|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  88 89 [90] 91 92   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вештачко оплодување V дел
23.9.2014 11:38:22   
LoveableMe RR
Hopeful, се боцкам со супрефакт 05, па од денес супрефакт 0,3, па на 3-ти ден естрадиол треба да мерам, па потоа да се видам со докторот за да ми одреди терапија.

Тој рече веројатно овој пат ќе одиме со по 4 пурегона, мене ми се чини тоа многу, ќе му барам по 3 пурегона, ќе видам што ќе каже.

Туку, кажи ти мажле како реагираше на тестот за бременост, какви му беа реакциите?user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2226
   RE: Вештачко оплодување V дел
23.9.2014 12:39:29   
sonce79
Hopeful ние иста процедура ке имаме изгледа, и ти како мене во четврток си имала пункција, Камо срека исто и да заврши user posted image А тебе прво ин витро ти беше?
LoveableMe RR, денес сите сме крш со времево. Инаку и јас почнав со Суперфакт 0,5 ама кога добив, престанав.. Сите сме со различни терапии, зависи од докторот и од случајот ама тие се тие лекови.. user posted image Мене мислам дека јајниците ке ми излезат кај и да е..user posted image Отечени ги осекам како пред добивање.. Вечер стоп инекција и утре слободен ден од боцкање,срека..

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2227
   RE: Вештачко оплодување V дел
23.9.2014 12:40:45   
mili4kask
Здраво девојки!
Јас сум стар член на форумов, една IVF бременост истерав со вас. user posted image Мојата ќеркичка е веке 4 годишно девојче. Во петок почнувам со боцкање кај Ивановски во Систина. Да се ставам на списокотuser posted image Инако по породувањето 4 години бев на Јасмин и сега ми дадоа Микрогенон 15 дена на 15-тиот ден одам и почнувам со боцкање. Се надевам дека ќе истераме уште еден процес со среќен крај. Честитки до Hopeful од се срце!!!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2228
   RE: Вештачко оплодување V дел
23.9.2014 12:48:45   
LoveableMe RR
Sonce79, стискаме палци за тебе и да ни јавиш убави вести.

mili4kask, многу се радуваме кога стари членови пак ќе не најдат и не дружат, навистина преубаво е чувството. Ти посакуваме и овој пат успешно ИВФ за второ дете и те ставам на список. Би те замолила да споделиш искуство за првото ИВФ (терапија, витамини, постапка на боцкање и сл.) во темата Имав успешна постапка на забременување...

Нешто Zoya ни ја нема, до каде стигна со постапката?


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот mili4kask)
Непосредна врска до пораките: 2229
   RE: Вештачко оплодување V дел
23.9.2014 12:53:50   
mili4kask
Секако LoveableMe RR, веќе попладне ќе ја имате мојата приказна од првото успешно инвитро. Ајде тука сме заедно ќе се бодриме и ќе стискаме палци! user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2230
   RE: Вештачко оплодување V дел
23.9.2014 13:16:15   
skriena
hopeful lesna bremenost so sreka i daj boze site da si ja docekame ovaa radost user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mili4kask)
Непосредна врска до пораките: 2231
   RE: Вештачко оплодување V дел
23.9.2014 16:46:40   
Hopeful RR
А бе ми ја полните душата кога ве читам user posted image Девојки, фала ви бескрајно, што за мене, тоа за сите, знаете!

Инаку мажле се збуни, кутар user posted image Идеме по тестот и чекаме да ни наплатат, и си викаме не го гледаме тука на пулт туку ќе го превртиме листот и надвор ќе гледаме. Плаќам јас, се пресметуваме со таа за пари, и она коментира нешто конфирмативно од типот - а, немате. Мм сфатил дека збори за тестот и се пресекол! Уште збунет, ни го даваат листот, го вртиме наопаку и со главите на страна ко ненормални додека не излеговме надвор. Го вртиме листот, бараме, нигде нема бројка, само референтни вредности! Се дозбунивме уште толку, и кога конечно ја видов бројката му ја покажав и почнав да плачам ко кретен, а он не сфаќа - што е, што е, има ли, стварно ли има user posted image Па после почнав да му зборам да не не е наш тестот, да не ги смешале резултатите со некоја друга. Па он таков збунет, ми вика дај одма кај докторот, да потврди, вака не сум раат. А бе гревови! user posted image Горе кога се качивме ми вика - немој да и кажуваш на сестрата тука во ходник, одма кај докторот! Не знам, го фати некоја паника, страв, параноја, којзнае. Тек откако не изгушка докторот малце се олабавивме user posted image И сега е збунет, пресреќен, ама си рековме да почекаме до ехо за повеќе да се подопуштиме.

Инаку sonce79, и јас бев четврток/сабота, да! Со среќа на пункција, да извадат многу јајце клетки и да се оплодат што повеќе! Дали би замрзнале ембриони? Инаку прво ivf ми е, да. Ајде, ти праќам baby dust се да помине ок и да си имаш и ти ваков исход!

