RE: Вештачко оплодување V дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 9:18:55)

Капина издржи. mili4kask , сакаш да кажеш дека пиеш јасмин/микрогинон 4 години во континуитет?

Карма, ако не прочиташ, да те замолам да ја раскажеш твојата приказна во Имав успешна постапка на забременуавње во.., да им дадеме надеж на другите рингерајки.




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 9:47:28)

Kapina, жал ми е, ама ќе издржиш, му се гледа крајот [sm=smiley1.gif] За мекиците ич не се замарај, следните ќе бидат за тебе. Ако до толку ти е тешко, само појави се да честиташ и оди си, измисли нешто демек.

tea88, не се секирај за бројката - и ќе созреат овие, а може и да пораснат нови со добра големина. Битен е квалитетот, не само квантитетот, не сме ние како мажите [sm=smiley36.gif] За нас скроз важи она "една, ама вредна" [sm=smiley36.gif]

Денес ја чекаме sonce79 да ни раскаже за пункцијата!




sonce79 -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 12:31:23)

Здраво на сите.. Еве ме и мене од пункција[sm=smajl.gif] извадија 10јајце клетки[sm=bravo.gif] утре ќе ми се јават да ми кажат колку се оплодиле и кога трансферот.. Прво дојде дпкторот и ми рече дека е супер, дека 8 има сигурно а потоа ембриологот ми потврди дека 10 извадиле. Некои поголеми некои помали ама се било тоа нормално.Ептен сум среќна, се надевам дека ќе биде сега се во ред и понатака
Ви благодарам за подршката, многу ми значи.. И се надевам дека сите со позитивни вести ќе се јавуваат..
Инаку добро се осеќам, малку притисок осеќам во јајниците ама ништо страшно..[sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 12:37:11)

sonce79, одлични вести, супер чекаме да ни јавиш кога трансфер, но во Систина најчесто прават на 3-ти ден. Колку ти беше естрадиолот пред пункција? Пиј електролити, помагаат против надуеност[sm=bravo.gif]

*******2014*******
[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif] АКТУЕЛНО[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif]

21.08 - Kaya - почеток со терапија (Димитров, Ремедика)
01.09 - Zoya - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
05.09 - sonce79 - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
15.09 - Loveable Me RR- почеток со терапија (Димитров, Ремедика)
19.09 - Tea88 -почеток со терапија (Таше Tрпчевски, Плодност)
26.09 - mili4kask - почеток со терапија (Ивановски, Систина)
29.09 - kapina - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
/.09 - Milicka30 -почеток со терапија (Таше Tрпчевски, Плодност)
.10 - butterfly00- почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
/.10 - весник - трансфер со смрзнати ембриони (Лазаревски, Систина)
/.10 - skriena - трансфер со смрзнати ембриони (Лазаревски, Систина)


=========================

[sm=nosecka.gif]ИСЧЕКУВАЛКИ[sm=nosecka.gif]
12.09 -Kaya =пункција / ///// = ET
25.09 -sonce79 =пункција 28.09 = ET



=========================
/////// - Kaya = ТЕСТ
12.10 - sonce79= ТЕСТ


ПОДДРШКА
[img]http://s.rimg.info/b2f7df1390160efd03076835d4d3e16c.gif[/img]

firenca didi, Adelle,gina,Bogdancanka RR, koki12, skopjance, mimiiiiiiiiiiiii, taci14 ,Herco, trust, kapina, cacim, babyhope, LoveableMe RR, I LOVE, baby77, Anna78, kate.., dzvezda, bubble, SOLE, butterfly00, snekki, milasteve, almushka, Yaya,skriena, brm_bm, mery, macika4, весник, marina111
=====================

