RE: Вештачко оплодување V дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (23.9.2014 11:38:22)

Hopeful, се боцкам со супрефакт 05, па од денес супрефакт 0,3, па на 3-ти ден естрадиол треба да мерам, па потоа да се видам со докторот за да ми одреди терапија.

Тој рече веројатно овој пат ќе одиме со по 4 пурегона, мене ми се чини тоа многу, ќе му барам по 3 пурегона, ќе видам што ќе каже.

Туку, кажи ти мажле како реагираше на тестот за бременост, какви му беа реакциите?[sm=jezicek.gif]




sonce79 -> RE: Вештачко оплодување V дел (23.9.2014 12:39:29)

Hopeful ние иста процедура ке имаме изгледа, и ти како мене во четврток си имала пункција, Камо срека исто и да заврши [sm=smajl.gif] А тебе прво ин витро ти беше?
LoveableMe RR, денес сите сме крш со времево. Инаку и јас почнав со Суперфакт 0,5 ама кога добив, престанав.. Сите сме со различни терапии, зависи од докторот и од случајот ама тие се тие лекови.. [sm=smiley1.gif] Мене мислам дека јајниците ке ми излезат кај и да е..[sm=smiley36.gif] Отечени ги осекам како пред добивање.. Вечер стоп инекција и утре слободен ден од боцкање,срека..




mili4kask -> RE: Вештачко оплодување V дел (23.9.2014 12:40:45)

Здраво девојки!
Јас сум стар член на форумов, една IVF бременост истерав со вас. [sm=smiley1.gif] Мојата ќеркичка е веке 4 годишно девојче. Во петок почнувам со боцкање кај Ивановски во Систина. Да се ставам на списокот[sm=smiley36.gif] Инако по породувањето 4 години бев на Јасмин и сега ми дадоа Микрогенон 15 дена на 15-тиот ден одам и почнувам со боцкање. Се надевам дека ќе истераме уште еден процес со среќен крај. Честитки до Hopeful од се срце!!!




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (23.9.2014 12:48:45)

Sonce79, стискаме палци за тебе и да ни јавиш убави вести.

mili4kask, многу се радуваме кога стари членови пак ќе не најдат и не дружат, навистина преубаво е чувството. Ти посакуваме и овој пат успешно ИВФ за второ дете и те ставам на список. Би те замолила да споделиш искуство за првото ИВФ (терапија, витамини, постапка на боцкање и сл.) во темата Имав успешна постапка на забременување...

Нешто Zoya ни ја нема, до каде стигна со постапката?




mili4kask -> RE: Вештачко оплодување V дел (23.9.2014 12:53:50)

Секако LoveableMe RR, веќе попладне ќе ја имате мојата приказна од првото успешно инвитро. Ајде тука сме заедно ќе се бодриме и ќе стискаме палци! [sm=bravo.gif]




skriena -> RE: Вештачко оплодување V дел (23.9.2014 13:16:15)

hopeful lesna bremenost so sreka i daj boze site da si ja docekame ovaa radost [sm=modricrtici.gif][sm=rozacrtici.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (23.9.2014 16:46:40)

А бе ми ја полните душата кога ве читам [sm=smiley31.gif] Девојки, фала ви бескрајно, што за мене, тоа за сите, знаете!

Инаку мажле се збуни, кутар [sm=smiley1.gif] Идеме по тестот и чекаме да ни наплатат, и си викаме не го гледаме тука на пулт туку ќе го превртиме листот и надвор ќе гледаме. Плаќам јас, се пресметуваме со таа за пари, и она коментира нешто конфирмативно од типот - а, немате. Мм сфатил дека збори за тестот и се пресекол! Уште збунет, ни го даваат листот, го вртиме наопаку и со главите на страна ко ненормални додека не излеговме надвор. Го вртиме листот, бараме, нигде нема бројка, само референтни вредности! Се дозбунивме уште толку, и кога конечно ја видов бројката му ја покажав и почнав да плачам ко кретен, а он не сфаќа - што е, што е, има ли, стварно ли има [sm=smiley36.gif] Па после почнав да му зборам да не не е наш тестот, да не ги смешале резултатите со некоја друга. Па он таков збунет, ми вика дај одма кај докторот, да потврди, вака не сум раат. А бе гревови! [sm=smiley36.gif] Горе кога се качивме ми вика - немој да и кажуваш на сестрата тука во ходник, одма кај докторот! Не знам, го фати некоја паника, страв, параноја, којзнае. Тек откако не изгушка докторот малце се олабавивме [sm=smiley1.gif] И сега е збунет, пресреќен, ама си рековме да почекаме до ехо за повеќе да се подопуштиме.

Инаку sonce79, и јас бев четврток/сабота, да! Со среќа на пункција, да извадат многу јајце клетки и да се оплодат што повеќе! Дали би замрзнале ембриони? Инаку прво ivf ми е, да. Ајде, ти праќам baby dust се да помине ок и да си имаш и ти ваков исход!




sonce79 -> RE: Вештачко оплодување V дел (23.9.2014 20:33:23)

Хихих, baby dust ...баш ми се допаѓа како звучи [sm=smiley31.gif]Баш денес разговаравме со мм за тоа, дали би замрзнале доколку има повеќе јк и секако сме за оа доколку нели има доволно. Не знам кога се кажува тоа, дента на пункцијата или кога веќе ќе се знае колку има, т.е за трансферот?
И како се решава која метода ќе ја користат за оплодување?