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот skriena)
Непосредна врска до пораките: 2232
   RE: Вештачко оплодување V дел
23.9.2014 20:33:23   
sonce79
Хихих, baby dust ...баш ми се допаѓа како звучи user posted image Баш денес разговаравме со мм за тоа, дали би замрзнале доколку има повеќе јк и секако сме за оа доколку нели има доволно. Не знам кога се кажува тоа, дента на пункцијата или кога веќе ќе се знае колку има, т.е за трансферот?
И како се решава која метода ќе ја користат за оплодување?

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2233
   RE: Вештачко оплодување V дел
24.9.2014 10:35:16   
LoveableMe RR
Hopeful, ме изнасмеа со постот, мажле ти е ептен тремаџијаuser posted image , а како не би бил на толку очекувана вест.... user posted image

sonce79, по пункцијата обично докторот доаѓа во соба и ти кажува колку фоликула извадиле, колку се добри за оплодување, те прашуваат дали ќе смрзнете и чекаш ембриологот да ти се јави и да ти каже колку се оплодиле. Која метода ќе ја применат за оплодување зависи од докторот, вашата дијагноза со сопругот, годините и сл. Среќно, пиши како ќе пројдеш!

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот sonce79)
Непосредна врска до пораките: 2234
   RE: Вештачко оплодување V дел
24.9.2014 10:45:00   
Hopeful RR
Замрзнувањето зависи и од квалитетот на оплодените ембриони - кај мене имаше само 3 со добар квалитет, и уште 3 за кои ембриологот рече дека не се за замрзнување. И ние сакавме да замрзнеме, но ембриологот ни рече подобро не, не се исплати трошокот за само еден ембрион. А постапката ја одредуваат соодветно на дијагнозата, бројот на јајце клетки, квалитетот на спермата и претходната историја. Мене ме прашаа дали ни е прва бременост, и откако им ја спомнав можната биохемиска, се одлучија да се оди пола-пола.

sonce79, со среќа утре!!! Те чекаме да ни пишеш! user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2235
   RE: Вештачко оплодување V дел
24.9.2014 12:29:13   
mili4kask
Едно прашање девојки, читав околу храната за време на стимулацијата и по ЕТ. Нешто специфично да препорачате?user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2236
   RE: Вештачко оплодување V дел
24.9.2014 12:43:22   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sanjaaaa!

mili4kask и јас сум слично на тебе, 4 и пол години ќерка со ивф и сега во подготовка за ивф за второ дете? Во Систина ли ќе правите, кај д-р Ивановски? Ние кај д-р Ивановски! поздрав и успешно ИВФ и user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: mili4kask

Ти благодарам Сања да и ние кај Ивановски :) Почнувам со боцкање во петок! Ајде и кај тебе уште едно бебпче наскоро и двете да се радуваме!user posted image



_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот mili4kask)
Непосредна врска до пораките: 2237
   RE: Вештачко оплодување V дел
24.9.2014 12:45:10   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mili4kask

Едно прашање девојки, читав околу храната за време на стимулацијата и по ЕТ. Нешто специфично да препорачате?user posted image


TУКА имаш најразлични совети за се околу ИВФ постапката, исхрана, вежби совети и сл. Позз, те чекаме да кажеш како ќе поминеш првиот денuser posted image


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот mili4kask)
Непосредна врска до пораките: 2238
   RE: Вештачко оплодување V дел
24.9.2014 12:48:20   
mili4kask
Благодарам за информацијата :) Во петок ќе ви пишам како ќе поминам. Одвај чекам да почнам да ви кажам искрено user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2239
   RE: Вештачко оплодување V дел
24.9.2014 12:49:18   
Hopeful RR
Според тоа што го наоѓав на нет, се препорачува да се избегнуваат јаглехидрати и да се внесува претежно протеинска храна, и многу течности. Исто така, авокадо се покажало како многу корисно, бидејќи содржи здрави масти.


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот mili4kask)
Непосредна врска до пораките: 2240
   RE: Вештачко оплодување V дел
24.9.2014 13:44:53   
sanjaaaa!
sonce79 со среќа и со лесно утре, да извадите повеќе квалитетни јајце клетки и да споделуваме радост! user posted image user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2241
   RE: Вештачко оплодување V дел
24.9.2014 15:32:15   
sonce79
Ви благодарам на подршката девојки..user posted image user posted image Ке ви пишам утре штом дојдам дома.. Едвај чекам искрено, сигурна сум дека ке биде се како што треба. user posted image Ми се јави пред малку сестрата од Систина да ме потсети утре во колку треба да сум таму. Како да можам да заборавам user posted image

(Одговор на членот sanjaaaa!)
Непосредна врска до пораките: 2242
   RE: Вештачко оплодување V дел
24.9.2014 15:42:30   
mili4kask
Ајде sonce дај боже убави вести утре и што повеќе извадени квалитетни јајце клетки!!!

