|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  89 90 [91] 92 93   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 9:18:55   
LoveableMe RR
Капина издржи. mili4kask , сакаш да кажеш дека пиеш јасмин/микрогинон 4 години во континуитет?

Карма, ако не прочиташ, да те замолам да ја раскажеш твојата приказна во Имав успешна постапка на забременуавње во.., да им дадеме надеж на другите рингерајки.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот mili4kask)
Непосредна врска до пораките: 2251
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 9:47:28   
Hopeful RR
Kapina, жал ми е, ама ќе издржиш, му се гледа крајот user posted image За мекиците ич не се замарај, следните ќе бидат за тебе. Ако до толку ти е тешко, само појави се да честиташ и оди си, измисли нешто демек.

tea88, не се секирај за бројката - и ќе созреат овие, а може и да пораснат нови со добра големина. Битен е квалитетот, не само квантитетот, не сме ние како мажите user posted image За нас скроз важи она "една, ама вредна" user posted image

Денес ја чекаме sonce79 да ни раскаже за пункцијата!

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2252
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 12:31:23   
sonce79
Здраво на сите.. Еве ме и мене од пункцијаuser posted image извадија 10јајце клеткиuser posted image утре ќе ми се јават да ми кажат колку се оплодиле и кога трансферот.. Прво дојде дпкторот и ми рече дека е супер, дека 8 има сигурно а потоа ембриологот ми потврди дека 10 извадиле. Некои поголеми некои помали ама се било тоа нормално.Ептен сум среќна, се надевам дека ќе биде сега се во ред и понатака
Ви благодарам за подршката, многу ми значи.. И се надевам дека сите со позитивни вести ќе се јавуваат..
Инаку добро се осеќам, малку притисок осеќам во јајниците ама ништо страшно..user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2253
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 12:37:11   
LoveableMe RR
sonce79, одлични вести, супер чекаме да ни јавиш кога трансфер, но во Систина најчесто прават на 3-ти ден. Колку ти беше естрадиолот пред пункција? Пиј електролити, помагаат против надуеностuser posted image

*******2014*******
user posted image user posted image user posted image АКТУЕЛНОuser posted image user posted image user posted image

21.08 - Kaya - почеток со терапија (Димитров, Ремедика)
01.09 - Zoya - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
05.09 - sonce79 - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
15.09 - Loveable Me RR- почеток со терапија (Димитров, Ремедика)
19.09 - Tea88 -почеток со терапија (Таше Tрпчевски, Плодност)
26.09 - mili4kask - почеток со терапија (Ивановски, Систина)
29.09 - kapina - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
/.09 - Milicka30 -почеток со терапија (Таше Tрпчевски, Плодност)
.10 - butterfly00- почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
/.10 - весник - трансфер со смрзнати ембриони (Лазаревски, Систина)
/.10 - skriena - трансфер со смрзнати ембриони (Лазаревски, Систина)


=========================

user posted image ИСЧЕКУВАЛКИuser posted image
12.09 -Kaya =пункција / ///// = ET
25.09 -sonce79 =пункција 28.09 = ET



=========================
/////// - Kaya = ТЕСТ
12.10 - sonce79= ТЕСТ


ПОДДРШКА
user posted image

firenca didi, Adelle,gina,Bogdancanka RR, koki12, skopjance, mimiiiiiiiiiiiii, taci14 ,Herco, trust, kapina, cacim, babyhope, LoveableMe RR, I LOVE, baby77, Anna78, kate.., dzvezda, bubble, SOLE, butterfly00, snekki, milasteve, almushka, Yaya,skriena, brm_bm, mery, macika4, весник, marina111
=====================

2014 година
nataly86 user posted image Lina*user posted image Каrmauser posted image biljana87user posted image Anonimenuser posted image babylove**user posted image avgustina2 user posted image Kolacence user posted image fragolina user posted image lolla user posted image mesecina83 user posted image lily98 user posted image stefanieuser posted image Hopeful user posted image



_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2254
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 12:53:43   
bucko mal
Hopeful,Cestitki od srce-imaj lesna I ubava bremenostuser posted image
Ajde neka ni se mnozat trudniciuser posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Девојки, сабајлево правев бета ХЦГ и излезе 1010! user posted image Вон себе сум од радост и ви го посакувам ова на сите!!!

