|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
29.1.2014 14:58:49   
kokicekokice
За жал точен е резултатот.Сега ги добив резултатите од Фармахем и за жал и кај нив уште помалку ми пишува, т.е. ТСХ е 0.002. Закажав преглед дури за 10дена кај д.р Каранфилски во Атикор(прочитав по форумиве дека е добар д-р за тироидна жлезда). Уфф боже уште ова ми фали сега на сите макиuser posted image . Сега гарант и гинекологот кога ќе ги види резултатите ќе ми ја сопре постапката за инсеминација.user posted image

(Одговор на членот kokicekokice)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
30.1.2014 14:58:50   
Kvisko
Не се секирај душичке. Сигурно и тоа може да се среди со лекови.

(Одговор на членот kokicekokice)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
27.2.2014 15:46:17   
LoveableMe RR
Ги земав резултатите, прва контрола после ИВФ-то, ТСХ скокнал на 2.99, претходно ми беше под 1, другите тироидни хормони се во граници на нормала.

Докторкава ми ја зголеми дозата на 3 пати неделно еуртирокс 75, а 4 пати неделно од 50. ја прашувам нели викаат со стимулации ТСХ паѓа, а кај мене се качило? Демек ми одговори паднало кога била ИВФ постапката, а ове месеци се качило??user posted image Зошто се качило, кога со истата терапија претходно добро беше? Нели со ИВФ паѓало??? Ништо не ми е јасно......таман мислев да го откачам еутироксот, ама ми рече имаш следно ИВФ и нема откачување до забременување.....

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
3.4.2014 19:17:35   
Stefanija Stefi
Братучетката моја а и комшивка има ваков проблем но секаде му велеа дека е во ред во нормала. Сакаше да забремени па отиде на повеќе места на испитувања бидејќи се плашеше, кај Таше и рекоа дека се работи за хипотироза имаше 3.5 ТСХ. Ја упати кај специјалист за тироидна жлезда кој ги потврди резултатите кои ги доби во Плодност. И дадоа субституција од еутирокс половина апче секој ден. Контролните испитувања беа во ред 2,5 па сега се спрема за ИВФ и таа само не знам за колку време и дали треба уште да почека но занм дека на добар пат е user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
30.7.2014 15:00:42   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: butterfly 00

...... TSH mi e 3,3 (0,46 - 4,6) deka spored nego mi e pokacen bez razlika sto e vo ramkite na granicite, za nego tie vrednosti se visoki. Ne mozam da se set_am za prvoto IVF kolku mi bese rezultatot zosto tie rezultati ne gi cuvam. Kako vi se vas vrednostite, jas hormonite gi pravev na klinika.


buttefly00, кај мене последно пред неколку недели покажа исто 3,30 и тоа пијам Еутирокс 50, 3 пати неделни и Еутирокс 75, четири пати неделно. И викам на докторката очигледно џабе ми даваш терапија мојата тироидна и пред терапијата ми се движеше горе-долу во тие вредности, но упорна беше дека мора, а и читав дека во принцип бараат за ИВФ да биде под 2.0. Кога правев ИВФ ми беше под 1.0, но ете пак не бидна тогаш...така да не знам што да ти кажам....и јас веќе памет немам што да мислам...но кај нас изгледа и стресот игра голема улога, позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Stefanija Stefi)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
7.8.2014 16:19:38   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

jas neznam dali ke mi pravat ivf tsh mi 2,32 a treba da e pod 2 mi kazaa da ne pravat problem i pisav na endokrinologot i cekam da vidam sto ke mi rece.


ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Мене Димитров никогаш не ми спомна да проверам ТСХ за ИВФ-то. Лани во септември кога ми испитуваа хормони ми беше 3,5 што е доста повисоко од на капина,, но е во границите на вредностите од лабораторијата и матичниот гинеколог ми рече дека е во ред. Кога го правев ИВФ-то поима немам колку ми било. Во темата за ТСХ прочитав дека требало да се испита во бременост ако пред тоа е висок, па се мислам дали да се јавам на Димитров да го прашам дали треба да го испитам.


Точно е дека треба под 2.0, барем повеќето ИВФ центри така викаат, да не направи проблем на плодот и треба да се контролира во бременост, да остане во граници на нормала. Но ете Лола ти и други случаи има што имале над 3.0, па успешо ИВФ имале, така што и јас не знам што да кажам...тоа е.....медицината е пола недообјаснета наука.....

