RE: Инсеминација II (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


natnat -> RE: Инсеминација II (9.1.2014 13:25:28)

Neuspesna i vtora inseminacija :-D ODIME PONATAMU :) POVEKE SREKJA [sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (9.1.2014 14:16:14)

natnat, само позитивно и ќе биде, тука сме те поддржуваме. [sm=bravo.gif] sasichko, инсеминација може да биде без стимулација ако имаш фоликули, само сепак ќе те натераат да примиш инекција прегнил, а друго ако не сакаш или немаш потреба, не мораш. позз




Kvisko -> RE: Инсеминација II (10.1.2014 12:11:48)

И од мене ништо. Денес правев тест и е негативен. Сега чекам да добијам па ќе видиме што понатаму. Не знам од каде ќе најдам сили ама мора од некаде да ги најдам. На оваа инсеминација дури и едвај ми го отворија цервиксот. Сега испаѓа дека и тоа ми е уште еден пробелм плус. Не нам веќе до каде се ова води. Се си мислам не било пишано.




Zoya -> RE: Инсеминација II (10.1.2014 12:29:04)

Kvisko жал ми е што овој пат беше неуспешно. Дај си време за себе, исплачи се ако ти се плаче и потоа главата горе, позитивна мисла, со нови сили и ќе биде, ќе си ги видиш посакуваните [sm=rozacrtici.gif]




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (13.1.2014 9:54:33)

Квиско, одиш понатаму и само храбро, ќе стасаш до твојата цел[sm=bravo.gif]




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (13.1.2014 12:22:05)

Девојки, помина и чевртата IUI. Имаше еден пукнат фоликул и уште еден спремен за пукање, па пративме 10 милиони војници во напад, и останува да чекаме [sm=smiley36.gif]
Од терапија, имам само Кринон, Аспирин и Фемибион, и ми дадоа и доза антибиотици за три дена, имало гранули, па за секој случај. Немам којзнае колкави надежи и очекувања, искрено едвај чекам IVF, па ќе видиме [sm=smiley1.gif]
Ве гушкам! [sm=smiley31.gif]




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (13.1.2014 13:30:34)

Hopeful, со среќа, ајде не знаеш кога ќе се насмевне среќата. [sm=duda.gif]




Kvisko -> RE: Инсеминација II (13.1.2014 13:36:16)

Hopeful со среќа. Ајде можеби ќе потегнеш нога за успешна инсеминација.
Јас денес договорив терапија за уште еден обид месецов па ќе видиме што ќе биде.
Стартувам од 5 ден со 50 мл кломифен. На 10 ден ехо и дилатација на цервикс.




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (13.1.2014 13:48:49)

Hopeful [sm=bravo.gif] може баш оваа ,,војна,, ќе ја добиете [sm=bravo.gif]




sasaiciko -> RE: Инсеминација II (13.1.2014 14:54:07)

Hopeful ti ja prakam set_a sreka




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (13.1.2014 15:54:53)

Фала девојки, ептен ми значат вашите убави зборови [sm=smiley1.gif]

Kvisko, ако добро те разбрав - правите нова инсеминација без пауза од еден месец? Во секој случај, со среќа! [sm=smiley31.gif]




Milicka 30 -> RE: Инсеминација II (13.1.2014 17:52:04)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Девојки, помина и чевртата IUI. Имаше еден пукнат фоликул и уште еден спремен за пукање, па пративме 10 милиони војници во напад, и останува да чекаме [sm=smiley36.gif]
Од терапија, имам само Кринон, Аспирин и Фемибион, и ми дадоа и доза антибиотици за три дена, имало гранули, па за секој случај. Немам којзнае колкави надежи и очекувања, искрено едвај чекам IVF, па ќе видиме [sm=smiley1.gif]
Ве гушкам! [sm=smiley31.gif]


Hopeful duso ti ja prakam celaa srekaa :* daj boze ovoj pat da bide uspesna.
Jas trebase ovoj mesec da pavam 3ta inseminacija ama nekako ne bev psihicki spremna pa fevruari ke probam.
Sega uzivaj i odmaraj se , ne se opteretuvaj psihicki i bidi pozitivna .
Cekame ubavi vesti :*




Kvisko -> RE: Инсеминација II (13.1.2014 17:53:02)

Hopeful да нема пауза од месец дена. Претходната беше без стимулација затоа може сега пак овој месец да пробаме.