2014 година
nataly86 [sm=9nebesa.gif] Lina*[sm=9nebesa.gif] Каrma[sm=9nebesa.gif] biljana87[sm=9nebesa.gif] Anonimen[sm=9nebesa.gif] babylove**[sm=9nebesa.gif] avgustina2 [sm=9nebesa.gif] Kolacence [sm=9nebesa.gif] fragolina [sm=9nebesa.gif] lolla [sm=9nebesa.gif] mesecina83 [sm=9nebesa.gif] lily98 [sm=9nebesa.gif] stefanie[sm=9nebesa.gif] Hopeful [sm=9nebesa.gif]





bucko mal -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 12:53:43)

Hopeful,Cestitki od srce-imaj lesna I ubava bremenost[sm=smiley31.gif]
Ajde neka ni se mnozat trudnici[sm=sloncek.gif]

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Девојки, сабајлево правев бета ХЦГ и излезе 1010! [sm=smiley1.gif] Вон себе сум од радост и ви го посакувам ова на сите!!!

Откако се прибрав со плачење и цивкање на паркингот пред Систина [sm=smiley36.gif], отидовме кај докторот и ни потврди дека сум трудничкаааа! Ни кажа и дека најверојатно се и двете, затоа што бетата е висока [sm=smiley36.gif]

Терапијата ми останува иста, и ми закажаа ехо следниот вторник [sm=smiley1.gif] Ве гушкам сите и се надевам дека од денес ќе читаме само добри вести за сите нас [sm=smiley31.gif]

Ви праќам baby dust!!! [sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif]
[sm=smiley31.gif][sm=sloncek.gif]




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 13:24:42)

bucko mal RR, фала ти најмногу! [sm=smiley31.gif]

sonce79, супер се 10, и јас имав толку!!! [sm=bravo.gif]
Одмарај си сега, и чекај повик утре [sm=smiley1.gif]




sonce79 -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 13:27:52)

LoveableMe, во понеделникот мерев последен пат и ми беше 1105 естрадиолот. Тогаш и ја закажавме пункцијата. Се боцкав уште вечерта со Фостимон,Мерионал и Цитротиде и во вторникот стоп инекција! Инаку некаде прочитав дека велиш Фостимонот дека се дава само мускулно, но и мене ми го дадоа првично во стомак,поткожно, но кога ми го додадоа Мерионалот ми рекоа мускулно да го ставам, бидејќи е многу за во стомак..
Чисто информативно, да не помисли некоја рр дека прави нешто погрешно [sm=smajl.gif]




Bethany -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 13:32:14)

Хоупфул, честитки и од мене.
Да имаш лесна бременост и живи, здрави и убави бебиња [sm=smiley1.gif]




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 13:47:20)

Фала Bethany [sm=smiley1.gif]

И јас мислев дека Фостимон исклучив мускулно се става, но повеќе пати ми кажаа дека може и поткожно. Да знаев од почеток, немаше да идам секој на боцкање него ќе се средев сама, ама бидна [sm=smiley36.gif] Како и да е, добар совет за девојките што допрва почнуваат со Фостимон - може и така, и така.




Mihaela 2010 -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 13:51:47)

Preubava vest Hopeful,ti posakuvam lesna bremenost,i uzivaj ne se zamaraj so nisto[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




mili4kask -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 13:54:19)


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Капина издржи. mili4kask , сакаш да кажеш дека пиеш јасмин/микрогинон 4 години во континуитет?

Карма, ако не прочиташ, да те замолам да ја раскажеш твојата приказна во Имав успешна постапка на забременуавње во.., да им дадеме надеж на другите рингерајки.