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
8.8.2014 9:08:13   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Ловабле, финтата е што секогаш ми прават некое испитување, па дури и притисок кога ми мерат, ма штом замириса на болница мене почнува забрзано да ми чука срцето и се вознемирувам, и којзнае колку реално ни мерат све тоа што зависи од моменталната состојба на организмот. Читам во странство дека дури вредности над 5 толерираат и не ги третираат ама не знам веќе.

Утре сум на крвна слика во Авицена па ке испитам приватно и ТСХ, на мисла ми е. Па здравје, ке видиме што ке покаже. МАтичниот гинеколог е на одмор па да не чекам уште две недели, и уште не ми е јасно зошто од ФЗО не го стават тоа како регерентна вредност за ваучер и зошто не го испитуваат заедно со естрадиол во тек на ИВФ во ремедика. И на крај, господ нека не чува сите, тоа е, не можеме све да знаеме.


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Jas sum na terapija so eutirox pijam po sema zatoa e taka utre ke treba da se javam na lazarevski da go prasam dali ke mi prave IVF so tsh2,32 ili ke saka da bide pod 2 ako kaze da e pod 2 endokrinolog ot kaza ke ja zgolemime dozata ako ne nema


ИЗВОРНА ПОРАКА: butterfly 00

Devojki jas stvarno neznam sto da kazam site lekari vikaat razlicno mene Gerasimovska i Lazarevski za TSH mi e 3,3 i vikaat deka e dobro, go prasuvav toa deka treba da e pod 2 mi vika nema vrska e sega neznam sto da kazam sekoj razlicno, mu vikam da odam da pregledam doktore mi vika ne i stvarno i jas sum zbuneta. Citam deka kapina i nekoi drugi RR pijat terapija. Mi vika oni sigurno pregleduvale i drugi vrednosti ova e samo osnovnata pa zatoa im dale terapija.



ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

butterfly јас мислам дека треба да им веруваме на специјалистите и да не опсесираме веќе толку околу све. Кога треба да биде нешто едноставно бидува и тоа е тоа.

И сега читав баш дека метформинот влијаел на намалување на ТСХ и за поголем процент на успешни ИВФ низ светов, може затоа Димитров го дава.



ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Da da kaj mene I prolaktinot bese visok sega e vo red. zatoa I napisav oti pijam jas veke eutirox odamna na mene eutirox mi dadoa oti navistina mi bese pokaceno tsh pred nekolku god


ИЗВОРНА ПОРАКА: Zoya

Капина не се секирај ОК е вредноста. И кај мене е над 2 и Лазаревски ми рече дека е ОК за ивф и дека тој хормон е многу поважно после редовно да се проверува во време на бременост. Ми рече ако сакам да одам да направам уште една проверка кај ендокринолог, но тој не инсистира да биде под 2.




< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 8.8.2014 9:20:43 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
8.8.2014 9:41:21   
LoveableMe RR
Е сега и јас не знам што да кажам на ова, ете кај др. Ивановски во Систина кога бев, ми викаше ТСХ мора да биде под 2.0, а мене ми беше околу 3.5 еднаш само ми беше 4.1., потоа пак беше 3.5 или 3.8. Другите тироидни хормони ми се во ред. Затоа ми дадоа Еутирокс и за првото ИВФ ТСХ ми беше под 1.0 и ете пак беше неуспешно. А во истата клиника Лазаревски вика за други пациентки ТСХ над 2.0 дека не е толку страшно, во ред е??

Исто и во Ремедика, ете викаат ТСХ не е толку важно, кого да слушаме сега? А има успешни ИВФ и со ТСХ над 2.0 или над 3.0, па тоа уште повеќе збунува. Светските ИВф центри пишуваат да биде под 2.0, подобро е за стимулации и за забременување при ИВФ, но не знам што да мислам?user posted image

А и да дополнам, секогаш кога земав Фемибион таблети, секогаш ТСХ ми се покачуваше, имаат јод и демек тоа е добро за ТСХ регулацијата, а кај мене влијаеше обратно. Ај сега...?user posted image



< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 8.8.2014 9:56:10 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
8.8.2014 11:35:59   
stefanie
loveableme jas eve 4 god pijam terapija eutiroks, momentalno zemam 50.. poslednata kontrola mi bese vo juni i vrednosta bese 2.69, doktorkata rece deka sega e vo red pa potaka pak ke kontrolirame. i jas imav citano deka treba da bidi pod 2, malku bev zbuneta no se prepustiv na doktorite tie da ja vodat postapkata, sigurno ne sum prviot slucaj takov user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
8.8.2014 11:43:52   
LoveableMe RR
Стефание, ти дадоа Еутирокс зошто ТСХ ти беше покачен? Колку ти беше? Претпоставувам со терапијава го среди и потоа за ова иВФ ти беше 2.69, така?

