RE: Алергија на храна (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Алергија



Порака


riba79 -> RE: Алергија на храна (29.4.2011 10:41:11)

ninaj,moze da mu davas riba,telesko meso,pilesko meso vo kombinacija so oriz i site zelencuci da ne gi nabrojuvam..i na toa li e alergicno?ako ne alergicno na gluten mozes da mu davas makaroni,tarana,jufki ..mislam deka dokolku e alergicno na gluten ima testenini bez gluten..a sto e so jogrt,kis.mleko,pavlaka i na toa li e alerg?probaj so drugi mlecni proizvodi od kozjo mleko,soino..ete tolku mi teknuva vo momentot[sm=smiley1.gif].pozdrav i dobredojde na RR[sm=jezicek.gif]




ninanaj -> RE: Алергија на храна (29.4.2011 13:41:53)

na se sto e od mlecen proizvod i na sekakvo mleko kozjo, ovco, e soino ne sme probale ama mislam deka voopsto ne e zdravo toa soinoto, polno so hormoni e. tarana i jufki mislam deka ne se posni, imaat ili jajca ili mleko kolku sto mi teknuva.makaroni moze ama so sto da mu gi spremam, samo makaroni e bez veze, a baska se uste samo blendirano jade, ako ima parcenca ne saka da go jade jadenjeto.tesko nas ama ajde. vo sekoj slucaj fala ti riba79 na obidot za pomos[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




riba79 -> RE: Алергија на храна (29.4.2011 21:51:40)

imas testenini bez jajca ,svari gi i izblendiraj so spanak morkov blitva....




none -> RE: Алергија на храна (4.6.2011 19:18:52)

dobro kazete mi kade se pravat tie testovi detevo moe e za greota samo novi i novi mu iskacaat i se cesa ima na liceto i pozadi usite neznam veke st oda pravam za greota i doktorot sto ke kaze pazete na hran jas veke neznam sto da jadam sto ne zatoa kazete da si naPRAVAM TEST TOA E NAJDOBRO SAMO KADE VE MOLAM 




arh_diz -> RE: Алергија на храна (4.6.2011 20:23:45)

None testovite mislam deka pod tri godini ne se tocni.Vnimavaj ti na ishranata ke vidis od sto mu e.Obicno suvomesnato, dimeno jajca se alergeni za decata.




mamicki -> RE: Алергија на храна (4.6.2011 20:34:30)

None, ako ima lokaliziran osip moze da e i od zesko, ne mora da e alergija, sega treba da go tusiras deteto dva- tri pati na den.




none -> RE: Алергија на храна (11.6.2011 7:47:31)

ard-dji mamicki neznam veke od sto da pazam se pridrzuvam od se podnosno pazam na se no izgleda ne ne toa koga spie mu se gupat liceto mu e cisto samo sto ke se razbudi i pocnuva da se cesa.dusice koj znae sto muse javuva kaj nas i nemame soodvetna medicina za da tocno se otkrie pa da vidime so tek na vremeto,vo princip e mnogu mirno dete ama od toa koga se cesa i normalno deteto stanuva nervozno,pa topam gaza so ladna voda i taka mu se uplazuva cesanjeto[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




anedespo -> RE: Алергија на храна (30.6.2011 14:07:39)

Алергија на целер
Алергијата на грутка целер е поовобичаена од алергијата на стебла на целер. Основниот алерген во целерот е означен со API g1 и е отпорен на топлина, па така неговата способност да предизвика алергиска реакција останува зачувана дури и по екстензивен топлински третѕман. Целерот во облик на зачин има еднаква можност да предизвика алергија.
Алергијата на целер се поврзува и со алергијата на полен од дрва или трева. Лицата кои се алергични на полен од бреза и див пелин, моркови, бабури, магдонос, семе од анасон, кумин и коријандер,  се исто така алергични и на целер.
Највообичаен симптом е оралниот алергиски синдром (устата), а други се: чешање и црвенило и отоци на кожата, стомачни грчеви и гадење, тешкотии при дишење, астма, стегање во градите и анафилактички шок.
Симптомите на алергија од целер се посериозни со оние од другите видови на зеленчуци.






anedespo -> RE: Алергија на храна (30.6.2011 14:15:54)

