RE: Вештачко оплодување V дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


Melanija RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (22.8.2014 15:39:02)

Поддршка за сите во процес [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] и за сите упорни и силни девојки[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Karma -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.8.2014 9:45:48)

Hopeful kako sto ti pisa i Kate18 i jas gi imam zemeno od Zegin za 302 denari :) so lesno ja imas nasata ooddrska :)




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (26.8.2014 16:41:24)

Девојки, само што бев на ехо. Има околу 7 фоликули на едниот и 4-5 на другиот јајник, сега се околу 9-10мм. Од денес почнав и со по 4 Фостимони, и во петок уште една проверка на естрадиол и ехо. Најверојатно пункцијата би била вторник или среда, па ќе видиме [sm=smiley36.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (26.8.2014 16:47:53)

Hopeful, супер бaш те мислев дo кaде си, сaмo убaвини и сo леснo. Кaкo ги пoднесувaш фoстимoните, кaкo си сo емoции? Јaс сум вo движење, пишувaм oд мoбилкa, зaтoa ме немa мнoгу, нo прaтaм, oд утре ќе бидaм пoaктивнa☺, пoзз




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (26.8.2014 19:10:10)

Фала ти на убавите зборови Loveable Me, ајде со лесно и кај тебе наскоро. Кога почнуваш?

Инаку ок сум, мислев дека повеќе ќе полудам [sm=smiley36.gif] Осцилирам помеѓу емотивни, мирни и сожалливи периоди, и раздразливи и нервозни испади. Приметив дека иако вообичаено лесно се нервирам, сега па ептен, плус па и си преувеличувам и драматизирам [sm=smiley36.gif] Сепак, ретки се тие моменти, генерално сум помила од обично [sm=smiley1.gif]

Гадењата и нагоните за повраќање исчезнаа, сега имам само главоболки и болки во јајниците. Според тоа што го виде докторот, ми рече дека допрва тек ќе ме боли, ама ако, само да излезе се ок. Здебелена сум и подуена, тоа нормално, ама гледам да пијам тон вода, па не задржувам многу течности.

[sm=smiley31.gif]




Kaya -> RE: Вештачко оплодување V дел (26.8.2014 22:21:47)

Еве и јас да се пријавам. Денес ми е седми ден како се боцкам, сеуште не сум добила очекувам утре или задутре.. Хоупфул, со среќа! Мене докторот ми кажа дека ќе се стимулирам со Пурегон. мускулно се примаат така? Да знам да се припремам психички;)




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (26.8.2014 22:57:20)

Kaya, со среќа и тебе [sm=smiley1.gif]

Како ти оди со Супрефакт? Сама се боцкаш?
Инаку другите се мускулни, да, ама не е ништо страшно. Не знам дали Пурегон е исто како Фостимон само со друго име, или различни се, но како и да е, и двата се со иста функција.

Само лабаво [sm=smiley31.gif]




sanjaaaa! -> RE: Вештачко оплодување V дел (27.8.2014 8:04:35)

Hopeful, Kaya баш ме радува што досега се одвива се како што треба, така ќе биде и до крај на постапката!!!! Сигурна сум дека ќе успеете, јас верувам! Уживајте и спокојно си ги чекајте деновите на голема радост!!!!!!! Со лесно и се најубаво!!!!




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (27.8.2014 13:21:06)

Хoпефул и Кaјa, сo леснo и убaвo. Хoпефул, јaс верoјaтнo ќе пoчнaм 12 или 13 септември ќе пoчнaм, ми рекoa дa се јaвaм нa 17 или 18 ден oд циклус дa ми дaдaт шемa. Нa кoј ден oд циклус се пoчнувaше сo супрефaкт, сум зaбoрaвилa?[sm=zmeden.gif]




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (27.8.2014 13:38:24)

Loveable Me, со среќа и тебе [sm=smiley1.gif]
Со Супрефакт почнав на 15 ден, и мислев дека е тоа општо за сите, ама може има и друга шема, бидејќи ти рекле да се јавиш на 17 или 18 ден. Може има врска со тоа што нема да пиеш Микрогинон овој пат?

Како и да е, се надеваме на плодна есен [sm=smiley36.gif]




tea 88 -> RE: Вештачко оплодување V дел (27.8.2014 13:40:06)

Srekno na site sto se vo postapka. i jas ke pravam ifv pijam ciklo proginova i na vtor den od ciklus treba da otidam na eho. ova mi e prvo ifv i mnogu mi e strav. a zosto na vtor den togas ke mi dadat sema na inekcii?