Откако се прибрав со плачење и цивкање на паркингот пред Систина user posted image , отидовме кај докторот и ни потврди дека сум трудничкаааа! Ни кажа и дека најверојатно се и двете, затоа што бетата е висока user posted image

Терапијата ми останува иста, и ми закажаа ехо следниот вторник user posted image Ве гушкам сите и се надевам дека од денес ќе читаме само добри вести за сите нас user posted image

Ви праќам baby dust!!! user posted image user posted image user posted image
user posted image user posted image


_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2255
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 13:24:42   
Hopeful RR
bucko mal RR, фала ти најмногу! user posted image

sonce79, супер се 10, и јас имав толку!!! user posted image
Одмарај си сега, и чекај повик утре user posted image

< Поракaта ја уредил Hopeful -- 25.9.2014 13:25:36 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 2256
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 13:27:52   
sonce79
LoveableMe, во понеделникот мерев последен пат и ми беше 1105 естрадиолот. Тогаш и ја закажавме пункцијата. Се боцкав уште вечерта со Фостимон,Мерионал и Цитротиде и во вторникот стоп инекција! Инаку некаде прочитав дека велиш Фостимонот дека се дава само мускулно, но и мене ми го дадоа првично во стомак,поткожно, но кога ми го додадоа Мерионалот ми рекоа мускулно да го ставам, бидејќи е многу за во стомак..
Чисто информативно, да не помисли некоја рр дека прави нешто погрешно user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2257
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 13:32:14   
Bethany
Хоупфул, честитки и од мене.
Да имаш лесна бременост и живи, здрави и убави бебиња user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот sonce79)
Непосредна врска до пораките: 2258
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 13:47:20   
Hopeful RR
Фала Bethany user posted image

И јас мислев дека Фостимон исклучив мускулно се става, но повеќе пати ми кажаа дека може и поткожно. Да знаев од почеток, немаше да идам секој на боцкање него ќе се средев сама, ама бидна user posted image Како и да е, добар совет за девојките што допрва почнуваат со Фостимон - може и така, и така.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 2259
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 13:51:47   
Mihaela 2010
Preubava vest Hopeful,ti posakuvam lesna bremenost,i uzivaj ne se zamaraj so nistouser posted image user posted image

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2260
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 13:54:19   
mili4kask

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Капина издржи. mili4kask , сакаш да кажеш дека пиеш јасмин/микрогинон 4 години во континуитет?

Карма, ако не прочиташ, да те замолам да ја раскажеш твојата приказна во Имав успешна постапка на забременуавње во.., да им дадеме надеж на другите рингерајки.



Да да. Веднаш по породувањето ми се врати ендомедриозата. Само така ја држиме во состојба за да не расте. Веднаш после породувањето поминаа 6 месеци и почнав со јасмин. Овој месец Ивановски ми даде микрогинон за пред боцкање. Тоа е што да кажам user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2261
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 14:18:42   
deluxe
Hopeful cestitki!!! Imaj si lesna I najubava bremenost.Bog da te izraduva so 2-3 bebencauser posted image user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот mili4kask)
Непосредна врска до пораките: 2262
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 14:40:50   
sanjaaaa!
Браво sonce79 10 јајце клетки !!!!user posted image user posted image user posted image user posted image
Ајде остана уште ЕТ и само уживанција и радости!!!! Среќно! Имаш голема поддршка од нас!!!!user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 2263
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 14:55:51   
mili4kask
Браво sonce79!! Одлична бројка!! Сега уште малку па да не радуваш user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот sanjaaaa!)
Непосредна врска до пораките: 2264
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 15:09:06   
Anonimen
Здраво. Во процедура сум за ивф. Еве пред два дена почнав да се боцкам со супрефакт, од 0,5. Би сакала да прашам, за колку инекции може да се користи едно шишенце? Ми рекоа штом ќе ми остане уште малку, да дојдам да ми дадат уште едно. Па да знам кога да отидам. Фала

