|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  20 21 [22] 23 24   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Инсеминација II
22.11.2013 14:41:41   
Melanija RR
sasaiciko има едно непишано правило посебно кога се оди налекар.Прашај си зошто може нема да те прашат или кажат.
Штом си правела на ГАК земи ја отпусната листа на неа ќе ти пишува совет за терапија,ама додека ја земеш поминале 4-5 дена.Најчесто тоа е утрогестан но најдобро види на отпусната.
Со лесно,кога треба да правиш тест?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот sasaiciko)
Непосредна врска до пораките: 526
   RE: Инсеминација II
22.11.2013 14:53:23   
sasaiciko
mi kazaa za 14 dena da odam po otpusnata lista a i togas treba da pravam test za da vidime dali se fatilo ili ne

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 527
   RE: Инсеминација II
22.11.2013 15:40:04   
Hopeful RR
Јави се и прашај или подобро оди таму. Веќе кога си правела, барем да не биде реда ради... Јас колку што знам,со бројка под 4 милиони не се препорачува да се прави, но може биле повеќе, стварно не знам... Ти посакувам среќа user posted image

(Одговор на членот sasaiciko)
Непосредна врска до пораките: 528
   RE: Инсеминација II
25.11.2013 10:36:47   
Kvisko
Јас исто правев инсеминација на ГАК. Во отпусната листа пишуваше утрогестан и витамини Pregnacare. Мене ми беше прва инсеминација и без стимулација и ништо не бидна. Сега втората ќе ја правам со стимулација и плус други лекови (метформин).
Мислам дека на ГАК првата секогаш е така без ништо па потоа ако треба одредуваат терапија.
Опуштено и со среќа.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 529
   RE: Инсеминација II
25.11.2013 11:52:21   
sasaiciko
A koj ti ja pravese prvata inseminacija?

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 530
   RE: Инсеминација II
25.11.2013 15:04:43   
Kvisko
Првата беше кај Тофоски следње фоликули и останато. Ама на самиот ден инсеминацијата ми ја направи Трајковски. Сега одам кај Трајанова па ќе видиме што ќе се случи. Во моментов чекам да добијам за да ја почнам постапката.
Што се однесува до бројот на сперматозоиди има препорачани бројки, ам не значи дека и со помал број нема успеси. Се е индивидуално. Сега само ти останува овие две недели да ги поминеш во слатко исчекување.

(Одговор на членот sasaiciko)
Непосредна врска до пораките: 531
   RE: Инсеминација II
25.11.2013 16:52:15   
kapina
Za prvata inseminaciija primav klomifen I posle utrogestan a za drugite dve nisto

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 532
   RE: Инсеминација II
27.11.2013 0:10:55   
tnade
zdravo devojki, sestra mi imase dve neuspesni bremenosti (prirodni), vo 4 i vo 8 nedela, e sega po preporaka na maticniot napravi hormonalen status, ovulacija nula, progesteron nula user posted image haoticno, veke tret mesec prima klomifen, bromergon i uste dve vrsti terapija po sema i nisto, e sega doktorot i preporacal ako do nova godina ne se sluci nisto da se obidat so inseminacija...imate li vakvo iskustvo i kolku e uspesno? inaku e kaj dr.trajkovski vo vlae

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 533
   RE: Инсеминација II
27.11.2013 12:22:25   
Kvisko
А да си испита прво причина за спонтаните абортуси.
Веројатно веќе од она што го напиша почнала со некои испитувања (затоа и бромергон и кломифен и дале)
Дали има направено микробиолошки испитувања, хистероскопија, испитување на афа и д-димери. На пример мене после спонтаниот ми открија септум на матка кој ми го отстранија при хистероскопијата, потоа имав умерена хиперкоагулација и за тоа пијам аспирин 100.

Дали хормините ги испитала само еднаш или неколку пати. Само од еднаш не може да се заклучи дали навистина овулира или не бидејќи кај секоја жена има ановулаторни циклуси.

Кломифенот воопшто не е наивен. Јас со такво пиење кломифен три месеци по ред само си го зенав хормонскиот статус уште повеќе. Матичната истп таа ме терашње да пијам три месеци по ред кломифен без некое претходно следење и следење додека го пиев. Сега на Клиника ми рекоа кломифен треба да се дава многу контролирано ако нешто не е во ред со овулацијата и секако ако веќе се пие кломифен подобро е да се оди на инсеминација зашто шансите се поголеми.
Самата инсеминација не е ништо страшно, може само да помогне.
Со среќа нека и е.

