RE: Инсеминација II (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (28.5.2015 12:49:51)

SOLE и scarredRR, среќно девојки Списокот за две цртки е збогатен. [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




scared RR -> RE: Инсеминација II (30.5.2015 15:29:54)

Негативен [sm=smiley19.gif] да се соземам деновиве и да почнам со подетални испитувања најверојатно на своја рака пошто за докториве наши рано е, да бидат сите 4 неуспешни па и едно инвитро уз пат неуспешно па тогаш не праќаат. Гневна сум што на толку лекови не бидна, и гневна сум зашто мислам дека докторов направи утка со тоа што толку касно ми ја направи инсеминацијата.




Kvisko -> RE: Инсеминација II (30.5.2015 15:44:49)

Scared жал ми е душичке. Сега исплачи се а потоа со нови сили во нови победи. Не се оптоварувај многу со испитувања. Од она што го пишуваш ти ги имаш направено сите испитувања без гајле (не знам само дали имаш хсг). Само треба да сд склопат коцкитд и да дојде денот.




SOLE -> RE: Инсеминација II (30.5.2015 15:52:54)

skared навистина ми е жал, [sm=smiley19.gif] а те виде ли на ехо пред инсеминацијата и дали фоликулот ти беше прснат?
јас сеуште немам добиено денес ми е 16ти ден, а тест домашен незнам дали да правам, бидејки секако многу не се надевам на успех и си викам изгледа нема потреба, па и страв ми е од таа пуста една црта




scared RR -> RE: Инсеминација II (30.5.2015 16:49:06)

Да Квиско, лани правев ХСГ а после тоа и хистероскопија. Сакам да испитам дали сме компатибилни со мм, и оние испитувања на трансфузиологија што се. Од генетските имам само кариотип правено, ме пратија да направам тогаш а зашто појма немам, важно ок е резултатот.
Инаку Соле ме виде да на ехо, и јас видов беше огромно ко топче нешто рече дека само што почнува овулацијата, ама не знам си викам дали фоликулот празен беше бидејќи порасна ептен брзо за 8 дена, и тоа е негова грешка што ми даде 100 мг кломифен, а обично се почнува со 50мг, и тоа на мое барање јас побарав да ме види порано на ехо, да го послушав него ко што сакаше тој на 10ти ден фоликулот ќе беше прераснат во циста. Не знам веќе што да кажам сама си станав свој лекар.
Соле ајде прави тест бар ти да се израдуваш [sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (30.5.2015 21:14:36)

скаред РР, баш ми е жал собери сили за понатаму, гледам дека си под голем стрес последниве месеци, јас мислам имаш доста направено по доктори и ти предлагам да олабавиш до септември, заборави доктори оди на одмор релаксирај го телото и умот и можно е така природно да бидне, ајде со тебе сме[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]

СОЛЕ, пиши што ќе направиш со тестирање[sm=smiley1.gif]




scared RR -> RE: Инсеминација II (30.5.2015 22:37:08)

Ќе си дадам бар месец дена одмор, крај на јуни и така ми е редовната контрола за хормони кај ендокринологот па ќе здивнам до тогаш.
Јас ја прекинав терапијата и претпоставувам преглед после циклус треба да имам така?:
Едино со аспиринот сакам да продолжам да го пијам, имам ко некои модрици по нозете мислам од естрофемот ми се малце ме плашат па мислам не е лошо да го продолжам штета нема од него нели [sm=zmeden.gif]




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (30.5.2015 23:05:44)

scared RR патот е тежок,разочараност од терапии,од лекари,сами по чарето, само се си дознаваме.... ама ете се има некое свое време кое тешко е да се чека..... но ќе дојде[sm=smiley1.gif]
Одмори тело и душа,најди начин за оддишка




SOLE -> RE: Инсеминација II (1.6.2015 18:53:20)

eve I jas da ve informiram deka vcera dobiv [sm=hudicek1.gif] nisto I ovoj pat, ama sto e toa e, zdravje nadesta I borbata prodolzuva se dodeka ne uspeemeeee... Pozdravce




scared RR -> RE: Инсеминација II (2.6.2015 10:23:56)

sole [sm=smiley13.gif] [sm=smiley31.gif] а доби додека го примаше утрогестанот? Мене веќе ми е 4 ден како не го примам и уште не добив, или нема врска тоа со него зашто ми е 30 ден од циклус а знае да дојде и покасно накај 33-4 ден.