(Одговор на членот mili4kask)
  Непосредна врска до пораките: 2265
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 15:32:36   
Hopeful RR
Здраво, Anonimen. Супрефактот е доволен за повеќе од 10 дена, ми се чини, со тоа што ако не си сигурна, земи си го второто шишенце и нека ти седи во фрижидер.
Со среќа! user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Anonimen)
Непосредна врска до пораките: 2266
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 17:37:15   
gina
sonce79 user posted image bravo odlicna brojka na jk

mene mi se javija od sistina za na kontrola vo ponedelnik i da sme ja napravile semata se nadevam deka ce pocnam
i sakav da ve prasam devojki za bockanje vremeto sami si go odreduvate ili doktorot vi kazuva

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2267
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 18:48:34   
kapina
Na mene prviot pat Dr Tase mi rece od 18 do 20 casot da gi stavam inekciite a Dr lazarevski sega mi kaza samo vo isto vreme ne e bitno koga

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 2268
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 20:58:26   
LoveableMe RR
Анонимен добредојде, сакаме да не дружиш како и другите рингерајки. Супрефакт обично даваат две шишенца, колку што следат од ФЗО, потоа не дај боже да треба же докупиш, но најчесто им стасува на сите рингерајки. Кај кој доктор си? Прво ИВФ? Како ти е шемата?

Џина, среќно, те чекаме со убави вести. Секогаш треба во исто време инекциите, а во кој дел од денот..обично викаат од 15.00-21.00 часот најдобро ги прима организмот, па ти реши во колку саат секој ден ќе ги примаш.

Јас денес бев да мерам естрадиол, ми беше под 20, па така докторот реши да почнеме со пурегон, тој рече 4, ама јас минатиот пат во Систина имав 3 дена по 3 фостимона, па потоа 5 дена по 4 фостомона (9 дена стимулација вкупно 33 фостимона), а тука докторот ми рече минимум 10-12 дена стимулација, па со 4 ми се виде многу бидејќи добро реагирав на претходното ИВФ (имав 15 фоликули) и тој се согласи да одиме со по 3 пурегона, макар што сакаше да исфорсира со поглема стимулација, но јас сум против тоа. Мислам дека не треба само да се форсира туку треба квалитет, а не дај боже и хиперстимулација и трошење на јајниците. Тоа е мое ислење, можеби грешам, но ете така решив. Што мислите вие рингерајки?

Потоа ми рече вторник на мерење естрадиол и ехо.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 25.9.2014 20:59:23 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 2269
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 21:30:33   
Hopeful RR
Loveable Me, мислам дека подобро вака со 3, ем да не дојде до хиперстимулација, ем да стигне количината препишани инекции од фзо и да не мора да докупуваш. Добро што се согласил докторот на твоето инсистирање, фер од негова страна.
Gina, мене ми кажаа дека најдобро е инекциите да се примаат од 14 до 18ч, инаку јас сакав сабајле пред работа, ама не можеше. Откога ќе почнеш треба да се запази времето со плус/минус еден час.
Ајде со лесно user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2270
   RE: Вештачко оплодување V дел
25.9.2014 21:56:03   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Loveable Me, мислам дека подобро вака со 3, ем да не дојде до хиперстимулација, ем да стигне количината препишани инекции од фзо и да не мора да докупуваш. Добро што се согласил докторот на твоето инсистирање, фер од негова страна.