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (27.8.2014 14:17:16)

tea88, со среќа [sm=smiley1.gif]
Ни се зголемува IVF друштвото [sm=bravo.gif]

На втор ден се дава шема за инекции, да. Ќе почнеш со Супрефакт, па потоа и со стимулации - Пурегон, Фостимон, како и да одличи докторот. Каде ќе правиш, кај кој доктор?




tea 88 -> RE: Вештачко оплодување V дел (27.8.2014 14:25:34)

kaj Dr Tase vo Plodnost.pri pregled na eho mi rece deka sluznicata mi e tenka e sega toa znaci endometrium i moze da jadam ananas i cveklo ? i da ve prasam nesto moze ne e mestoto ovde na prasanjeto ama dali moze ako sum imala clamidija bakterija da ne sum mozela od nea da zabremenam?




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (27.8.2014 14:56:47)

Искрено, не знам ни за едното, ни за другото, но секако е добро да јадеш ананас и цвекло. А за кламидијата, штом си во постапка за IVF, веројатно веќе ја немаш, така што не е битно за порано, тоа што било - поминало.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (27.8.2014 15:35:52)

Tea88, пиши кога точно ќе почнеш со супрефакт, да те ставиме на список. Фала ви за информацијата девојки, веројатно докторот одлучува кога да почнеме со боцкања, зависно од документацијата што ја имаме...треба да ја побарам старата шема да видам претходно кога почнав со супрефакт. Да, Хопефул не пијам микрогинон, одма ќе почнам со боцкање. Другите кај сте, имате ли веќе одредно датум за почеток на терапија?

*******2014*******
[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif] АКТУЕЛНО[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif]

11.08 - Hopeful - почеток со терапија (Ивановски, Систина)
21.08 - Kaya - почеток со терапија (Димитров, Ремедика)
12.09 - Loveable Me RR- почеток со терапија (Димитров, Ремедика)
/.09 - Zoya - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
/.09 - butterfly00- почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
/.09 - Milicka30 -почеток со терапија (Таше Tрпчевски, Плодност)
/.09 - kapina - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
/.09 - Tea88 -почеток со терапија (Таше Tрпчевски, Плодност)
/.09 - gina - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
/.09 - skriena - трансфер со смрзнати ембриони (Лазаревски, Систина)
/.10 - весник - трансфер со смрзнати ембриони (Лазаревски, Систина)


=========================

[sm=nosecka.gif]ИСЧЕКУВАЛКИ[sm=nosecka.gif]


=========================

ПОДДРШКА
[img]http://s.rimg.info/b2f7df1390160efd03076835d4d3e16c.gif[/img]

firenca didi, Adelle,gina,Bogdancanka RR, koki12, skopjance, mimiiiiiiiiiiiii, taci14 ,Herco, trust, kapina, cacim, babyhope, LoveableMe RR, I LOVE, baby77, Anna78, kate.., dzvezda, bubble, SOLE, butterfly00, snekki, milasteve, almushka, Yaya,skriena, brm_bm, mery, macika4, весник, marina111
=====================

2014 година
nataly86 [sm=9nebesa.gif] Lina*[sm=9nebesa.gif] Каrma[sm=9nebesa.gif] biljana87[sm=9nebesa.gif] Anonimen[sm=9nebesa.gif] babylove**[sm=9nebesa.gif] avgustina2 [sm=9nebesa.gif] Kolacence [sm=9nebesa.gif] fragolina [sm=9nebesa.gif] lolla [sm=9nebesa.gif] mesecina83 [sm=9nebesa.gif] lily98 [sm=9nebesa.gif] stefanie[sm=9nebesa.gif]







kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (27.8.2014 15:40:55)

Moze I od klamidijata da nemozes da zabremenis no I od prolaktinot jas jadam ednas nedelno cveklo sekoe sabajle med nagladno zatoa I ananas vo konzerva e endometriumot moze da ti e tenok od visok prolaktin se imas li snimeno na magnetna rezonansa




Kaya -> RE: Вештачко оплодување V дел (27.8.2014 16:07:12)

Со лесно нека ни е на сите што сме во постапка.. по се изгледа дека секој доктор има различен пристап, а и се зависи од состојбата.. Јас на пример почнав со Сипрефакт на 21 ден од циклус, а јасминот го пиев и овој циклус и три претходни... Инаку сега добив, ама кафеавко со црвенки нишки, се јавив кај сестратаи ми рече да намалам денес на 0,3, а за естрадиол да одам во сабота..инаку од денес почнувам и со метформин од 500 х 2. Поздрав идни мајки[sm=smiley27.gif][sm=smiley27.gif][sm=smiley27.gif]




