RE: Инсеминација II (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


pepapa -> RE: Инсеминација II (4.2.2014 18:14:28)

Zdravo na site, imam edno prasanje: dali nekoja od vas slusnala za nekoja doktorka Emilija ima ordinacija kaj zooloska mislam deka ultra medika se vika ordinacijata, rabote konkretno sterelitet i pravela inseminacii i invitra?




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (4.2.2014 20:33:33)

pepapa се обидов да го најдам мојот пост од лани во врска со ултрамедика.Една рингерајка ги виде [sm=rozacrtici.gif] но по неколку дена спонтан.Другите искуства беа со доста големи критики.
Во пребарувачот напиши Ултрамедика па може нешто да видиш




file -> RE: Инсеминација II (4.2.2014 20:47:39)

Pepapa jas ne bi ti ja preporacala dok Emilija bevme kaj nea i voopsto ne mi ostavi dobar vpecatok podobro ne odete kaj nea




pepapa -> RE: Инсеминација II (4.2.2014 23:05:03)

Fala vi mnogu za odgovorite, zatoa i sakav prvo da se konsultiram so vas, inaku zakazav kaj tofoski pa so gospod napred




Milicka 30 -> RE: Инсеминација II (5.2.2014 11:52:33)

Здраво девојки!!!
Не вчера правев 3 инсеминација сега во друга болница, па ке видиме како ке е, она што докторот ми кажа е дека ако и оваа не ми биде успешна , ми кажа дека ке треба да испитувам естрадиол за да се види квалитетот на јајце клетките, има ли некој испитувано досега? Работата е што јас добро реагирам на кломифен и имам големи фоликули, спермограмот на сопругот е поправен а сепак нема резултати.




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (5.2.2014 12:14:31)

Milicka 30 чекаме убави вести за две недели [sm=bravo.gif]
За естрадиол можеш да види повеќе во Хормонална рамнотежа-услов за бременост




Milicka 30 -> RE: Инсеминација II (5.2.2014 12:16:34)

Фала тии [sm=smajl.gif]




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (5.2.2014 12:21:33)

Сподели каде правеше,терапија и сл,секое искуство може некому да помогне[sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (5.2.2014 14:04:09)

Milicka30, со среќа, очекуваме убава вест за 2 недели. Позз[sm=bravo.gif]




Kvisko -> RE: Инсеминација II (5.2.2014 14:05:58)

Milicka30 јас за оваа инсеминација правев испитување на естрадиол. Се вади пред да реши докторот дали да ти стави стоп инекција, односно на последното ехо пред инсеминацијата (за мерење на фоликули). Естрадиолот покажува дали јајце клетката е квалитетна (односно дава индикација). Не е ништо страшно.
Дај боже да не треба да правиш и месецов да си видиш [sm=rozacrtici.gif][sm=modricrtici.gif]




Milicka 30 -> RE: Инсеминација II (5.2.2014 16:04:40)

Фала ти многу Квиско за информацијата, докторот и не ми објасни убаво затоа што не сакаше за тоа да разговараме за време на инсеминацијата. Сега штом резултатот од спермограмот се поправи , благодарение на советите од ЛовеаблеМе и со зимање цинк и селен останува и кај мене да се направат некои дополнителни испитувања.




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (6.2.2014 9:43:36)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30

Фала ти многу Квиско за информацијата, докторот и не ми објасни убаво затоа што не сакаше за тоа да разговараме за време на инсеминацијата. Сега штом резултатот од спермограмот се поправи , благодарение на советите од ЛовеаблеМе и со зимање цинк и селен останува и кај мене да се направат некои дополнителни испитувања.


Баш ми е мило, је је је је[sm=zz_dance.gif]. Прашувај ако треба друго, тука сме. Позз, со среќа[sm=nosecka.gif]




Milicka 30 -> RE: Инсеминација II (6.2.2014 18:37:11)

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR
Баш ми е мило, је је је је[sm=zz_dance.gif]. Прашувај ако треба друго, тука сме. Позз, со среќа[sm=nosecka.gif]


Незнаеш колку сум ти благодарна за твоите несебични совети [sm=smiley1.gif]
Многу се изненадив што имаше подобрување на спермограмот, за 2 месеци. Е сега останува да направам испитување за дали јајце клетките се квалитетни ,односно да испитам естрадиол така ми рекоа, овојпат бев во плодност и да бидам искрена многу пријатно ме изненадија докторите и сестрите, многу внимание посветуваат.




Milicka 30 -> RE: Инсеминација II (6.2.2014 18:46:13)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Сподели каде правеше,терапија и сл,секое искуство може некому да помогне[sm=smiley1.gif]


Оваа инсеминација иначе ми е трета ја правев во Плодност Битола, претходните две во Систина . Пиев кломифен од 3 до 7ми ден ,два пати по едно апче, јадам мед со матичен млеч и пијам фолна киселина. Јас супер реагирам на кломифенот стално имам по неколку фоликули 32х25 што докторот ми вика дека е екстра, досега имам испитувано хормони,ама ме зачуди што во систина никој не ми кажа да испитувам естрадиол, а овде докторот ми кажа ако и оваа е неуспешна ке правиме многу испитувања, зошто веке и спермограмот на сопругот се подобри. Сега примам терапија од утрогестан 100, 3 пати на ден. Она што докторот ми посочи е дека утрогестанот е најбитен , додека аспиринот и фолната се по мој избор.