А пренатални витамини кои содржат јод пиеш (како јас овие германскиве Фемибион што ги пиев)? Имаше ли промена во ТСХ вредноста доколку пиеше такви витамини со јод? Позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот stefanie)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
8.8.2014 11:54:55   
kapina
Na mene sega ostavija endokrinologot da odluce dali ke ja zgolemI dozata na eutirox ili ne

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
8.8.2014 12:19:49   
stefanie
mislam deka vo 2010 togas uste vo mk otrkirv deka imam namaleno lacenje na fsh, vrednosta mi bese mislam 8 i nesto, ne se sekavam bas, pocnav da pijam po sema i sega stignav do 50. imav kontrola prvo na sekoi 3 meseci pa potoa na 6 i koga se preselivme vo stranstvo pak na 3 oti mi varirase na stres no sekogas vo dozvolenite granici.
pred godina i nesto koga bev na ginkeolog za prvite pregledi mi preporaca odma so folna da pocnam.. zedov od apteka i citam na upatstvoto deka treba tie so imat problem so fsh mu se preporacuva da pijaat bez jod.. bev na ginekolog i go prasav no toj mi rece mozis i od ovie da pies.. e sea nz dali od toa mi varirase vrednosta ili bev pod stres, nova sredina, zelba za dete.. neznam.. so redovna kontrola mislam deka mozi se da se sredi.. se nadevam deka nema da mi prave problemi vo bremenosta.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
8.8.2014 13:29:34   
LoveableMe RR
A ха, да 8.0 е доста голема вредност и во ред е што ти дале Еутирокс. Јас немам проблем со ФСХ, па пак кога пиев со јод Фемибион вредноста на ТСХ ми се покачуваше....

Во однос на ТСХ во бременост, штом пиеш апчиња и одиш на контрола за тироидната, нема никаков проблем. Позз, фала што сподели искуство, тука на сите ни значат тие искуства.user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот stefanie)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
8.8.2014 13:50:59   
kapina
Na mene jas koga prasav dvajca endokrinolozi dali da pijam jodmi rekoa ne e sega za namaluvanje na tsh mi rekoa selen da pijam. Jas veke pijam sumlivi tabletI a c e cink I selen po preporaka na ocen lekar

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
12.8.2014 23:41:35   
trust
na mene sto mi pomogna da si gi sredam hormonite na tiroidnata : prestanav da pusam i kafe da pijam, pocnav sekoj den da pesacam odprilika 1 saat i skroz iskluciv mozok user posted image ne citam poveke ni sto trebalo ni netrebalo da se jade i pise. I eve da se pofalam posle edna godnia od neuspesnoto Invitro mi se stabliziraa i TSH i T3 i T4 sve mi se vrati u normala. Inaku jas bev dijagnosticirana prvin so hipertiroidizam pa posle so hipo uste vo 2011godina. Znaci mi trebaa 3 godini da se vratam vo normala. Moj sovet kako patalec user posted image ne se mnogu zamarajte so brojki za TSH i T3 T4 , jas taka greska pravev i nikako da go dovedam TSH okolu 2 i kako site sto znaeme bilo dobro za zabrmenuvanje. Mojot doktor genikolog mi spomena deka TSH e vazen od koga ke se ostani beremena da se sledi i da se prima terapija a za zabremenuvanje ne e najvazen faktor. Samo opusteno zasto jas sve probav od hrana organska do site mozni vitamini za na kraj lekot da go najadam samata vo sebe. Samo smirenost i verba i sve e moznouser posted image

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
14.8.2014 15:33:31   
LoveableMe RR
Trust се слoживaм сo пoследните реченици
глaвaтa е мнoгу битнa. Пoзз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот trust)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
16.9.2014 10:49:43   
LoveableMe RR
Еве ме мене, со резултати ТСХ 2,28 и Т5 16,9, во рамки на нормала се вредностите и ТСХ е под 2,5 е сега останува на господ да се молиме и постапката да биде успешна да дојдам до две црткиuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
16.9.2014 15:04:54   
LoveableMe RR
"Аронија - храна и лек

Плодовите на црната аронија се исклучително богати со витамини. Од нив содржат витамин Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9 и многу реткиот витамин П. Од минералите содржи калциум, калиум, железо, молибден, манган, фосфор и јод. Во сите плодови содржи голема концентрација на антиоксиданси (танини, биофеноли, флавоноиди, антоцијанини, катехини) и се смета дека е поголем антиоксиданс од брусницата. Освен ова аронијата содржи и редок овошен шеќер сорбитол.

