RE: РР Кафемат (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Tanjat7880 -> RE: РР Кафемат (10.10.2014 8:15:31)

[img]http://i167.photobucket.com/albums/u149/Margie077/New%20Comments%20001/020_coffee2-1.jpg[/img]
A,uspeav li da ve zadrmam,ajde zenski kafe I ajde da si pomineme ubav soncev vikend,da mu se iznaraduvame[sm=sloncek.gif]




mommy_angels RR -> RE: РР Кафемат (10.10.2014 9:09:37)

E Tanja bash kakvo sto go sakam,extra strong [sm=smiley2.gif] , na vikendot i jas mu se raduvam iako rabotime i utre [sm=hudicek1.gif],maksimalno ke si go iskoristam denot,a na onie sto mislat deka i na praznik treba da rabotime,zasto sekogas im e malku,Gospod e tuka,toj ke presudi.Nie ke si gi grabneme decinjata i slobodnoto vreme ke si go iskoristime so prosetka




nataly86 -> RE: РР Кафемат (10.10.2014 9:39:05)

Фала за кафето баш ми треба едно екстра јако после ваква ноќ..Бебите се будеа едно па друго, како на скриена камереа бев[sm=smiley36.gif] таман си мислиш си средил кога оп одма друго бебе станува...одвај чекав да се раздени [sm=jezicek.gif]..еве сега тие спијат а мама едно кафе...ја чека напорен ден...недела им правиме крштевка па денес сум околу декорации балони бомбони и сл.

Поздрав и убав ден кај нас е сончевоо




Snowhite RR -> RE: РР Кафемат (10.10.2014 10:19:57)

Фала за кафето Тања, туку јас се смрзнав да ви кажам, а баш кога станав денеска си реков не е ладно, убав ден ќе биде, а јас смрзнав иако надвор има сонце, ама канцелараријава ми е под сенка, а за греалка да уклучам не е почната грејната сезона. Ќе варам чај да се стоплам
Празничен викенд не очекува, се надевам убаво ќе поминеме, вечерва огномет ќе има, а деновиве и празнична програма со повеќе активности




sandriana RR -> RE: РР Кафемат (10.10.2014 10:23:58)

Ех Тања, ама креативно кафе си послужила [sm=smiley1.gif]. Се надевам има и за мене една шоља, да шмркнам во друштво, оти се шекнувам по дома само со бебкава [sm=smiley1.gif].
А најавениот сончев викенд само лиги ми прави - се надевам бар на едно кафе ќе излеземе да прошетаме комплет со Т и мм - ми фалат викенд утринските кафиња со нив ...




Bethany -> RE: РР Кафемат (10.10.2014 11:48:51)

И јас ќе ви се придружам во кафе-пиењето, ако останало арно, ако не, друштво е побитно [sm=smiley1.gif]

Убаво времето е надвор, ние немаме планови за викенд, освен да го однесеме Ј во игротека, тоа му е ветувањето ако воспитувачката кога ни го предава рече: Се е изедел Ј во градинка, па бидејќи се изеде, ќе треба ветување да го исполниме [sm=smiley1.gif]

Убав ден на сите [sm=rozica.gif]




Bethany -> RE: РР Кафемат (11.10.2014 11:30:03)

Добар ден женски. Прекрасен ден денес. Моиве излегоа до игротека, јас останав дома. Добро се чувствувам, ама нешто ми е тежок чекор. Влечам нога по нога. Усисав и се преморив, ко да сум истрчала маратон, ем внимавав полека, да не запнам во мојот стил, па сега ќе јадам мандарини и ќе одмарам.
Мераци [sm=smiley1.gif]
Еве има и за вас:

[img]http://linge-ancien.net/wp-content/uploads/2013/11/mandarines.jpg[/img]

А има и кафенце, со љубов припремено, ако е некој за:

[img]http://www.coffeecups.co.uk/blog/wp-content/uploads/2011/02/Valentine-Coffee-300x276.jpg[/img]




LoveableMe RR -> RE: РР Кафемат (11.10.2014 11:33:44)

