RE: Инсеминација II (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


lolla RR -> RE: Инсеминација II (26.6.2014 10:13:26)

Kvisko, твојот е специфичен случај. Јас мислев повеќе за оние девојки кои си имаат нормална овулација кај кои нема такви проблеми како кај тебе или кај кои матичните имаат искуство со следење фоликули, прегнили и кломифени. Дури и еден доктор од ГАК го прашав дали треба пак кај него на ехо, и тој ми рече дека и матичните се гинеколози субспецијалисти на кои им веруваат. Секој со својата приказна, само дадов предлог кој некој може но не мора да се прифати а и е опција. Може сум и грешка.




Milicka 30 -> RE: Инсеминација II (26.6.2014 10:39:00)

Потполно се сложувам со Квиско, без разлика дали имаш или немаш нормална овулација, треба да се посетува докторот кој ке ја изврши инсеминацијата односно доктор кој што е специјализиран за неплодност. Јас ете си имам нормална овулација па мислам дека утнав со 3 те инсеминации што одев кај матичниот, а мојот матичен е еден од најдобрите гинеколози во мк, затоа девојки слушајте од некој кој поминал низ ова,најдобро е кој доктор ке ви ја прави инсеминацијата, тој да ви препише терапија и тој да ве следи. Поздрав!




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (26.6.2014 13:15:37)

И јас се согласувам со ова, подобро е се кај еден доктор, точно ќе знае и за следење, и за терапија, и за самата постапка. Не дека не и верувам на матичната, ама за инсеминација не би ризикувала, суптилна работа се и мерења, и дозирања, и темпирање време за инекции... Подобро кај еден што ќе направи се.




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (26.6.2014 13:39:43)


ИЗВОРНА ПОРАКА: kokicekokice

Na koj den posle dobivanje moze da se odi na prviot pregled za inseminacija?Kako sto citam toj den se odreduva dali ke se odi so nekoja terapija.Mene me interesira dali toj pregled e voobicaeno da e na 5-ot den ili moze i na 3-ot???


kokicekokice, можеш да прочиташ што пишаа рингерајките како искуства. Чисто како информација прочитај за растот на фоликулите во Фоликулометрија. Среќно![sm=bravo.gif]




kokicekokice -> RE: Инсеминација II (26.6.2014 13:49:48)

Фала ви девојки на одговорите.Инаку јас прашував бидејќи вчера попладне добив 3 дена порано и се ми се измеша со договореното, бидејќи 5ти ден сега ми е во понеделник кога докторот не е на работа.Како и да е ми закажаа за утре прв преглед(кога ќе ми биде скоро трети ден од циклус) па ќе видиме дали ќе биде многу рано за преглед или не. Поздрав и Wiss me luck. [sm=zz_wink.png]





Kvisko -> RE: Инсеминација II (26.6.2014 15:18:07)

kokicekokice за преглед за следење на фоликули дефинитивно ќе ти биде многу рано. Може само да се договориш со докторот дали овојпат ќе одите на природен или на стимулиран циклус и евентуално ако гледа може да види број на антрални фоликули ништо друго или да ти направи испитување на хормони.




kokicekokice -> RE: Инсеминација II (27.6.2014 13:19:21)

Денес бев на прв преглед( (на трет ден од циклус) само за да види докторот дали е во ред со јајниците, да не имало некоја циста, рече супер се,ХСГ-то е супер и може да почнеме.Од недела (кога ќе ми биде 5ти ден од циклус) да почнам да се боцкам со Фостимон инекции, 4 дена , а потоа да дојдам пак на преглед. Читам низ форумов и не гледам некој да почнал одма со инекции, туку сите пијат Коломифен апчиња. Многу ми е чудно зошто е тоа така. Дали имал некој слично искуство како моето?




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (27.6.2014 13:27:51)

kokice kokice, супер, не си единствена има и други рингерајки што се боцкале со фостимон, тие обично ги дават за ин-витро, но можеби докторот сака инсеминацијата да биде успешна па ти дал поквалитетна терапија, зошто за раст и квалитет на фоликулите е посигурно со фостимон. Ајде, да не израдуваш со убави вести[sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (27.6.2014 13:28:17)

kokicekokice зависи од твојата историја, односно дали и колку имаш овулација.Најчесто се почнува со кломифен, па кломифен и плус инекции......Ако имаш следено овулација 3 месеци тогаш најдобро се решава со која терапија ќе се почне.Дали тоа го направи?




kokicekokice -> RE: Инсеминација II (27.6.2014 13:34:03)

Немам следено овулација, ама во принцип сум со редовни менструални циклуси, нормални јајници и матка.Како и да е , што биде нека биде, сега сум во раце на докторот па тој зне најдобро.Можеби моја грешка што не го прашав веднаш,ама верувам тој си знае. Можеби е најдобро многу да не размислувам, да оставам да тече работата како ќе каже господ.




