scared RR -> RE: Места/градови/ цркви како помош за забременување (23.4.2015 13:16:07)
|
Годинава сакавме да одиме на Говедаров камен ама ете мм не е тука а дали ќе дојде до 5 ти мај не знам, ама кој има можност нека оди, секојдневно слушам успешни приказни од таму. Можеби сум пишала ама еве пак. Има манастри во Волково мала богородица, една женичка ми кажа токму тој месец кога била таму инсеминацијата и била успешна, иако пред тоа имала неуспешни обиди , неколку спонтани. Потребно е само да се однесе некое бело дарче, јас купив бела маичка, има посебно место каде се остава, да се помолиш , да се замиеш со водичката и тоа е тоа. Јас си купив веќе маичка ама повторно со изненадното заминување на мм во странство не отидов. Штом дојде здравје прво таму ќе одам. Потоа ми кажаа за една бабичка Цвета која работи во манастирот Св. Ѓорѓи во Загорци. Женава помогнала на многу парови да добијат дете, ама ако не си за таму ти кажува. Кој е заинтересиран нека ми пише ќе му објаснам поубаво и број ќе му дадам. Уште телефонски ако не си за таму бабичкава кажувала.
|
|
|
|