Бетани, фала ти, баш убаво освежување и јас сум за мандаринчиња, почнува нивната сезона.[sm=jezicek.gif]




Mihaela 2010 -> RE: РР Кафемат (11.10.2014 11:41:20)

Jas mandarinki ke si lapnam.Bethany ne se zamaraj mnogu, odmaraj si koristi prilika za odmor, bez forsiranje




Snowhite RR -> RE: РР Кафемат (11.10.2014 20:06:27)

Ох мандарини, бевме денеска на пазар да купиме пиепрки за ајвар, ама многу скапи бе 80 ден кило и не купив, продавчката му даде 2 на Михаил, па реков ајде ете ќе пробаат, оти лани баш не ги јадеше, па реков да не лупам пари бадијала
И така јас денеска печев пиперки, а за лупење ми помогнаа свеки и тетка ми, зашто јас нешто ептен се изнервирав и си лапнав едно лексилиумче за прв пат во живот и си легнав. За се има првпат тоа е
Ај да ви кажам една смешка. Кога бевме сабајле на пазар и купивме и памперси и Михаил ги зеде тој да ги носи и една жена ми вели Тој носи памперси? И јас мислејќи ме прашува демек тешки пампересиве па тој ги носи и викам Да, и таа кога ме погледна зачудено, дека голем а уште со памперси и кога ми текна што кажав, А не не, и велам за сестра му се, Е затоа вели ме зачуди и така се насмеавме[sm=smiley36.gif]




Палешка РР -> RE: РР Кафемат (12.10.2014 9:23:06)

Добро утро женскииии [sm=smiley1.gif]
Убав неделен ден имаме денес[sm=bravo.gif] Да ми се исушат алиштата што ми ги донесе синчето за перење, да ми скисне тестото за киснато....аххх, а најубав што сите четврица денес ќе бидеме заедно за неделен ручек. Ама тука ми е Марио и се ми е убаво, па и ако врне мене ми е сонце [sm=smiley31.gif][sm=smiley27.gif][sm=smiley16.gif]

Ви посакувам и вас убав ден со вашите најмили! [sm=zz_dance.gif]




Mihaela 2010 -> RE: РР Кафемат (12.10.2014 12:35:50)

Zdravo i od mene..ja denes rabotno..od sabajle pazaruvanje, pa niz kukja cistenje, vcera mi stasaa tepisite od hemisko, pribrav cvekjinjata doma, dosta im bese nadvor i sednav da odmoram uz kafe i RR.sonce si pece nadvor ubav den, pa prodolzuvam so kupatiloto, pa rucek za denes i utre pa banjanje leleee turbo.




nataly86 -> RE: РР Кафемат (13.10.2014 8:24:32)

Еве јас најранобудна...ставам кафе а и нешто да почастам за крштевката на моите најмили..
[img]http://www.pentagos.pl/gfx/realizacje/zdjecia/24/natural_catering%20poznan.JPG[/img] -
[img]http://thumb7.shutterstock.com/display_pic_with_logo/847900/115007005/stock-photo-catering-sweets-115007005.jpg[/img] -
[img]http://st.gdefon.com/wallpapers_original/wallpapers/398612_kofe_chashka_blyudce_lozhka_turka_zyorna_meshochek_5079x3563_(www.GdeFon.ru).jpg[/img] -




Felly RR -> RE: РР Кафемат (13.10.2014 8:34:22)

Честитки за крштевката Натали, нека се здрави и живи, и големи да раснат!!!

Јас еве кафенце си пијам, па после нешто да подработам по дома, па на работа втора смена.