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (2.6.2015 10:59:23)

SOLE, баш ми е жал, со нови сили напред[sm=smiley31.gif]




SOLE -> RE: Инсеминација II (2.6.2015 12:13:55)

ИЗВОРНА ПОРАКА: scared RR

sole [sm=smiley13.gif] [sm=smiley31.gif] а доби додека го примаше утрогестанот? Мене веќе ми е 4 ден како не го примам и уште не добив, или нема врска тоа со него зашто ми е 30 ден од циклус а знае да дојде и покасно накај 33-4 ден.


Skared таман го потрошив утрогестанот во петок пошто јас по 2 пати на ден ставав и нели една кутија за две недели испаѓа, и значи само сабота што не ставив во недела добив а незнам дали има врска тоа




Libra88 -> RE: Инсеминација II (3.6.2015 8:59:21)

scared i SOLE, bitkata ja gubime no ne se predavame, vojnata ke ja dobieme eden den!!!!




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (10.6.2015 9:30:02)

Дали има некоја што скоро ќе прави инсеминација?[sm=smiley1.gif] Одамна ве нема, освен скаред и СОЛЕ.




123ана -> RE: Инсеминација II (15.6.2015 16:16:39)

Zdravo. Jas treba da pravam inseminacija na nereden ciklus, vo juli. Dr. Trajkovski od klinika mi napisa terapiaja klomifen i direkno mi kaza deka dzabe pravam inseminacija, samo ke se zgolemele sansite za vonmatericno, mi rece izvadi go drugiot jajcevod i odma na IVF. Od druga strana Dr. Dimitrov od Remedika, kade ja pravev laparoskopijata za jajcevodot, preporaca edna godina, da probuvam sosema prirodno da zabremenam, a potoa, da dojdam pak ako nema zabremenuvanje. Sega zakazav pregled i kaj Dr.Ivanovski vo odelot za IVF vo Sistina , da dobijam 3to mislenje, bidejki site nekako razlicno mi kazuvaat. Navistina ne znam kogo da slusam. Preporacajte mi nekoj ginekolog kaj kogo ste imale iskustvo. Fala




kapina -> RE: Инсеминација II (15.6.2015 16:22:48)

Jas od dr lazarevski sum prezadovolna




123ана -> RE: Инсеминација II (15.6.2015 16:25:50)

Kade e Dr. Lazarevski?




Kvisko -> RE: Инсеминација II (15.6.2015 18:09:01)

123ana Лазаревски ти е во Систина.
Што е кај вас проблемот. Зошто ти е изваддн едниот јајцевод и кога. Ако си со еден функционален јајцевод и без други проблеми би требало да забремениш и природно. Шансите ти се зголемуваат со следење на овулацијата со фоликулометрија за да бркате месеци каде има овулација на јајникот со јајцевод. Инсеминација уште повеќе ја зголемува шансата. Јас сум секогаш да се одбере еден лекар и со него да се тера до одреден степен или до конечен успех наместо да се слушаат различни лекари зашто секој има свој пристап и начин на работа и сите имаат успешни приказни.




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (16.6.2015 10:34:04)


ИЗВОРНА ПОРАКА: 123ана

Zdravo. Jas treba da pravam inseminacija na nereden ciklus, vo juli. Dr. Trajkovski od klinika mi napisa terapiaja klomifen i direkno mi kaza deka dzabe pravam inseminacija, samo ke se zgolemele sansite za vonmatericno, mi rece izvadi go drugiot jajcevod i odma na IVF. Od druga strana Dr. Dimitrov od Remedika, kade ja pravev laparoskopijata za jajcevodot, preporaca edna godina, da probuvam sosema prirodno da zabremenam, a potoa, da dojdam pak ako nema zabremenuvanje. Sega zakazav pregled i kaj Dr.Ivanovski vo odelot za IVF vo Sistina , da dobijam 3to mislenje, bidejki site nekako razlicno mi kazuvaat. Navistina ne znam kogo da slusam. Preporacajte mi nekoj ginekolog kaj kogo ste imale iskustvo. Fala


