RE: РР Кафемат (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Палешка РР -> RE: РР Кафемат (16.10.2014 21:24:31)

И мене денов ми беше крш [sm=smiley19.gif] вака лош ден одамна сум немала...и глупостиве уште траат ли траат... [sm=zmeden.gif]




AneLav RR -> RE: РР Кафемат (17.10.2014 8:09:59)

Добро утро жени денес не ве честам појадок, уста не ми се отвара вчера слушнав некои неубави работи се испотресов ама тоа е ... Ајде едно чајче од Валеријана частам...
[img]http://www.makmoda.com/wp-content/uploads/2014/07/nega-567.jpg[/img]




mamicki -> RE: РР Кафемат (18.10.2014 23:24:06)

Леле, 1200 години не сум потседнала да ве ѕирнам! Има ли некаде тема за детска миопија и други проблеми со вид?




Felly RR -> RE: РР Кафемат (20.10.2014 11:01:46)

Мамички, навистина одамна не си не дружела, ама и другиве денес слабо, сите изгледа се испозаспани од викенд. Ајде кој е за кафе и муабет, повелете.
[img]http://fc08.deviantart.net/fs70/i/2012/007/7/0/coffee_and_cake_by_melly_boo-d4lkiei.jpg[/img]




Mihaela 2010 -> RE: РР Кафемат (20.10.2014 11:06:31)

More ne sme ispozaspani,nekako ladnicko vremencevo ,a bogami ni sleduvaat uste poladni denovi..vcera na vesti kazuvaat provejuvanje na sneg,dete ripna od radost,demek sneg ke ima,[sm=smiley36.gif], vikam kerko tesko i godinava,tuku dur ne sum stanala golema si vikam da pojdeme na nekolku dena na snegce da se poraduva dete..ama ima vreme uste e rano.
Felly sekogas ubavi raboti ni prinesuvas,jas ke si zemam i kafence i blacko




Melanija RR -> RE: РР Кафемат (24.10.2014 9:57:25)

Добро утро денес работен ден а нема никој ,ајде ајде петок е

[img]http://www.tea-coffee.co.za/images/main_content/image_strip/318_0/large/20.jpg[/img]
[img]http://know.burrp.com/wp-content/uploads/2011/07/conti-brekky.jpg[/img]




blond -> RE: РР Кафемат (24.10.2014 10:28:24)

Добар ден Меланија, колку прекрасен појадок мх мх.
Јас вчера и денес викенд терам, а за викенд сум на работа турбо и сабота и недела.




Felly RR -> RE: РР Кафемат (24.10.2014 11:06:24)

Јас од чајчето ќе земам, и мене викеднот ми почна од вчера, а и ќерче е дома на одмор со кашлицава да се опоравиме, па од понеделник со нови сили.




Dilina -> RE: РР Кафемат (24.10.2014 11:14:14)

Леле пријателки, 3 дена не сум спиена, мојава цуца смени со спиењето, џабе се фалев дека сме наспани [sm=smiley36.gif] почна да се буди ноќе на саат време, таман ќе заспијам она будна... па едно време ич не сум ја чула како ќенка, татко и ја презаспал за чудо хехе, ако нека се учи.... едно кафенце дрмнав ама џабе, па сега ќе мцнам и од виртуелново белким ќе ме расони [sm=smiley1.gif] ајде убав ден на сите иде викенд да си се опуштиме малце




nataly86 -> RE: РР Кафемат (24.10.2014 12:23:38)

Првото го испивме но не делува[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] секоја вечер се молам да почнат да врзуваат барем 5-6 саати спиење...како аларм се на 3 часа...плус измеѓу здригнување, заспивање и за 1 час пак на нога[sm=zz_banghead.gif][sm=zz_banghead.gif]

Едно вакво мислам ќе ме размрда во овај тмурен ладен ден
[img]http://odditymall.com/includes/content/giant-coffee-mug-0.jpg[/img] -




mamicki -> RE: РР Кафемат (24.10.2014 13:18:36)