Алергија на јајца
Причина се протеините што се наоѓаат во јајцата. Белката има малку повеќе алергени својства од жолчката. повеќе од 50% од белката содржи протеин познат како овалбумин и овомукоид со ознаки Gal d 2  и Gal d 1. Алергијата кај деца е предизвикана од белковините во белката, а кај возрасните од ливетините во жолчката.
Зготвените јајца имаат помал алерген потенцијал во однос на суровите јајца. Дури и безначајни количина во млекото кај мајка доилка може да предизвика сензибилизација кај доенче со иста реакција како бебето да ја јаде таа храна. Исто така и инхалација на алергени протеини кај луѓето кои чуваат птици како домашни миленициња може да предизвика алергиска реакција.
Поголемиот број на деца ја надминуваат алергијата до полнолетство, а оние деца кои се алергични на јајца имаат и предизпозиција за појава на астма.
Симптоми: чешање во устата, егзема, дерматитис, уртикарија, гадење, повраќање, ринокоњуктивитис и ретко шок.




anedespo -> RE: Алергија на храна (30.6.2011 14:23:24)

Алергија на риба
Перкастите риби се најчести предизвикувачи на алергија (бакалар, скуша, харихга, сардина, лосос, туна, сардела, гргеч, ослич, лист, сплесната морска риба, пастрмка, јагула, алјаска полог, шаран и сом. Можна е и алергија на морски плодови.
Главниот алерген е парвалбумин кој е присутен во сите риби.  Тој е стабилен на топлина,  и готвењето не го отсранува алергискиот ефект. Мал број на лица алергични на риба реагираат и на жабји батаци поради истиот протеин кој го има и кај жабите.  Овие алергии траат во целиот живот на поединецот.
Симптоми: чешање во устата, гадење, повраќање, дијареа, болки во стомак, пликови и чешање на кожата, егзема, астма, зацрвенети очи и нос, потекување на дишните патишта и шок.
Алергиска реакција може да настане и при вдишување на пареа кога се готви риба или со бакнување на некој што јадел риба, како и директен контакт (допир).




anedespo -> RE: Алергија на храна (30.6.2011 14:32:50)

Алергија на  млеко
Ја предизвикуваат протеините кои се присутни во млекото. Клучни алергени се : казеин, бета-лактоглобулин, алфа лактоглобулин и алфа лактаалбумин. Алергеноста не се намалува при термичка обработка. Казеинот предизвикува кожни промени а бета-лактаглобулинот орални промени. Кај 10 % од луѓето алергични на млеко се јавува алергија и на месото. Вообичаено чувствителноста се губи со растење при што 90% веќе не равиваат реакции над 3 години. Во мал дел случаи останува присутна во целиот живот.
Симптоми:атопичен дерматит, егзема, уртикарија, гастроинтестинални симптоми (повраќање, запек, дијареа и стомачни болки), тешкотии при дишење, симптоми слични на поленска треска (нос и очи), а шок може да се јави кај 10% од луѓето. Кај доенчиња кои само цицаат, а се алергични на млеко, се јавува атопичен егзем како гклавен симптом.
Затоа кај доенчиња се препорачуваат хипоалергени формули на млеко со високо хидролизирани протеини или кај поголеми деца - соино млеко. Меѓутоа 25% од луѓето алергични на млеко се алергични и на соино млеко.




anedespo -> RE: Алергија на храна (30.6.2011 14:37:45)

Алергија на синап
Алергените на синап се стабилни на топлина и отпорни при варење од ензими (стомачните ензими не ги менуваат). Има вкрстена реакција со полен од амброзија.
Симптоми: дерматит, уртикарија, ангиоедем, астма, дијареа, стомачни болки, вртоглавица, низок притисок и шок.






anedespo -> RE: Алергија на храна (30.6.2011 14:49:32)

Алергија на кикирики
Предизвикуваат сериозни реакции и шок. Многу мала количина е доволна за реакција. Прекумерно се активира имунолошкиот систем и се создаваат ИгЕ антитела. Топлинскиот третман не ја намалува алергиската реакција туку печењето може и да ја зголеми. Варењето во вода може да ја намали алергиската потенција од причина што алергенските протеини преминуваат во водата. 20% од алергичните луѓе ја надминуваат со возраста.  Доенчињата може да се нафрлат ако мајката конзумира кикирики.
Симптоми: трнење на уста и отекување на лице, гадење и стомачна болка, уртикарија и црвенило. Сериозни реакции: опструкции при дишење при отекување на дишните патишта, моментален пад на крвниот притисок, колапс и бессознание. бараат итна помош. Познати се и смртни случаи. Кикириките и јаткестите плодови опфаќаат 90% од смртните исходи.
Симптоми може и да се јават и со допир на површина каде имало кикирики (путер), бакнување или пиење од иста чаша со некој што јадел кикирики, дури и присуство во просторија каде се отвара тегла со путер од кикирики





anedespo -> RE: Алергија на храна (30.6.2011 14:56:32)

