, првпат откако почнав со Кломифен или ден пред да почнам, а вториот пат непосредно пред инсеминацијата, и се беше ок, според проценките и пресметките. Откако излезе дека инсеминацијата е неуспешна, направив тест само на пролактин, кој беше покачен, но бидејќи почнаа одмори, прво докторот, после и јас, не успеав да разговарам за пролактинот и за евентуална терапија. Еве, баш денес добив, и во консултација со докторот, треба да го повторам тестот на 3-4 ден од циклус. Здравје, во понеделник или вторник ќе знам што и како, дали треба терапија и кога ќе може да направам следна инсеминација. Во секој случај, се чувствувам прилично ок и полна со надеж [sm=smiley1.gif] Ве гушкам [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|