(Одговор на членот sonce79)
Непосредна врска до пораките: 2243
   RE: Вештачко оплодување V дел
24.9.2014 16:19:47   
tea 88
so sreka sonce79 utre sto poveke i pokvalitetni da imas jajce kletki. mene deneska na eho me gledase doktorot ( 6 den od ciklus) i estradiolot e samo 77. mnogu malku i samo 3 ili 4 folikuli. i sega mi dade merional po 3 denes i utre i pak eho vpetok. sto mislite vie devojki ke porasnat so merionalot poveke?

(Одговор на членот mili4kask)
Непосредна врска до пораките: 2244
   RE: Вештачко оплодување V дел
24.9.2014 16:23:11   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: tea 88

so sreka sonce79 utre sto poveke i pokvalitetni da imas jajce kletki. mene deneska na eho me gledase doktorot ( 6 den od ciklus) i estradiolot e samo 77. mnogu malku i samo 3 ili 4 folikuli. i sega mi dade merional po 3 denes i utre i pak eho vpetok. sto mislite vie devojki ke porasnat so merionalot poveke?


Да би требало, затоа ти дава за да ги досозрее и потоа да може да се направи пункција. А за број ич да не се секираш, стално спомнувам еден случај што ги знам, кога жената имаше само две јајце клетки на пункција, еееј само две, па двете се оплодија и сега има прекрасни ќеркички, така што нема ама баш никакво правило тоа фоликулите. Позз на сите, среќно во постапката, чекаме вести од сите вас поединечно

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот tea 88)
Непосредна врска до пораките: 2245
   RE: Вештачко оплодување V дел
24.9.2014 21:58:07   
tea 88
ne mi e jasno sega ovie merional mi gi dade za da dosozreat tie 3-4 folkikuli? a nema da se napravat novi i da porasnat , samo 4 ke bidat za punkcija?

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2246
   RE: Вештачко оплодување V дел
24.9.2014 23:06:44   
kapina
Lele luge kolku sum depresivna. od yasmin mi se place cesto denes na rab ota mnogu se iznervirav ne ni dadoa od 8 casot sabajle do 13 casot da odime vo toalet da izvrsuvame fizioloski potrebi posto bese dojdela nekoja kontrola od anglija ti anglicani ni se strateski partneri i ne smeese nikoj da ode vo toalet i vikam jas se spremam za ivf moze li barem jas da odam do toalet vika ako odes ke te kaznime i posle toa imav bolki od steganje vo stomakot vo jajnicite 5 casa nikoj da ne smee vo toalet da odi toa ni go rekoa ne sakav da se raspravam oti i bez toa nemam namera da ostanam tamu po ivf

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2247
   RE: Вештачко оплодување V дел
24.9.2014 23:11:15   
kapina
Na seta maka sto ja imam oti od pon treba da pocnam so superfact a vo nedela treba mekici da davame za vnuceto neznam kako ke izdrzam. od edna strana se raduvam a od druga se plasam so ishodot sto ke bide dr lazarevski mi dade mnogu nadez no so gospod napred

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 2248
   RE: Вештачко оплодување V дел
24.9.2014 23:14:21   
Karma
Sonce nema pricina za zagrizenost, jas imav samo 4jajce kletki od koi tri se oplodija no do et preziveaa samo dve i imav uspesno prvo if. ..sega sum 36ta nedela cekame dve princezi :) samo pozitivno se ke bide vo najdobar red..
Sekako i na ostanatite vo postpkata vi posakuvam uspeh...neka uspesnite primeri vi bidat vodilka za cekor do vasiot son...

_____________________________

2,5 години неуспешно природно, уредни резултати, хормони и проодни канали, олигоспермија кај мм, 4 инсеминации=неуспешни, 1 ИВФ - успешно

(Одговор на членот sonce79)
Непосредна врска до пораките: 2249
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 8:53:11   
mili4kask
Капина издржи! ЈАс јасминот го пиев 4 години, мислам дека ќе се пореметев, сега сум пред боцкање па ми даде лекарот микрогенон. Ајде се се издржува кога знаеме за што се боримеuser posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Lele luge kolku sum depresivna. od yasmin mi se place cesto denes na rab ota mnogu se iznervirav ne ni dadoa od 8 casot sabajle do 13 casot da odime vo toalet da izvrsuvame fizioloski potrebi posto bese dojdela nekoja kontrola od anglija ti anglicani ni se strateski partneri i ne smeese nikoj da ode vo toalet i vikam jas se spremam za ivf moze li barem jas da odam do toalet vika ako odes ke te kaznime i posle toa imav bolki od steganje vo stomakot vo jajnicite 5 casa nikoj da ne smee vo toalet da odi toa ni go rekoa ne sakav da se raspravam oti i bez toa nemam namera da ostanam tamu po ivf


(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 2250
Страница:   <<   < Претходна страница  88 89 [90] 91 92   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  88 89 [90] 91 92   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?