Посебно се истакнува нејзиното благотворно дејство на желудникот и црниот дроб затоа што ги прочистува и овозможува правилен раст и работа на овие органи. Особено важно е да се каже дека аронијата ја регулира правилната работа и излачување на хормонот на штитната жлезда, како и да ја регулира работата на панкреасот, па може да биде корисна и во лечењето на дијабетесот бидејќи го намалува нивото на шеќер во крвта."

Извор: доктори мк

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: Вредност на TSH за успешно ИВФ
4.12.2014 15:35:13   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sabrina

Jas pijam eutiroks a mi dadoa femibion da pijam i otidov vo hipertiroidizam i mislam deka tuka e greskata veke se lutam deka ne gledat samo kako brojka



потполно истиот проблем го имав и јас, иако не отидов во хипертироидизам, но дефинитивно ми се покачи ТСХ над 3,0 иако пиев еутирокс, а за ИВФ е потребно да биде под 2. Е кога ги пиев Фемибионот заедно со еутироксот, е тогаш ми се случи покачувањето и упорно им викав дека е од еутироксот, никој не ми веруваше од докториве, демек не можело тоа толку да влијае, ај сега...

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: Вредност на TSH за забременување и успешн...
12.1.2015 10:02:49   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: orhidea242

Да ја отвориме темата за хормонот на тироидната злезда колку е битен и дали прави проблеми при обид за забременување.


ohrideja242, добредојде на форумот се надевам ќе се дружиме. Тироидните хормони се битни за забременување и за ИВФ дефинитивно и треба да бидат во границите на нормала. Ти каков проблем имаш?

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: Вредност на TSH за забременување и успешн...
12.1.2015 16:55:40   
orhidea242
Хормонот ми е 4.5. Мегутоа после сите испитување најнакрај ми го испитаа ТСХ и незнам дали мозел цели две години да ми прави проблем

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: Вредност на TSH за забременување и успешн...
12.1.2015 19:22:35   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: orhidea242

Хормонот ми е 4.5. Мегутоа после сите испитување најнакрај ми го испитаа ТСХ и незнам дали мозел цели две години да ми прави проблем


Мој совет да направиш уште еден тест, да не е случајно стрес, но ако пак е покачена вредноста мораш да пиеш еутирокс. Ние сме подрачје во Македонија дефицитарно со јод и секој втор-трет има проблем со тироидната, за жал....

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот orhidea242)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: Вредност на TSH за забременување и успешн...
12.1.2015 20:26:36   
kapina
Jas zatoa si pijam oreovka i eitirox i tiroidnata sega bese super

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: Вредност на TSH за забременување и успешн...
12.1.2015 21:25:14   
orhidea242

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: orhidea242

Хормонот ми е 4.5. Мегутоа после сите испитување најнакрај ми го испитаа ТСХ и незнам дали мозел цели две години да ми прави проблем


Мој совет да направиш уште еден тест, да не е случајно стрес, но ако пак е покачена вредноста мораш да пиеш еутирокс. Ние сме подрачје во Македонија дефицитарно со јод и секој втор-трет има проблем со тироидната, за жал....

Pijam veke Eutirox 3 mesec i orevcinja so med :)

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: Вредност на TSH за забременување и успешн...
13.2.2015 10:59:24   
sakambebce
Би сакала да го споделам моето искуство со вас. Јас забременив првиот пат со вредност на ТСХ 1,46 а вториот со 1,50, но за жал имав спонтани во рана бременост поради позитивен ЛА. На терапија сум со еутирокс 50. Дали некој може да ми каже дека не се препорачува еутироксот во комбинација со аспирин(кој доктор ви кажал?). Од април треба да почнам со терапија со аспирин...Фала однапредuser posted image

(Одговор на членот orhidea242)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?