butterfly1 -> RE: Инсеминација II (6.2.2014 18:52:14)

Milicka30
do sega ne si go ispituvala nikogas zarem estradiolot? Me zacudi ova. Kaj kogo vo Sistina pravese pred toa mislim kaj koj doktor [sm=smiley1.gif]




Milicka 30 -> RE: Инсеминација II (6.2.2014 21:24:30)


ИЗВОРНА ПОРАКА: butterfly1

Milicka30
do sega ne si go ispituvala nikogas zarem estradiolot? Me zacudi ova. Kaj kogo vo Sistina pravese pred toa mislim kaj koj doktor [sm=smiley1.gif]


Ги имам испитувано сите хормони пред година ипол, на 3ти,14 ти и 21 ден , ми ги погледнаа резултатите и матичниот и др.палчевски во систина. Инсеминации правев кај Кузевска првата а втората кај Попович, е сега кога ги гледам резултатите иако се стари од 14 ден, баш кога имам овулација гледам дека естрадиолот ми е на граница. Сега планирам да ги направам сите испитувања.
А што терапија се прима кога естрадиолот е низок?




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (6.2.2014 22:15:44)

Миличка, обичо даваат естрофем, консултирај се со докторот. Позз




Anonimen -> RE: Инсеминација II (6.2.2014 23:55:21)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30

Фала ти многу Квиско за информацијата, докторот и не ми објасни убаво затоа што не сакаше за тоа да разговараме за време на инсеминацијата. Сега штом резултатот од спермограмот се поправи , благодарение на советите од ЛовеаблеМе и со зимање цинк и селен останува и кај мене да се направат некои дополнителни испитувања.


Дали можеш да ги споделиш советите за подобрување на спермограм?
Каде се напишани во форумот?
Фала[sm=smiley36.gif]




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (7.2.2014 11:49:22)

Anonimen, повели:

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Проверете убаво бактерии дали има, нека појача исхрана, јаткасто овошје, протеини, Витамин Ц,Е, селен, цинк, фолна киселина и потоа пак проверете спермограм. А за инсеминации може да пробате, со таа дијагноза може да правите.... за природно секогаш има шанси, никогаш не се знае.....





Milicka 30 -> RE: Инсеминација II (7.2.2014 21:24:00)

Цинкот и селенот најмногу помагаат, но и исхраната е битна, а најбитно физичката активност,макар и само пешачење.




butterfly1 -> RE: Инсеминација II (8.2.2014 19:51:08)

Ve chitam zenski tuka deka ste imale sex posle inseminacija zashto toa? Mene koga pravev jas doktorot nishto ne mi kaza samo da si miruvam da nemam stresovi [sm=zmeden.gif] do dusa ne mi e ni do sex posle toa ama sepak cudno mi padna zashto vi rekle da imete [sm=smiley36.gif]




Kvisko -> RE: Инсеминација II (8.2.2014 22:40:54)

Мене ми рекоа дека чисто да се потврди тоа што е направено. Искрено јас мислам дека е затоа што никој не знае со инсеминација кога точно ќе пукне фоликулот па за секој случај. Плус и за уживање. Јас не зе жалам. [sm=bravo.gif]
Колку што знам така е во странство.
Е сега односи се имаат само тој и наредниот ден. Потоа утрогестан и чекање.




Milicka 30 -> RE: Инсеминација II (8.2.2014 22:41:54)

tuka deka ste imale sex posle inseminacija zashto toa? Mene koga pravev jas doktorot nishto ne mi kaza samo da si miruvam da nemam stresovi do dusa ne mi e ni do sex posle toa ama sepak cudno mi padna zashto vi rekle da imete


Докторите препорачуваат односи после инсеминација доколку фоликулите не ти се прснати или еден ти прснал а другите не ти се, а ако се прснати тогаш немаш потреба од односи. Иначе на никој после инсеминацијата не му е дојдено до тоа, мене јајниците тогаш ме болат и само ми се одмара [sm=smiley36.gif]




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (11.2.2014 12:39:16)

Девојки, еве ме и мене, точно еден месец после 4та инсеминација, која излезе неуспешна... Овојпат многу ми доцнеше, ама ептен многу (42 ден) и имав огромни болки првите два дена, па сега се потсмирија. Не дека којзнае што очекував, ама кога видов дека доцни и доцни, се понадевавме, но напразно. Тест не направивме, преголем стрес ни е. Денес сме на лекар па да видиме што понатаму...
Се читаме на форумот за IVF, со поголеми шанси за успех [sm=smiley1.gif]




Kvisko -> RE: Инсеминација II (11.2.2014 12:59:18)

Hopeful баш ми е жал душичке. Ајде сега собери сили и до нови победи.
Јас денес сум на 14 ден после инсеминацијата. На отпусната листа ми пишува контрола на beta HCG на 15 ден, ама се мислам дали да правам. Сега за сега никакви симптоми за ништо немам онака очигледни. Ставам утрогестан и од тоа претходниот пат ми задоцни неколку дена па се понадевав за џабе. Се мислам сега дали да правам тест во Четврток (не утре малку нека биде покасно) за барем да знам на што сум. Вака не убива непознатото.




Страница: <<   < Претходна страница  24 25 [26] 27 28   Следна страница >   >>