(Одговор на членот tnade)
Непосредна врска до пораките: 534
   RE: Инсеминација II
29.11.2013 8:44:54   
sibela
zdravo devojki jas nemozev 5 god.da zabremenam zaso folikulite ne mi rastea prirodno Samo so klomifen dexametazon i estrofem i edvaj edno mu bese golemo primuv pregnil i nisto.pravev hsg hormoni site ispituvanja se ok.pravev histerolaparoskopija i mi rece dr. posle toa prirodno ke zabremenam.fol.mi rastat Sega ama eve 3 mesec posle intervencijata I nisto se mislev za inseminacija ama I toa 15% se sansite za zabremenuvanje ifv neznam .nemam siili za borba veke.sto mislite vie so sto da probam?user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 535
   RE: Инсеминација II
29.11.2013 11:41:43   
Kvisko
Sibela ништо не е изгубено, не очајувај.
Има многу различни начини на стимулирање не е кломифенот единствен. Ако не си реагирала на кломифен не значи дека се е изгубено. Пробај прво со инсеминација неколку пати па ако не оди ќе си одиш на ИВФ не е ништо страшно.
Мене на пример ми прави проблем инсулинската резиц=стенција па сега за тоа пијам метформин и се надевам дека наредниот циклус ќе одам на инсеминација. Ако не бива ќе смислуваме друго решение.
Долг и трновит е нашиот пат, ама мора да го изодиме и да се избориме. Имам моменти и јас кога губам сила и кога едноставно паѓам во очај и мислам дека мене едноставно не ми било пишано да се радувам во животот, особено кога дознавам дека некој од прва успеал да дојде до бебе. Ама тоа е тоа. Едноставно ако јас сама не се изборам за бебе нема ни да го имам. Мора да се продолжи напред.

(Одговор на членот sibela)
Непосредна врска до пораките: 536
   RE: Инсеминација II
29.11.2013 14:10:32   
Milicka 30

ИЗВОРНА ПОРАКА: sibela

zdravo devojki jas nemozev 5 god.da zabremenam zaso folikulite ne mi rastea prirodno Samo so klomifen dexametazon i estrofem i edvaj edno mu bese golemo primuv pregnil i nisto.pravev hsg hormoni site ispituvanja se ok.pravev histerolaparoskopija i mi rece dr. posle toa prirodno ke zabremenam.fol.mi rastat Sega ama eve 3 mesec posle intervencijata I nisto se mislev za inseminacija ama I toa 15% se sansite za zabremenuvanje ifv neznam .nemam siili za borba veke.sto mislite vie so sto da probam?user posted image


Сибела штом веќе си имаш природна овулација,ако немате проблем со сопругот може и природно да останеш бремена , ќе се фрлите на работа и ќе направите user posted image . Јас имам 2 неуспешни инсеминации кај мене се е во ред но мм има тератозооспермиа. Така да поработете уште некој месец ако нема резултати тогаш пробете со инсеминација. user posted image

(Одговор на членот sibela)
Непосредна врска до пораките: 537
   RE: Инсеминација II
29.11.2013 15:00:11   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sibela

zdravo devojki jas nemozev 5 god.da zabremenam zaso folikulite ne mi rastea prirodno Samo so klomifen dexametazon i estrofem i edvaj edno mu bese golemo primuv pregnil i nisto.pravev hsg hormoni site ispituvanja se ok.pravev histerolaparoskopija i mi rece dr. posle toa prirodno ke zabremenam.fol.mi rastat Sega ama eve 3 mesec posle intervencijata I nisto se mislev za inseminacija ama I toa 15% se sansite za zabremenuvanje ifv neznam .nemam siili za borba veke.sto mislite vie so sto da probam?user posted image


Sibela, јас би ти препорачала да ја прочиташ сторијата на Петра27 во делот Имав успешна инсеминација, бидејќи мислам има сличен проблем и дека кај неа беше терапија со кломифен и Фостимон (нешто измеѓу инсеминација и ИВФ) и беше успешна, сега е бремена со тројки. Можеш и да побараш консултација кај нејзиниот доктор Лазаревски во СИСТИНА, па да си го скратиш патот и да не одиш на ИВФ. Позз

(Одговор на членот sibela)
Непосредна врска до пораките: 538
   RE: Инсеминација II
29.11.2013 15:58:37   
Melanija RR
sibela после лапарохистеро во рок од 6 месеци е најверојатно да се збаремени.Ако пиеш кломифен тпгаш прави инсеминација,не за џабе да пиеш кломифен сепак со инсеминацијата колку толку се зголемува веројатноста.Ако не реагираш барај плус терапија.Јас примав и Гонал.