123ана, добредојде![sm=bravo.gif] Јас би ти препорачала да останеш кај д-р Димитров, бидејќи тој најмногу е стручен за лапаро-хистероскопија. А сите други доктори што ги наброи се стручни и професионални, на тебе останува каде ќе решиш да продолиш, но и јас би те советувала да почнеш со еден и да продолжиш кај тој што ќе ти остави најголем впечаток. За искуствата со докторите, имаме тема ТУКА.




lara36 -> RE: Инсеминација II (22.6.2015 16:43:42)

zdravo devoki sakam da ve prasam za sovet bidejki ne najdov soodvetna tema ke vi pisam tuka pa slobodno ako ne sum ja videla moderatorkite ke mi go prefrlat postot kade sto treba.imam problem so ciklusot posle vtorata inseminacija prviot mesec mi dojde na 24 den vtoriot na 32 den a eve ovoj mesec 34den mie i uste ne mi ide e sega sinoka imav strasni bolki vo stomakot bevme so mm vo bolnica no nemase dezuren doktor da me vidi i ja pominav cela nok so krpi so rakija.deneska imam nekoi bolki odvreme na vreme no maticnata mi e na odmor a doktor vo bolnica ne me prima oti ne e itno i nemam mat.doktor tamu.ve molam dokolku ima nekoja slicno iskustvo ili nekoj sovet da mi dadete oti sum vo panika a duri petok mi se vraka doktorkata od odmor i ne znam so da pravam.




Kvisko -> RE: Инсеминација II (22.6.2015 17:08:20)

Lara36 можно е да имаш некоја циста како последица на стимулациите. Сепак најдобро е да одиш на лекат што е можно поскоро. Веројатно матичниот твој има замена мора да има по закон па оди кај замената. Вака само ќе нагаѓаме што може да биде.




lara36 -> RE: Инсеминација II (22.6.2015 17:35:34)

kvisko i jas mislam da ne e cista ama pa me buni toa sto pred okolu 10 dena gledana sum na eho nemase nisto e sega neznam kolku vreme im treba na cistite da porasnat.a inaku zamenata na maticnata nema sloboden termin do naredniot vtornik zatoa i pisav tuka




scared RR -> RE: Инсеминација II (25.6.2015 17:30:47)

Здраво девојки. [sm=smiley1.gif] Еве ме мене пак на темава. Денес добив и од денес почнувам со аспирин, 2x2 фолна , 3x1 б-комплекс и витамин Д си продолжувам, а од недела со стимулаци и втора инсеминација. Не се надевам многу, докторов денес јасно ми даде до знаење дека шанси мали имам и дека најдобро ќе е да правиме инвитро со предходен дрилинг на јајници но за ваучер од фондот ми требаат и морам да ги поминам. [sm=smiley13.gif] Сепак не одрекувам дека се надевам на мало чудо [sm=smiley1.gif]




Kvisko -> RE: Инсеминација II (26.6.2015 10:03:39)

Scared со среќа и со лесно и со помалку нервози овој пат. Никогаш не се знае кога и што ќе успее.

Ако веќе ти предлага ovariaн drilling зошто не го направиш што е можно побрзо. Мене после таа интервенција ми се среди циклусот и имав добри овулации. Да не беа другите проблеми кај нас (извиткна јајцевод, стесен цервикс и олигоспермија) можеби и немаше да стигнеме до ивф. Тоа бушењето на јајниците навистина помага кај полицистични јајници. Плус и при таа интеревнција секако е лапароскопија па може и јајцеводите да се „продувуваат“ и да успее. Ти пуштам мнооогу среќа.




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (26.6.2015 10:12:35)

scarredRR, среќно и ти посакувам наскоро успех[sm=nosecka.gif][sm=bravo.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  65 66 [67] 68 69   Следна страница >   >>