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (27.8.2014 16:57:31)

kapina, морам да те замолам да не ја плашиш и дезинформираш tea88 со твои аматерски дијагнози - кламидија, висок пролактин, и ајде сега магнетна резонанца да прави. Девојката си е во процедура за IVF и си оди кај доктор кој води сметка за сите овие работи. Веќе кажа дека и е страв, и навистина не и треба уште толку да ја плашиме. Каков и е да ендометриумот, докторот ќе каже што и како треба да направи, а ние сме тука за поддршка, размена на искуства и основни информации и разбирање.

tea88, нема потреба да се плашиш, IVF не е ништо страшно, туку напротив - гледај на тоа како да секој ден си се поблиску до [sm=duda.gif] Ако се уште немаш ни добиено за да почнеш со Супрефакт, можеби ендометриумот и треба да биде тенок. Ако нешто не ти е јасно или си несигурна, прашај го докторот - сигурна сум дека тој повеќе знае од ние тука [sm=smiley36.gif]




tea 88 -> RE: Вештачко оплодување V дел (28.8.2014 16:06:54)

ne me plasi nisto Kapina [sm=smiley1.gif]. imam napraveno magnetna i imam mikroadenom na hipofiza i zatoa mi e prolaktinot pokacen. Megutoa i endokrinolozite pocnuvajki od Slavica Subevska, Gordana Pemovska i Brankica Krstevska site me sovetuvaa na invitro a jas sakav da se operiram Zagreb ama toa e mora so preporaka. a moze zatoa mi e tenok endometriumot mi nema dojdeno 2 mes. a isto i kaj Lazarevski imav otideno na konsultacija i toj preporacuva invitro. mene samo me plasi ishodot od setoa toa i se nerviram sto celo vreme mislev e samo prolaktinot a jas sum imala i klamidija. abe koga netreba da bide jas sum ziv primer za toa redovni kontroli na klamidija sekoja godina preku bris negativno a sega preku krv pozitivno. zatoa ne treba da se nervirame ako treba da bide ke bide.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (28.8.2014 20:55:25)

Теа88, имаме тема за Кламидија, доколку си правела редовно брисеви и било негативно, веројатно се е во ред. Најголем проблем е ако ти ја откријат и не ја лечиш ни ни ни партнерот со години, е тогаш сигурно прави проблем со неплодност.

Другите дали веќе имате датуми за почеток со ИВФ, каде сте, ве нема?




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (29.8.2014 10:58:13)

tea88, штом е таква ситуацијата, ич не се мисли, добро што си почнала со IVF. Кламидијата секако треба да ја лечиш, а за пролактинот не се секирај, веќе пишав дека една моја колешка со аденом и пролактин до бескрај само што се породи.
Кога би почнала со терапија?
Со среќа!




tea 88 -> RE: Вештачко оплодување V дел (29.8.2014 11:51:43)

pocnav so ciklo progynova i na vtor den od ciklus treba da pojdam na eho da me vidi doktorot i ako mi e dobra sluznicata (oti mi rece prethodno deka mi e tenka) sigurno ke mi daj terapija po sema. a za klamidijata mo 2 najmalku godini od lazno negativni rezultati sega preku krv se pokaza pozitivno i ja izleciv konecno.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (29.8.2014 12:17:16)

Tea88, да те замолам да ни пишеш, знам спомна дека докторот ти дал ГЕ132 црвените да ги пиеш, па да ни кажеш дали ти ги давам пред почеток на терапијата, колку пати на ден и до кога ти кажа да ги пиеш?




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (29.8.2014 13:30:39)

Девојки, бев на проверка на естрадиол и низок е како за после 9 дена стимулации - 515 е, а треба 1000 да фати. Докторот ми ја продолжи и зголеми стимулацијата денес и викендов, па во понеделник пак ќе мерам естрадиол. Количината што ја покрива фондот нема да ми биде доволна, и треба да докупам Фостимони. Дали знаете да ми кажете колку пари се?

И после ваучер за бесплатно IVF, жими мајка... се преплативме и за испитувања, и партиципација, и ова сега... си играат со над ко да сме заморчиња.




fragolina -> RE: Вештачко оплодување V дел (29.8.2014 14:50:14)

edna inekcija FOSTIMON e 1400 denari.




Страница: <<   < Претходна страница  78 79 [80] 81 82   Следна страница >   >>