Mihaela 2010 -> RE: РР Кафемат (13.10.2014 11:27:29)

Vreme e za kafe i mafe

[img]http://www4.slikomat.com/13/1013/92u-381211.jpg[/img]

[img]http://www4.slikomat.com/13/1013/waj-ekleri.jpg[/img]

Eve povelete




AneLav RR -> RE: РР Кафемат (14.10.2014 8:30:31)

Ајде добро утро на сите одамна ме нема во кафематов ама повторно стартувам. Бидејќи сум на диета ќе ве почестам со еден ваков појадок...
[img]http://thetasterevelation.com/wp-content/uploads/2012/10/apple-and-cinnamon-breakfast-muffins-with-oat-1024x678.jpg[/img]
[img]http://4.bp.blogspot.com/_l_ShKMsEcGU/TOmCUiSuc7I/AAAAAAAAAB4/aX2Pz8vaDd4/s200/coffee.JPG[/img]
Овесни колачиња и едно кафенце одлично за започнување на еден нов ден.[sm=smiley1.gif]




AneLav RR -> RE: РР Кафемат (16.10.2014 8:26:15)

Добро утро женички!!! ПОвторно ваков појадок од мене....
[img]http://www.vest.mk/WBStorage/Articles/00DCD4A8F1351740BE614A8EC418CE1A.jpg[/img]
[img]http://www.ladaneey.com/wp-content/uploads/1172472-e1275695219669.jpg[/img]




deluxe -> RE: РР Кафемат (16.10.2014 8:33:25)

Dobro utro!Anelav ke si we posluzam kafence,pojadokot ke ti go prepustam...Za mene dajte nesto burek I jogurt[sm=jezicek.gif]




Палешка РР -> RE: РР Кафемат (16.10.2014 8:34:26)

Здраво на сите и од мене...и јас моментално јадам јаболко [sm=bravo.gif]
Фала АнеЛав за појадокот [sm=smiley1.gif]




Mihaela 2010 -> RE: РР Кафемат (16.10.2014 9:03:21)

Dobro vi utro, jas momentalno pijam cajce od kamilica,ve citkam i da vidam sto me ceka denes na rabota..kakvo e vremevo bi si prilegnala




Felly RR -> RE: РР Кафемат (16.10.2014 9:14:49)

Времево навистина е само за спиење. Дури и М сабајлево едвај се разбуди за во градника, инаку во 7 е станата. Јас кафенце си пијам, а еве појадок и за другите што не се на диета, да не се чувствуваат запоставени. [sm=smiley36.gif]
[img]http://www.angeloshomestyle.com/images/breakfast.jpg[/img]




blond -> RE: РР Кафемат (16.10.2014 10:17:40)

АЈ добар ден, уште немам јадено, само една бисквита де, да не ме стегне желудник. Од сабајле со нервози, матичниот гинеколог без најава претходна, нема да работи 2 недели. Сабајле ја цунав вратата [sm=jezicek.gif] се залепив ко полжав.
Ми ес пуши цигара, а немам од кај да се изгребам, па кафето уште ми стои нечепнато.




LoveableMe RR -> RE: РР Кафемат (16.10.2014 10:33:32)

Нaтaли честитки се нaјубaвo, јaс дoцнaм сo честитките, нo нa тoј ден ми беше трaнсфер. А ќе земaм и oд другиве сoфри, сите се примaмливи. А денoв е крш, бaш сaмo зa спиење. Пoзз




Snowhite RR -> RE: РР Кафемат (16.10.2014 11:02:25)

Кај сте жени? Јас во хаос сум деновиве и дома и на работа, никако да погодам, ако погодам дома, на работа се раасправам, ако погоадам на работа, дома не е погодено и не знам кој пат да го фатам
Ахх дали ќе изгрее сонце веќе еднаш, не мислам на вистинско, метафоричко[sm=smiley1.gif]
Ај да не ви расипувам и вас расположение




sandriana RR -> RE: РР Кафемат (16.10.2014 11:27:31)

Над Скопјево небото плаче за нашиот Тоше, изгледа, денес...[sm=smiley13.gif]
Јас се токмев со бебе да излезам низ маало, да подмирам сметки и да испазарам, ама ништо од планот мој...ќе си слушаме музика од Тоше и ќе се забавуваме низ дома.
Кафе уште не сум пиела, со појадок завршив - ќе се послужам со ова од АнеЛав [sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  91 92 [93] 94 95   Следна страница >   >>