Да да. Веднаш по породувањето ми се врати ендомедриозата. Само така ја држиме во состојба за да не расте. Веднаш после породувањето поминаа 6 месеци и почнав со јасмин. Овој месец Ивановски ми даде микрогинон за пред боцкање. Тоа е што да кажам [sm=smiley13.gif]




deluxe -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 14:18:42)

Hopeful cestitki!!! Imaj si lesna I najubava bremenost.Bog da te izraduva so 2-3 bebenca[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




sanjaaaa! -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 14:40:50)

Браво sonce79 10 јајце клетки !!!![sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]
Ајде остана уште ЕТ и само уживанција и радости!!!! Среќно! Имаш голема поддршка од нас!!!![sm=smiley31.gif][sm=zz_twins.gif][sm=smiley31.gif]




mili4kask -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 14:55:51)

Браво sonce79!! Одлична бројка!! Сега уште малку па да не радуваш [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Anonimen -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 15:09:06)

Здраво. Во процедура сум за ивф. Еве пред два дена почнав да се боцкам со супрефакт, од 0,5. Би сакала да прашам, за колку инекции може да се користи едно шишенце? Ми рекоа штом ќе ми остане уште малку, да дојдам да ми дадат уште едно. Па да знам кога да отидам. Фала




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 15:32:36)

Здраво, Anonimen. Супрефактот е доволен за повеќе од 10 дена, ми се чини, со тоа што ако не си сигурна, земи си го второто шишенце и нека ти седи во фрижидер.
Со среќа! [sm=smiley1.gif]




gina -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 17:37:15)

sonce79 [sm=bravo.gif] bravo odlicna brojka na jk

mene mi se javija od sistina za na kontrola vo ponedelnik i da sme ja napravile semata se nadevam deka ce pocnam
i sakav da ve prasam devojki za bockanje vremeto sami si go odreduvate ili doktorot vi kazuva




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 18:48:34)

Na mene prviot pat Dr Tase mi rece od 18 do 20 casot da gi stavam inekciite a Dr lazarevski sega mi kaza samo vo isto vreme ne e bitno koga




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 20:58:26)

Анонимен добредојде, сакаме да не дружиш како и другите рингерајки. Супрефакт обично даваат две шишенца, колку што следат од ФЗО, потоа не дај боже да треба же докупиш, но најчесто им стасува на сите рингерајки. Кај кој доктор си? Прво ИВФ? Како ти е шемата?

Џина, среќно, те чекаме со убави вести. Секогаш треба во исто време инекциите, а во кој дел од денот..обично викаат од 15.00-21.00 часот најдобро ги прима организмот, па ти реши во колку саат секој ден ќе ги примаш.

Јас денес бев да мерам естрадиол, ми беше под 20, па така докторот реши да почнеме со пурегон, тој рече 4, ама јас минатиот пат во Систина имав 3 дена по 3 фостимона, па потоа 5 дена по 4 фостомона (9 дена стимулација вкупно 33 фостимона), а тука докторот ми рече минимум 10-12 дена стимулација, па со 4 ми се виде многу бидејќи добро реагирав на претходното ИВФ (имав 15 фоликули) и тој се согласи да одиме со по 3 пурегона, макар што сакаше да исфорсира со поглема стимулација, но јас сум против тоа. Мислам дека не треба само да се форсира туку треба квалитет, а не дај боже и хиперстимулација и трошење на јајниците. Тоа е мое ислење, можеби грешам, но ете така решив. Што мислите вие рингерајки?

Потоа ми рече вторник на мерење естрадиол и ехо.




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 21:30:33)

Loveable Me, мислам дека подобро вака со 3, ем да не дојде до хиперстимулација, ем да стигне количината препишани инекции од фзо и да не мора да докупуваш. Добро што се согласил докторот на твоето инсистирање, фер од негова страна.
Gina, мене ми кажаа дека најдобро е инекциите да се примаат од 14 до 18ч, инаку јас сакав сабајле пред работа, ама не можеше. Откога ќе почнеш треба да се запази времето со плус/минус еден час.
Ајде со лесно [sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 21:56:03)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Loveable Me, мислам дека подобро вака со 3, ем да не дојде до хиперстимулација, ем да стигне количината препишани инекции од фзо и да не мора да докупуваш. Добро што се согласил докторот на твоето инсистирање, фер од негова страна.