Алергија на морски плодови
Раковидни (рак, морско ракче, јастог, краба)
Мекотелни(школки, остриги, скалопи)
гастроподни(морско полжавче, морска полжавеста школка, крајбрежен морски полжав, мала школка, полжав)
Цефалоподни (октопод, сипа)

Раководните даваат посилни алергиски реакции од другите животни.
Причинител е протеинот тропомиозин. тој се наоѓа и кај лебарките, бубачки од прашина и крономод (храна за риби). Постапката за приготвѕување не ја намалува алергиската моќ. Оваа алергија не се надраснува.
Симптоми: чешање во устата, потекување на устата и грлото, уртикарија, чешање на кожата и отоци, гадење, повраќање и дијареја, астма, свирежи при дишење, растечен нос и очи, анафилакса(шок). Тие се трета причина по кикириките и јаткестите плодови за анафилактичен шок. Симптомите се појавуваат и при вдишување на пареа во која се варат плодовите.





anedespo -> RE: Алергија на храна (30.6.2011 15:02:21)

Алергија на соја
Алергијата од соја не се појавува при првото изложување. Симптомите се појавуваат при повторно изложување. Првиот контакт овозможува сензибилизација на производот. Луѓето алергични на соја се исто така алергични и на полен на дрва. Одредени ферментирани производи од соја се помалку алергени. Многу деца ја надраснуваат оваа алергија.
Симптоми: Симптомите се движат од благи до сериозни и предизвикува прекумерна активација на имунолошкиот систем и создавање на ИгЕ антителата. Симптомите вклучуваат здрвување на устата, гадење, повраќање, дијареа, уртикарија, чешање, пад на притисок, астма и шок.  Симптомите се појавуваат и при вдишување на алергенот.




anedespo -> RE: Алергија на храна (30.6.2011 15:07:12)

Алергија на сусам
Главните алергени се наоѓаат во семето и се отпорни на обработка. Оние кои се лаергични на сусам може да бидат алергични и на : афион, јаткести плодови, рж. 15% од популацијата ја надминува алергијата.
Симптоми: астма, атопичен дерматит, црвенило на кожата, уртикарија, пликови, ангиоедем, поленска треска, кашлање, стегање во градите, гадење, повраќање, дијареа, стомачни грчеви, вртоглавица, поспаност, низок притисо и шок.
Треба да се избегнува во првата година од животот.




anedespo -> RE: Алергија на храна (30.6.2011 15:15:27)

Алергија на сулфити
Сулфитите се соединенија што го соджат сулфитниот јон во комбинација со калиум или натриум. Го испуштаат иритантниот гас сулфурен диоксид кој делува како конзерванс или средство за белење. Тие се додаваат обично во вина, пива и сушено овошје, за белење на скробови(доматен скроб) и материјали за пакување (целофан).
Симптоми: тешкотии при дишење, говор и голтање, свирежи во градите,, тахикардија, вртоглавица, стомачни тегоби, дијареа, колапс. Конзерванси што треба да се одбегнуваат(Е220,221,222,223,224,226,227,228), адитиви(Е150б,150д)
Производи кои може да содржат адитиви се: пиво, јаболков сок, вино, флаширани концентрати на жолт и зелен лимон, конзервиран зеленчук, зачини, меса, колбаси, преливи, сушени овошја, сушени растенија, риба, свежо грозје, зелена салата, џемови, овошни сокови, кандирани овошја, обработени домати, производи од соја, скробови, шеќерни сирупи, шеќер и вински оцет,





anedespo -> RE: Алергија на храна (30.6.2011 15:24:12)

Алергија на јаткести плодови
Спаѓаат во шивотно загрозувачки алергии и траат во целиот живот. Од сите плодови, бадемот предизвикува најмалку реакција. Не мора да постои алергија на сите видови на јаткести плодови, може да биде само еден вид. Можна е и истовремена алергија на кикирики, но не мора да значи. Вклучува прекумерна реакција на имуниот систем со создавање на ИгЕ антитела. Предизвикуваат сериозни несакани ефекти, а понекогаш и фатални реакции. Алергенот е отпорен на топлина.
Симптоми: вкочанетост на устата и оток на лицето, гадење, уртикарија, црвенило, опструкции при дишење, ненадеен пад на крвниот притисок и шок. Бара итна медицинска помош.




