Hopeful RR
|
kokicekokice, прв пат отворам РР после одмор и баш ме израдува со оваа вест! Кога си на преглед? Не се секирај, тешко да е лажно позитивен затоа што ако е правен после 14 дена, тестот ги покажува хориомонските вредности од бременоста, а не од стоп инекцијата, тоа е одамна понминато. Ајде со лесно на преглед, дај боже се да биде во ред!!! Sakame Bebence добредојде, тука ја имаш сета наша поддршка Знам дека ти е тешко од тестот, ептен те разбирам, мене стрес ми е само што ќе го погледнам пакувањето, ама не се секирај, ќе дојде и тој ден кога ќе си видиш Во меѓувреме не очајувај, пробај да бидеш позитивна и не заборавај - нема откажување! Ако ти треба да разговараме на други теми, на пример ова што го спомна за сопругот, за психолошка поддршка и како неплодноста влијае на врската и бракот, разгледај ги и другите теми тука на РР - извини, во моментов не можам да ставам линкови од конкретни теми. Не се грижи, не си сама
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|