Викаш, а? Па и јас така мислам, само ај секогаш сакам да слушнам мислење, па си реков да ве прашам. Денес кога ме боцкаа во рка и нога, толку ме заболе, не знам зошто денес сум преосетлива, не да ми идеше на сестрата да и врзам шлаканица од што ме заболе, леле мајко..иако знам девојчето не беше криво, очигледно ќе почнат да болат сега инекциите....




gina -> RE: Вештачко оплодување V дел (26.9.2014 0:16:15)

da znam devojki deka vo isto vreme treba da gi primam prviot pat ce bockav vo 16:30 a poslednite 4ivf se bockav vo 19:30 e sega se mislam za da isplaniram nekako da se bockam kaj maticniot tie rabotat do 16 casot porano odev kaj sestra doma ama sega mi e sram pak da prasuvam ama sama nikako nemozam of samo za se da se dumas[sm=zmeden.gif] fala devojki




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (26.9.2014 10:08:10)

Gina, ако сакаш сама, можеш поткожно, не е проблем. Ако ти е страв од боцкање, тогаш оди си на лекар и ич не се замарај.

Loveable Me, подобро што одиш со помала количина на почеток, па после по потреба. Нели е подобро поспоро да се развиваат, за да созреат убаво, а не набрзина да збуфнат само - барем така ми кажаа мене во текот на постапката. Плус, ако добро си реагирала на минатата стимулација, може нема ни да треба минимум 10 дена стимулација, како што пресметал. Не знам дали си умислувам, ама понекогаш ми се чини дека докториве напнуваат со огромни стимулации за по секоја цена да има многу јајце клетки - па и за да понудат опција за замрзнување. Се е тоа ок, ама си има последици на телото, и апсолутно се слагам - нема зошто да се старееш без потреба. Уживај, добро што не запнал по свое него сте се согласиле на твојата желба. Ако има потреба, откако ќе мериш естрадиол, ќе се зголеми дозата. А за болењето, зависи и која сестра каква рака има - мене понекогаш така ме болеа, а бе по цели денови ги осеќав, газот ренде ми беше [sm=smiley1.gif] Додуша Пурегон може повеќе болат од Фостимон... ќе издржиш, појака си отколку што мислиш [sm=smiley31.gif]

sonce79, има некакви информации од ембриологот? [sm=smiley1.gif]




mili4kask -> RE: Вештачко оплодување V дел (26.9.2014 12:05:07)

Девојки еве да се пријавам, јас денес бев на 15 ден од микрогенон со цел да почнам со боцкање. Сепак ќе треба да го завршам ова пакетче, и на 2 ден од циклус почнувам со ново. На 15 ден почнувам со суперфакт 0,5 два два дена се напишани па мерење на естрадиол и продолжување со 0,3 и почнување со фостимо... нешто пишува не препознавам. Не ги знам бидејќи за претходното ИВФ примав Гонал Ф. [sm=smiley36.gif]

Ете така ќе си пијам уште малку микрогенон. За боцкањето малку ме зачуди вика од 2 ипол до 4 ипол секој ден..јас сум на работа, доле имам тука една приватна клиника па да прашам колку ќе ме чини боцкање. Далил знаете одприлика колку се плаќа само боцкање приватно?




sanjaaaa! -> RE: Вештачко оплодување V дел (26.9.2014 12:11:57)

Јас се јавив во Систина и ми рекоа кога ќе добијам менструација од 2-3 ден да почнам да пијам микрогинон и да им се јавам да закажеме за шема! Ама ќе се начекам само што ми завршува менструацијата, следната ќе биде негде втората половина од октомври кога треба да почнам со микрогинон.
sonce79 ајде чекамe убави новости денес, па потоа следни се Loveableme,Kaya,Zoja,tea88, mili4kask, kapina,anonimen, gina и сите други по ред да се префрлат во најдолниот список на обоени со розево, што ги означила Loveableme, а тоа се успешните ИВФ во 2014 година, нека се зголемуваааа!




Страница: <<   < Претходна страница  89 90 [91] 92 93   Следна страница >   >>