Melanija RR -> Места/градови/ цркви како помош за забременување (12.11.2013 15:08:46)
|
Секојдневно сме сведоци на приказни како жените кои неможат да забременат посетиле на некое место/град/црква/манастир низ Македонија и забремениле и добиче живи и здрави деца. Во оваа тема може да ги опфатиме сите места за кои веќе не постои тема на Подфорумот Забременување ========================================== За почеток дел од денешен натпис во дневниот печат Чудото во скопско Бањани На четириесетина минути оддалеченост од Скопје, на височините на планината Скопска Црна Гора, се наоѓа манастирот "Света Богородица". Во дворот на манастирот ќе го видите дрвото кое наликува на трудна жена, а за кое приказната вели дека им помогнало да забременат на многу жени кои биле неплодни. До таму се стигнува поминувајќи низ селата Бањани и Горњани, а потоа се продолжува кон рудникот Бањани". Уште стотина метри погоре, ќе дојдете до знакот на кој пишува дека до манастирот има уште триста метри. Приказната за трудното дрво се случила пред две години, за кое, како што велат мештаните и домаќини на манастирот, им помага на сите коишто посакуваат, а не можат да имаат деца. Во дворот на манастирот седеле тројца мажи, дедо Милош, овчарот и уште еден нивни пријател, кога се појавил човек од Скопје, кој се претставил како Илија. Тој им раскажал на присутните оти сонил дека токму во тој манастир се наоѓа бремена жена. Тројцата мажи се насмеале и му кажеле дека тоа не е можно, бидејќи во манастирот има само мажи. Но, сепак Илија бил упорен и тврдел дека на ова место има жена која е во блажена состојба. Тој започнал да бара и го нашол дрвото кое личи на стомак на трудница. На дедо Милош и на неговите пријатели не им се верувало во тоа што го гледаат, а дедо Милош вели дека никогаш порано не го забележал тоа дрво, ниту пак неговиот израсток. Најпрво треба да се наполни вода од манастирската чешма, мажот и жената потоа треба да се помолат внатре во манастирот и да ја кажат молитвата, да ги замијат рацете со водата, потоа да се упатат кон дрвото и таму да го сторат истото. Од кај дрвото треба да си продолжат кон своите домови од друга страна, бидејќи не треба да се вратат повторно до манастирот штом еднаш отишле до дрвото. Извор:Курир
|
|
|
|