anedespo -> RE: Алергија на храна (30.6.2011 15:36:28)

Алергија на пченица
Протеините што се содржат во пченицата се слични и со оние во ржта, јашменот и пирејот. И овесот може да предизвикува проблем. Протеини: глиадин, глутен, албумин и глобулин. Алергија може да се јави и при инхалација на брашно. Оние што се алергични на пченица може да бидат и алергични на треви. Топлината не влијае на алергискиот потенцијал. Самиот процес на печење напротив повече ја зголемува отпорноста па овие протеини подобро поминуваат во дигестивниот тракт непроменети. Алергијата на пченица не треба да се поистоветува со целијакија иако симптомите се слични. Целијакијата е глутенска ентеропатија, нетолеранција на глутен, наследно заболување на имуниот систем, при што со консумација се оштетува површината на тенкото црево.За разлика од алергијата на пченица каде се создаваат ИгЕ антитела, при целијакијата се создаваат ИгА и ИгГ антитела и тоа глиадин специфични антитела.
Помладата популација може да ја надрасне со возраста. А кај оние кај кои се јавува подоцна во животот се задржува до крај.
Специфичен вид на алергија е рекцијата на пченица индуцирана при вежбање. Се јавува и кај луѓе кои не се алергични на пченица.
Симптоми: чешање, уртикарија, егзема, ангиоедем, стомачни болки, гадење, повраќање, дијареа, астма, алергиски ринит, пад на притисокот, шок и анафилактички шок при вежбање.





ekicka -> RE: Алергија на храна (19.7.2011 12:26:21)

Zdravo,
i kaj kerka mi Petra koja ima 5,5 meseci i se javi osipce kako od komarec kasnata strikno samo na nodzinjata kaj svivkite i na racinjata okolu laktite i podlakticata.doktorkata ni rece deka ne e od hrana tuku deka e od sonce megutoa jas na sonce ja izlozuvam samo do 9 sabajle i posle 6:30 popladne i toa bez sheshirche oti ne go saka mnogu ia na glavata i liceto ne  e isfrlana voopshto.jas mislev da ne e od sveza praska ili od zelencukova kashichka poshto toa i imav dadeno.veke 5 dena i stojat taka isfrlani ama ne se intenzivni tuku kako da pominuvaat sega.jas i apsiniram od kashichki duri ne i pominat zashto mi e strav,mi rece pedijatarot da ja banjam so hipermangan i na edno mesto da ja machkam so garamicin mast zashto i e kako inficirano.sakam da ja odnesam na kozen ili na alergolog mi preporachaa nekoja poktorka pozadi unuverzalna ,kakvo iskustvo imate vie????help




AnnaMolly RR -> RE: Алергија на храна (19.7.2011 12:34:19)

ekicka, ТУКА имаме дискутирано за осип на детската кожа, мислам дека таму ќе најдеш повеќе одговори на твоите прашања.




kaicka -> RE: Алергија на храна (25.7.2011 9:06:45)

zdravo na site me interesira kog apocnavte so glutenska hrana kaj vasite deca bidejki moeto imase ekzem pa trgnuvajki od pretpazlivosta gluten seuste nemam dadeno iako sme 8,5 meseci




Mihaela 2010 -> RE: Алергија на храна (29.7.2011 10:19:00)

Mihaela proslata nedela cela mi se nafrla,mislevme deka e sipanica,no iskoci deka e alergija,i toa od lubenica.majka mi i dala da proba za prv pat i nemozev da poveruvam deka od lubenica ke se nafrla,i traese dva tri dena i se iscisti.




Sandric -> RE: Алергија на храна (29.8.2011 10:18:27)

Ме интересираше за капините, дали спагаат во групата високо алергени како јагодите или може да се даваат без страв?
Кога прв пат дадовре капини?




Џесика -> RE: Алергија на храна (29.8.2011 11:27:02)

После првата година јас му дадов, матичниот ми рече може све да јаде после година, и фала богу до сега нема на ништо алергија, освен на ослич. Мислам дека Павел има веќе година, пробај.




Страница: <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>