Zoya -> RE: Инсеминација II (13.1.2014 18:11:14)

Hopeful ти посакувам овој пат да успеете. Kvisko со среќа и на тебе и на двете ви посакувам конечно да си ги видите посакуваните [sm=rozacrtici.gif]

После хистероскопијата, по препорака на докторот уште овие пар месеци даваме шанса на евентуално природно зачнување, ако нема ништо тогаш одиме на трета инсеминација. Па ќе видиме што ќе биде




Kvisko -> RE: Инсеминација II (13.1.2014 20:41:34)

Zoya среќно и на тебе. Се надевам ќе имате успех.




petra27 -> RE: Инсеминација II (13.1.2014 20:47:23)

Ajde Gospod ke vi podari bebcinja samo veruvajte....so sreka na site




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (14.1.2014 20:14:55)

ИЗВОРНА ПОРАКА: taci83

zaboraviv da napisam se spremam za isemenacija dali nekoj pravel na GAK i kaj koja dr.znaci imam 6 godisna kerka so koja zabremeniv od prva bez problem poslem 2 god. od poragajot pravev konizacija i veke 3god.se obiduvame i nikako da zabremenam i zatoa se resiv na isemenacija dali nekoj pravel insemenacija za 2 dete a prvato da e po pririden pat i od koja insemenacija zatrudnel kako vo mojot slucaj FALAAAAA





kapina -> RE: Инсеминација II (14.1.2014 23:47:59)

jas bi ti go preporacala dr tofovski ili dr trajkovski na gak za inseminaciii i ima uspesni inseminacii no pomal e procentot na uspesnost otkolku so ivf




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (15.1.2014 10:51:14)

Исто и јас го препорачувам Трајковски или Тофовски на ГАК. Позз




Kvisko -> RE: Инсеминација II (15.1.2014 11:17:24)

Јас прво одев кај Тофоски и супер е човекот само е презафатен. Сега сум кај Трајанова и задоволна сум. Мисламд ека на ГАК сите се ОК на тој оддел.




taci83 -> RE: Инсеминација II (15.1.2014 16:19:12)

jas pocnav da odam kaj daniela ivanova panovo ima li nekoj iskustvo kaj ovaa dr ili nekoi poplaki i nezadovolni FALA




sasaiciko -> RE: Инсеминација II (15.1.2014 17:27:04)

Jas denes bev kaj Ivanova mngu prijatna doktorka,kaj nea bev da mi proveri dali imam folikulcinja pa so gospod napred da ja zakazeme vtorata insemnacija.Inaku i ona ima uspesni inseminaciii no najmnogu za toa go falat Trajkovski




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (15.1.2014 18:48:38)

Да тие се најпознатите на ГАК ,доктор Трајковски,Тофоски и Иванова.НО они че ви прават инсеминација ако ви е врска или за чудо во тој момент да е слободен и во таа соба кај што се прват.
Во спротивно инсеминацијата ја прави било кој што ќе се најде од докторите.
И од сабајле да ве гледале на ехо во амбуланта нема да бидат они.

Првиот пат се надевав ќе биде д.Трајковски ,па следните два пати си знаев.Инаку тоа е вбризгвање на материјал и небара посебна стручност.

Важно е да имате убава мисла [sm=smiley1.gif]




taci83 -> RE: Инсеминација II (16.1.2014 17:48:16)

denes bev na merat folikuli imav folikul od 14mm i regoa vikendot samo rabota a vo ponedelnik inseminacija me interisira kolka treba da bide folikulod za da pukne i dali ima sansi vo ponedelnik da bide nepuknat za da napravam inseminacija ve molam ase iskustvo za pomos i sovet FALAAAA




Kvisko -> RE: Инсеминација II (16.1.2014 19:40:00)

Сите лекари од одделот за неплодност на ГАК прават инсеминација. КОј физички ќе го внесе катетерот и ќе ја вбризга спермата е тотално небитно. Мене првито пат ме водеше Тофоски а самата физиќка инсеминација ми ја направи Трајкоски. Вториот пат ме водеше и ја изврши инсеминацијата др Трајанова. Се зависи кој е слободен во моментот. Тоа не е ни толку важно поважно при инсеминација е да се следат добро фоликулите и добро да се темпира инсеминацијата да се погоди со овулацијата (односно да се прими Прегнил во точниот момент) и нормално зависи од квалитетот на спермата и јајце клетките.
Taci83 да има шанси да не е пукнат во Понеделник. Обично фоликулите растат по 1 до 2 милиметри дневно, а пукаат од 20 до 25 милиметри. Само позитивно напред.




Страница: <<   < Претходна страница  22 23 [24] 25 26   Следна страница >   >>