Викаш, а? Па и јас така мислам, само ај секогаш сакам да слушнам мислење, па си реков да ве прашам. Денес кога ме боцкаа во рка и нога, толку ме заболе, не знам зошто денес сум преосетлива, не да ми идеше на сестрата да и врзам шлаканица од што ме заболе, леле мајко..иако знам девојчето не беше криво, очигледно ќе почнат да болат сега инекциите....

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2271
   RE: Вештачко оплодување V дел
26.9.2014 0:16:15   
gina
da znam devojki deka vo isto vreme treba da gi primam prviot pat ce bockav vo 16:30 a poslednite 4ivf se bockav vo 19:30 e sega se mislam za da isplaniram nekako da se bockam kaj maticniot tie rabotat do 16 casot porano odev kaj sestra doma ama sega mi e sram pak da prasuvam ama sama nikako nemozam of samo za se da se dumasuser posted image fala devojki

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2272
   RE: Вештачко оплодување V дел
26.9.2014 10:08:10   
Hopeful RR
Gina, ако сакаш сама, можеш поткожно, не е проблем. Ако ти е страв од боцкање, тогаш оди си на лекар и ич не се замарај.

Loveable Me, подобро што одиш со помала количина на почеток, па после по потреба. Нели е подобро поспоро да се развиваат, за да созреат убаво, а не набрзина да збуфнат само - барем така ми кажаа мене во текот на постапката. Плус, ако добро си реагирала на минатата стимулација, може нема ни да треба минимум 10 дена стимулација, како што пресметал. Не знам дали си умислувам, ама понекогаш ми се чини дека докториве напнуваат со огромни стимулации за по секоја цена да има многу јајце клетки - па и за да понудат опција за замрзнување. Се е тоа ок, ама си има последици на телото, и апсолутно се слагам - нема зошто да се старееш без потреба. Уживај, добро што не запнал по свое него сте се согласиле на твојата желба. Ако има потреба, откако ќе мериш естрадиол, ќе се зголеми дозата. А за болењето, зависи и која сестра каква рака има - мене понекогаш така ме болеа, а бе по цели денови ги осеќав, газот ренде ми беше user posted image Додуша Пурегон може повеќе болат од Фостимон... ќе издржиш, појака си отколку што мислиш user posted image

sonce79, има некакви информации од ембриологот? user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 2273
   RE: Вештачко оплодување V дел
26.9.2014 12:05:07   
mili4kask
Девојки еве да се пријавам, јас денес бев на 15 ден од микрогенон со цел да почнам со боцкање. Сепак ќе треба да го завршам ова пакетче, и на 2 ден од циклус почнувам со ново. На 15 ден почнувам со суперфакт 0,5 два два дена се напишани па мерење на естрадиол и продолжување со 0,3 и почнување со фостимо... нешто пишува не препознавам. Не ги знам бидејќи за претходното ИВФ примав Гонал Ф. user posted image

Ете така ќе си пијам уште малку микрогенон. За боцкањето малку ме зачуди вика од 2 ипол до 4 ипол секој ден..јас сум на работа, доле имам тука една приватна клиника па да прашам колку ќе ме чини боцкање. Далил знаете одприлика колку се плаќа само боцкање приватно?

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2274
   RE: Вештачко оплодување V дел
26.9.2014 12:11:57   
sanjaaaa!
Јас се јавив во Систина и ми рекоа кога ќе добијам менструација од 2-3 ден да почнам да пијам микрогинон и да им се јавам да закажеме за шема! Ама ќе се начекам само што ми завршува менструацијата, следната ќе биде негде втората половина од октомври кога треба да почнам со микрогинон.
sonce79 ајде чекамe убави новости денес, па потоа следни се Loveableme,Kaya,Zoja,tea88, mili4kask, kapina,anonimen, gina и сите други по ред да се префрлат во најдолниот список на обоени со розево, што ги означила Loveableme, а тоа се успешните ИВФ во 2014 година, нека се зголемуваааа!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2275
Страница:   <<   < Претходна страница  89 90 [91] 92 93   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  89 90 [91] 92 93   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?