Snowhite RR -> RE: РР Кафемат (11.6.2014 22:06:40)
|
Абе жени да не се преселивме во Англија ние? Па што е ова ако не секој ден, секој втор врни, денеска пак, аман веќе[sm=hudicek1.gif] Туку друго да ве прашам, како се организирате мајки што одите само прва смена на работа, во врска со правење ручек? Јас да ви кажам, до пред да одам на породилно, одев во смени, еден ден прва, еден ден втора и кога бев втора ќе си направев ручек и за наредниот ден, ама откако се вратив на работа,одам само прва, до минатиот месец, мајка ми идеше ја чуваше Јана и таа ни готвеше, ама сега и Јана оди во градинка и нема кој да готви и никако не можам ред да фатам со готвење, се откако ќе се вратиме нешто готвиме набрзина и ручаме во 6 на одручек, некогаш си велам од претходниот ден да си направам, ама додека се наручаме, расчистам низ дома,наваму натаму и стварно ми е мака да земам да правам ручек, а и плус не се мирни да ги оставам, а откако ќе заспијаат, јас одма после нив заспивам. Еве вечерва ги легнав порано и сега правам ручек за утре, а очи ми капат за спиење, и затоа добро ми дошло некоја идеја од вас[sm=smiley1.gif]
|
|
|
|