Браво за кафево [sm=bravo.gif], сте ми ја погодиле мерата [sm=smiley36.gif]




Tanjat7880 -> RE: РР Кафемат (28.10.2014 13:43:03)

Devojki,pa dobar den,pa nigde nikoja da stavi kafe I isturi "prazni"muabeti tuka!Pa shtopravite,shto se slucuva,kako go podnesuvate studot?!Kaj mene,ko po obicaj,eden problem reshen I zavrshen tri drugi pocnuvaat,glava nemozam da krenam od deshavki koi mi gi pravat drugi,koi moram da gi resham I koi ne zavisat od mene(konfuzna sum znam,no ete taka e).A sinot mi,pa smeni u shkolo pa drushtvo posle shkolo,ete zeludnikot mi se prevrtuva od ovie novonastanati situacii,ne si go gledam deteto,a se vidime a se skarame[sm=smiley13.gif]Ete se ispozaliv,aj sega vie "pukajte"




Melanija RR -> RE: РР Кафемат (28.10.2014 14:46:14)

Ни кафе ни муабет[sm=smiley36.gif]
Tanjat7880 така си е едно ќе помине друго ќе дојде [sm=zmeden.gif] а студов го речивме со ,,топло,, парно [sm=hudicek1.gif]
Моево дете има нос на мене па тече и пак пауза од градинка,ок не е страшно ама ќе се навикне па пак дома




LoveableMe RR -> RE: РР Кафемат (31.10.2014 9:35:31)

Ајде женски, гледма со недели нема активност на кафематов, периодов на сите ни е изгледа мачен, но што да правиме, мора да се продолжи понатаму, без разлика колку тешка изгледа планината, ќе мора да ја совладаме.[sm=zmeden.gif]

Денес прочитав дека е 40-тиот роденден на маскотата Хелоу Кити, па си реков ај да се развеселиме, да почастам кафе и колачиња во знакот на празникот.

[img]http://zase.mk/wp-content/uploads/2014/06/11.jpg[/img]
[img]http://www.sweetsugarbelle.com/blog/wp-content/uploads/2012/09/Hello-Kitty-Bow-Cookies-9.jpg[/img]
[img]http://nanahood.com/wp-content/uploads/2013/03/549954_10151308082504139_840824071_n.jpg[/img]




Melanija RR -> RE: РР Кафемат (31.10.2014 13:34:23)

Да живее мачката [sm=bravo.gif] кафето топ плус колачиња супер [sm=bravo.gif] LoveableMe RR

Затишје пред Нова година изгледа[sm=smiley36.gif]




Defne90 RR -> RE: РР Кафемат (3.11.2014 8:39:07)

Ајде добро ви утро женски.Јас одамна немам честено кафе тука изгледа ниту пак имам доаѓано на муабет.Епа редно е да ставам и јас по едно.Ајде имајте си убав ден,додуше ладничко надвор ама пак ни тоа не е толку пресудно за доброто расположение.Битно е ние какво ќе си го направиме.Ве поздравувам.[sm=smiley1.gif]
[img]http://cdn.blog.benetton.com/wp-content/uploads/2013/04/Morning-coffee-Blog-Benetton-1.jpg[/img]




Melanija RR -> RE: РР Кафемат (3.11.2014 8:58:52)

Defne90 ми фалеше твоето кафе [sm=smiley1.gif] Како си,како со градинка?