Јас после 8 месеци од лапарохистеро и три неуспешни инсеминации со ендвај 1-2 фоликули со кломифен,мм со тератозооспермија, забременив природно 2 месеци по 3тата инсеминација user posted image

Ова е поттик за вас user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 539
   RE: Инсеминација II
29.11.2013 17:19:38   
MademoiselleNina
Да се пријавам и тука за неуспешна инсеминација ... четврта.

И покрај тоа што верував дека оваа ќе успее, ете не бидна ...

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 540
   RE: Инсеминација II
29.11.2013 21:18:35   
LoveableMe RR
Леле Нинче, аман ....баш сакав да го скратиш патот и да не одиш на ИВФ...ама сепак ќе ни се придружиш на другиот форум...кажи си така требало да биде...те гушкамеuser posted image

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 541
   RE: Инсеминација II
30.11.2013 13:56:08   
Hopeful RR
Нина, многу ми е жал... user posted image Така требало да биде, тоа е...

Но, нема откажување, продолжуваме понатаму, со заеднички сили и искрена поддршка... Те гушкам user posted image

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 542
   RE: Инсеминација II
5.12.2013 15:48:55   
sasaiciko
Za nazalost mojata prva inseminacija pomina neuspesno.Sega mi preostanuva da cekam vo januari za vtorata user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 543
   RE: Инсеминација II
5.12.2013 15:52:57   
LoveableMe RR
Sasicko, не очајувај, ретко кога првата инсеминација е успешна, но биди упорна за следната, да ти е насмевне среќата. Поззuser posted image user posted image

(Одговор на членот sasaiciko)
Непосредна врска до пораките: 544
   RE: Инсеминација II
5.12.2013 21:34:01   
Melanija RR
sasaiciko чекајте ја втората инсеминација но до тогаш вие трудете се таман празници,уживање, винце.....user posted image user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 545
   RE: Инсеминација II
12.12.2013 16:21:30   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: tatiana

zdr jas sum tatiana procitav za insemenacija ako moze da mi objasnis sto e prvo i kako se pravi plissss cekam ako moze



_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 546
   RE: Инсеминација II
12.12.2013 16:47:09   
tatiana
zdr ke moze da mi objasnis sto e insemenacija i kako se pravi i dali e povrzano so jajce kletkiplissssss cekam

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 547
   RE: Инсеминација II
12.12.2013 18:56:38   
Melanija RR
tatiana на првата страна од темава ТУКА можеш да прочиташ што значи инсеминација.

Како мислиш дали е поврзано со јајце клетките?Без јајце клетка нема оплодување, веројатно на нешто друго си мислела.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот tatiana)
Непосредна врска до пораките: 548
   RE: Инсеминација II
14.12.2013 0:22:42   
tatiana
ok jas drugo nesto mislev procitav fala mnogu da te prasam nesto drugo jas bev da gi ispitam hormonite ponedelnik ke gi vidam rezultatite neznam se sekiram mnogu dali estrasno ili se leci toa isto taka doktorot mi rekol ako hormonite se dobri ke gi ispita jajce kletkite mi rekol deka toa se pravi na prviot den na menzes dali znaes kako ispituva toa za jajce kletkite neznam veke sto da pravam godina ipol ne mozam da ostanam fala mnogu i temolam da mi odgovori

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 549
   RE: Инсеминација II
14.12.2013 0:35:23   
Melanija RR
tatiana за почеток ќе ти ја посочам темата Важни информации за испитувања при забременување каде што се наведени некои испитувања и има линк до тие теми.
Во врска со хормоните тема има ТУКА=КЛИК и не се плаши хормините доколку е потребно се регулираат со терапија.

Како се испитуват јајце клетки незнам, потребно е да имаш овулација за да имаш фоликули а од нив јајце клетки за да забремениш.Тема за овулација ТУКА=КЛИК

Пиши во соодветните теми што те интересира повеќе

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот tatiana)
Непосредна врска до пораките: 550
Страница:   <<   < Претходна страница  20 21 [22] 23 24   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  20 21 [22] 23 24   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?