вераинадеж -> RE: Места/градови/ цркви како помош за забременување (22.8.2016 10:41:30)
|
И јас бев таму,никој немаше,црквата беше заклучена,ми падна многу криво,ама тоа е.Се помолив пред црквата по мое,во себе,како што ми дојде во моментот и оставив бело боди и пари за свеќи во поштенското сандаче на вратата од црквата,немаше каде на друго место да ги оставам,а свеќи немаше надвор за да запалам.Отидовме до чешмата позади олтарот на црквата,под претпоставка дека таа е тој извор на кој што треба да се измијам и седнав на каменчето од страна што е поставено.Се измив,се напив,пак во себе си се помолив и оставив на чешмата две бели чорапчиња.Поминав и во Св.Богородица Кичевско,во атарот на село Другово.И таму се протнав под каменот и пиев вода од изворот.Човекот што ги чистеше свеќниците ми рече молитвата да ми е од срце,и од срце во себе си ја реков.Кога се протнував,во истиот момент,попот почна да пее од надвор.Почна крштевката на едно бебенце надвор.Имав чувство на надеж во тој момент.Одморот го искористивме за дишење планински воздух и посета на многу свети места каде што имавме слушнато по пат.Сами, без да бараме луѓе.Некои беа отворени,некои затворени.Кај сите со иста молитва,па се надевам дека желбата наскоро ќе ни се оствари.
|
|
|
|