LoveableMe RR -> RE: РР Кафемат (3.11.2014 9:54:01)

Defne90, фала за кафето, навистина те снема, како се справуваш со Индијанците?[sm=smiley36.gif]




Defne90 RR -> RE: РР Кафемат (3.11.2014 12:09:40)

Женски јас не можам да дојдам на ред на компјутер од децата.Цело сабајле се туркаме со малиот.А после пак кога ќе заспие си доаѓа и големиот и тој го окупира.Принудени бевме и да го спакуваме некое време,затоа што почнаа да се забораваат на него.А и сакам синко повеќе да се ориентира околу градинката и она што им го задаваат за дома отколку околу компјутер.Сега имаат ограничено време за седење пред него што МОРА да се почитува.[sm=smiley1.gif]
Инаку си се прилагоди синко во градинка,немаме веќе проблеми си оди секое сабајле со мерак.Возпитувачката дури го пофали дека почнал сам и да си јаде.[sm=smiley1.gif]
Мислев дека со тргањето на градинка ќе имам повеќе време за себе,ама некако не ми оди од рака се нешто ми излегува.Што да правиш домаќински живот.[sm=smiley1.gif]
Бидете ми поздравени женски,навистина ми е мило што мислите на мене и што ви фалело моето отсуство.И вие ми фалевте многу да знаете.[sm=smiley1.gif]
Отсега натаму почесто ќе си ве дружам.[sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: РР Кафемат (3.11.2014 12:32:37)

Гледам останало уште едно кафенце, точно за мене. Дефне ни фалеше, ајде сега почесто да не дружиш. Убави вести за вашиот напредок во градинка.




Defne90 RR -> RE: РР Кафемат (4.11.2014 12:55:17)

Нема кафе ни чај? Ааа не може тоа така.Одма сите да сте се нацртале на топло чајче овде,малку да се потстоплите и да си ги разбудите сетилата.[sm=smiley1.gif]

[img]http://www.filtersfast.com/blog/wp-content/uploads/2012/01/Cup-of-Tea.jpg[/img]

Ајде па и по еден кекс со него да мцнеме,да се подзаблежиме,добро ќе ни дојде.[sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif]

Женски поздравче и имајте си убав и пријатен ден.[sm=smiley1.gif]

[img]http://www.megankfitness.com/wp-content/uploads/2012/10/ChocolateTeaCookies.jpg[/img]




LoveableMe RR -> RE: РР Кафемат (4.11.2014 12:58:25)

Eве јас идам, навистина ми е примамлива понудата за овој дел од денот мммм, поздрав




Defne90 RR -> RE: РР Кафемат (5.11.2014 15:12:28)

Добро бе женски ќе му текне некому тука кафе да стави?Ајде јас пак се пријавувам за главна кафекуварка за денес,и мене ми се пие многу.Па и изморена од пат ко шо сум ако не се напијам можно е и да заспијам.А обврски чекаат така да нема време за спиење.

Инаку бев на лекар,и откако ме прегледа убаво,замислете среќа во несреќа,коската на нос ми се скршила на место што не захтева ни операција ни никакви помагала затоа што не е дислоциранa.Така да си поминав само со апчиња.[sm=smiley1.gif]Е сега што не е убаво и што сум поттечена цела тоа си е друго,ама како што рече лекарот,за се си треба време.[sm=smiley1.gif]

Така домаќинки,јас отидов да си го пијам кафето на тераса со цигарче,па кој е за нека ми се придружи.Поздрав голем.[sm=smiley1.gif]
[img]http://www.holbrooksonline.co.uk/wp-content/uploads/2013/06/different-types-of-coffee1.jpg[/img]




LoveableMe RR -> RE: РР Кафемат (5.11.2014 16:25:27)

Defne90, алал да ти е за кафето и частенките, сите сме мрзеливи и немаме желба изгледа многу за кафе пиење, таков е периодот. Среќа во несреќа, со помин проблемот со носот и одмарај , ќе се среди. Позз, имај убав ден




Melanija RR -> RE: РР Кафемат (6.11.2014 10:34:35)



Defne90 побрзо да помине и зарасне ,а кафево како секогаш ти е супер не да ми се пие кафе мммммДенес мм го однесе М во градинка па доспав до 10часот ауууу добро ми дојде [sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  92 93 [94] 95 96   Следна страница >   >>