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (27.6.2014 13:43:03)

Кај кој доктор си?[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




kokicekokice -> RE: Инсеминација II (27.6.2014 14:19:17)

Кај д-р Лазаревски во Сиситина




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (27.6.2014 14:23:31)


ИЗВОРНА ПОРАКА: kokicekokice

Кај д-р Лазаревски во Сиситина


Супер, претпоставував[sm=bravo.gif], оди на линкот Имав успешна инсеминација, најди го мојот цитат од октомври 2013 година, каде ја цитирам Петра27, таа беше кај Лазаревски и за првата и втората бременост на ист принцип инсеминација како тебе и сега е мајка на 3 деца. [sm=bravo.gif][sm=smiley1.gif]




kokicekokice -> RE: Инсеминација II (27.6.2014 15:16:07)

Благодарам LoveableMe RR на охрабрувањето [sm=smiley1.gif]




kokicekokice -> RE: Инсеминација II (3.7.2014 15:34:12)

Денес бев на ехо после 4 дена боцкање со Фостимон. Д-р ми кажа дека има 3 добри фоликули , да продолжам уше 4 дена со фостимон па повторно на ехо.
Ендометриумот ми е 5, се надевам до понеделник ќе биде поздебелен.Продолжувам понатаму [sm=zz_wink.png]




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (3.7.2014 15:49:43)


ИЗВОРНА ПОРАКА: kokicekokice

Денес бев на ехо после 4 дена боцкање со Фостимон. Д-р ми кажа дека има 3 добри фоликули , да продолжам уше 4 дена со фостимон па повторно на ехо.
Ендометриумот ми е 5, се надевам до понеделник ќе биде поздебелен.Продолжувам понатаму [sm=zz_wink.png]


Среќно, кога ќе биде инсеминацијата?[sm=smiley1.gif]




kokicekokice -> RE: Инсеминација II (3.7.2014 15:59:21)

Најверојатно во среда [sm=bravo.gif]




Kvisko -> RE: Инсеминација II (4.7.2014 17:08:22)

Со среќа и со лесно.
За задебелување на ендометирумот јади цвекло и ананас. Навистина помага испробано.




kokicekokice -> RE: Инсеминација II (6.7.2014 11:15:44)

Kvisko , pochnav da pijam svezo praven sok od cveklo I anans I plus po 4-5 brazilski orevcinja.Utre sum na eho pa ke vidime sto ke izleze. Dali nekoj moze da mi kaze kolku chini stop inekcijata?




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (7.7.2014 10:29:59)

Kokicekokice, мислам 500 ден беше, ама не сум сигурна, пиши за другите рингерајки да знаат, позз




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (7.7.2014 11:13:34)

kokicekokice, зависи која стоп инекција треба да ја ставиш - мене ми препишаа Ovidrelle, и таа е поскапа, околу 2400 ден.

Со среќа во среда! [sm=smiley1.gif]




Zoya -> RE: Инсеминација II (7.7.2014 11:30:47)

Kokicekokice јас имам искуство со хориомон, една инекција мислам дека беше околу 460 денари. Инекциите се од 5000 IU, но зависно од случај до случај знаат да препишат и 10000 IU, па во тој случај ќе ти требаат 2 инекции. Со среќа па пиши како си поминала [sm=smiley1.gif]




kokicekokice -> RE: Инсеминација II (7.7.2014 13:05:05)

Не можам да го дешифрирам ракописот како се вика инекцијата, ама сега бев во аптека и ми кажаа дека ќе ме чини 914ден(изгледа 2 инекции се).Си ја резервирав да ми ја чуваат инекцијата за вечер да си ја земам за да не ја маткам натака навака, а треба нели на одредена температура са се чува.




Kvisko -> RE: Инсеминација II (7.7.2014 15:05:37)

Kokicekokice уште малку ти останува со среќа и со лесно. Веројатно ти се вдве Прегнил инекции. некогап лекарите пишуваат само хориомон некогаш нешто друго. Не се замарај со тоа докторот си знае што ти дал и зошто.




kapina -> RE: Инсеминација II (7.7.2014 20:26:18)

Mnogu e 915 za horiomon ili pregnil pregnilot se 300 I nekoj den a horiomon 600 I nekoj den ako si od sk odi do eurofarm sproti gak jas od tamu gi kupuvav pregnil




Страница: <<   < Претходна страница  33 34 [35] 36 37   Следна страница >   >>