Палешка РР -> RE: конјунктивитис (31.5.2010 11:53:59)
|
Конјуктивата на окото постојано под ризик од воспаленија Често употребуван збор кај луѓето кога се зборува за окото е зборот конјунктива, конјунктивитис, а при тоа да не се знае за кој дел од окото станува збор. Употребувањето на овој збор е чест затоа што патолошките промени, особено воспаленијата на окото, се најчести во овој дел. Во македонскиот јазик немаме соодветен превод на латинскиот збор цонјунцтива. Мислам дека зборот спојница би бил добар, соодветно на зборот вежњача во српскиот јазик, бидејќи конјунктивата поврзува - го спојува работ на очниот капак со рожницата. Анатомски, конјунктивата претставува слузава, непроѕирна мембранозна обвивка на окото, која почнува на работ од очниот капак, а завршува на работ од роговицата. Точно на надворешниот раб од очниот капак конјунктивата се спојува со кожата од очниот капак. Оваа поврзаност на конјунктивата со кожата е од значење и важност при воспалителните манифестации на конјунктивата од една и воспаленијата на работ од очните капаци од друга страна. Не помала значајност и важност во воспалителните манифестации на конјунктивата има и поврзаноста помеѓу конјунктивата и рожницата. Тој спој е во ширина од 2 мм и се нарекува лимбус. Конјунктивата почнувајќи од работ на очниот капак ја прекрива неговата внатрешна страна и преоѓа над белката до работ од рожницата. Таа е затегната и срасната со анатомските структури на очниот капак и белката. На спојот помеѓу овие две површини, конјунктивата е набрана и растресена, овозможувајќи му на очното јаболко слободно движење во сите правци. Нејзиниот анатомски состав го чинат мноштво крвни садови, нервни влакна, растресито сврзно ткиво и помошни солзни жлезди. Сето тоа ја чини многу прокрвавена и чувствителна на допир, воспаление и на повредување. Како надворешен дел од окото таа е константно изложена на физички, топлински, механички и други влијанија однадвор. Сите воспалителени процеси на конјунктивата со заедничко има се нарекуваат цонјунцтивитис (конјунктивитис). Во офталмологијата тие се сместени во групи и се разликуваат меѓусебе според клиничката слика и текот (акутни, хронични) и причинителот (бактериски, вирусни, паразити, алергија). Иако се чести, воспаленијата ретко се задржуваат само на конјунктивата, туку со процесот е зафатен и работ од очниот капак (блепхароцонјунцтивитис) или рожницата (кератоцонјунцтивитис). Начелно, знаците на клиничката слика се заеднички за сите конјунктивити во зависност од текот на клиничката форма (акутна, хронична). Најчест симптом е црвенило на конјунктивите, проследено со зголемено солзење и секреција (слузава или гнојна) и со јадеж. Ретки знаци на болеста се оток на очните капаци или конјунктивата во целина. Болеста почнува честопати на едното, а потоа преоѓа и на другото око, или со почетокот на болеста се зафатени и двете очи. Потребно е да се нагласи дека острината во гледањето кај конјунктивитите е секогаш сочувана. Тие немаат влијание на функцијата на окото, иако таа мора секогаш да се испита и следи. Пред да се почне со лекување на која било клиничка форма на конјунктивити, потребно е да се земе брис од болното око и да се испита причинителот. Кај некои форми по потреба се прават имунолошки анализи и алерголошки тестирања. Принципот на оваа правило не е секогаш битен, бидејќи и кај луѓе со здрави очи во бактериолошките анализи се изолира бактерија или паразит. Честопати е потребно да се испитаат количеството и квалитетот на солзниот филм. Лекувањето на сите конјунктивити во сите клинички форми е во домен на очен лекар и зависи од причинителот, клиничката форма и од сликата на болеста. Главно се состои во механичко чистење на рабовите на очните капаци со неутрален сапун и чести промивки на очите со лекови во форма на капки, антибиотски, антибиотски - стероидни, антиалергиски, вештачки солзи. Лекови за очи во облик на масти се употребуваат само навечер, за лекот да дејствува во текот на спиењето. Терапијата е иста или слична и кај пациентите кај кои постои конјунктивитис заедно со воспаление на работ од очните капаци - блефароконјунктивитис. Д-р Стојан Пандов Офталмохирург
|
|
|
|