mis. -> RE: Алергија на храна (27.3.2009 19:22:10)
|
Елена браво за вас.Тоа е добар почеток кон воведување на Мртина во светот на нормалната исхрана.Само така и се ќе се нормализира ќе видиш. Еве што најдов за вас.Организмот на бебето во првите месеци од животот е незрело, па заради тоа е осетливо и реагира на повеќето надворешни влијанија.Обрамбениот систем се уште не им е доволно развиен,органите за варење(желудникот и цревата)се многу осетливи,а служокожата на цревата пропушта молекули на белковини.Ако новороденчето има зголемен ризик за развој на алергии во овој период доаѓа во контакт со белковините од кравјото млеко,и со тоа постои опасност организмот да развие преосетливост на таа молекула.Омбрамбениот,имунолошкиот систем таа молекула ја третира како страна, па секој пат кога ќе дојде до неа се развива алергиска реакција за да се одбрани од неа. Многу научници со истражување утврдиле дека ако исхраната до 6 месеци се сведе на продукти без алергени може значајно да ја намали јачината и зачестеноста на алергиската реакција барем 2-3 години од животот на детето.Затоа треба да се избегава храна со јаки алергени:млеко и млечни производи,јајца, риби, цитрусно овошје(лимон,портокал,ананас,цитрон...)Јагоди,малини,боровница,капини, ореви,лешници,бадеми,мед и производи од мед...
|
|
|
|