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.9.2014 10:35:16)

Hopeful, ме изнасмеа со постот, мажле ти е ептен тремаџија[sm=jezicek.gif], а како не би бил на толку очекувана вест.... [sm=nosecka.gif]

sonce79, по пункцијата обично докторот доаѓа во соба и ти кажува колку фоликула извадиле, колку се добри за оплодување, те прашуваат дали ќе смрзнете и чекаш ембриологот да ти се јави и да ти каже колку се оплодиле. Која метода ќе ја применат за оплодување зависи од докторот, вашата дијагноза со сопругот, годините и сл. Среќно, пиши како ќе пројдеш!




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.9.2014 10:45:00)

Замрзнувањето зависи и од квалитетот на оплодените ембриони - кај мене имаше само 3 со добар квалитет, и уште 3 за кои ембриологот рече дека не се за замрзнување. И ние сакавме да замрзнеме, но ембриологот ни рече подобро не, не се исплати трошокот за само еден ембрион. А постапката ја одредуваат соодветно на дијагнозата, бројот на јајце клетки, квалитетот на спермата и претходната историја. Мене ме прашаа дали ни е прва бременост, и откако им ја спомнав можната биохемиска, се одлучија да се оди пола-пола.

sonce79, со среќа утре!!! Те чекаме да ни пишеш! [sm=smiley31.gif]




mili4kask -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.9.2014 12:29:13)

Едно прашање девојки, читав околу храната за време на стимулацијата и по ЕТ. Нешто специфично да препорачате?[sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.9.2014 12:43:22)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sanjaaaa!

mili4kask и јас сум слично на тебе, 4 и пол години ќерка со ивф и сега во подготовка за ивф за второ дете? Во Систина ли ќе правите, кај д-р Ивановски? Ние кај д-р Ивановски! поздрав и успешно ИВФ и [sm=duda.gif]


ИЗВОРНА ПОРАКА: mili4kask

Ти благодарам Сања да и ние кај Ивановски :) Почнувам со боцкање во петок! Ајде и кај тебе уште едно бебпче наскоро и двете да се радуваме![sm=bravo.gif]





LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.9.2014 12:45:10)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mili4kask

Едно прашање девојки, читав околу храната за време на стимулацијата и по ЕТ. Нешто специфично да препорачате?[sm=smiley1.gif]


TУКА имаш најразлични совети за се околу ИВФ постапката, исхрана, вежби совети и сл. Позз, те чекаме да кажеш како ќе поминеш првиот ден[sm=smiley1.gif]




mili4kask -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.9.2014 12:48:20)

Благодарам за информацијата :) Во петок ќе ви пишам како ќе поминам. Одвај чекам да почнам да ви кажам искрено [sm=smiley36.gif]




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.9.2014 12:49:18)

Според тоа што го наоѓав на нет, се препорачува да се избегнуваат јаглехидрати и да се внесува претежно протеинска храна, и многу течности. Исто така, авокадо се покажало како многу корисно, бидејќи содржи здрави масти.




sanjaaaa! -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.9.2014 13:44:53)

sonce79 со среќа и со лесно утре, да извадите повеќе квалитетни јајце клетки и да споделуваме радост! [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




sonce79 -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.9.2014 15:32:15)

Ви благодарам на подршката девојки..[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif] Ке ви пишам утре штом дојдам дома.. Едвај чекам искрено, сигурна сум дека ке биде се како што треба. [sm=smajl.gif] Ми се јави пред малку сестрата од Систина да ме потсети утре во колку треба да сум таму. Како да можам да заборавам [sm=smiley36.gif]




mili4kask -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.9.2014 15:42:30)

Ајде sonce дај боже убави вести утре и што повеќе извадени квалитетни јајце клетки!!!




tea 88 -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.9.2014 16:19:47)

so sreka sonce79 utre sto poveke i pokvalitetni da imas jajce kletki. mene deneska na eho me gledase doktorot ( 6 den od ciklus) i estradiolot e samo 77. mnogu malku i samo 3 ili 4 folikuli. i sega mi dade merional po 3 denes i utre i pak eho vpetok. sto mislite vie devojki ke porasnat so merionalot poveke?




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.9.2014 16:23:11)


ИЗВОРНА ПОРАКА: tea 88

so sreka sonce79 utre sto poveke i pokvalitetni da imas jajce kletki. mene deneska na eho me gledase doktorot ( 6 den od ciklus) i estradiolot e samo 77. mnogu malku i samo 3 ili 4 folikuli. i sega mi dade merional po 3 denes i utre i pak eho vpetok. sto mislite vie devojki ke porasnat so merionalot poveke?


Да би требало, затоа ти дава за да ги досозрее и потоа да може да се направи пункција. А за број ич да не се секираш, стално спомнувам еден случај што ги знам, кога жената имаше само две јајце клетки на пункција, еееј само две, па двете се оплодија и сега има прекрасни ќеркички, така што нема ама баш никакво правило тоа фоликулите. Позз на сите, среќно во постапката, чекаме вести од сите вас поединечно




tea 88 -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.9.2014 21:58:07)

ne mi e jasno sega ovie merional mi gi dade za da dosozreat tie 3-4 folkikuli? a nema da se napravat novi i da porasnat , samo 4 ke bidat za punkcija?




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.9.2014 23:06:44)

Lele luge kolku sum depresivna. od yasmin mi se place cesto denes na rab ota mnogu se iznervirav ne ni dadoa od 8 casot sabajle do 13 casot da odime vo toalet da izvrsuvame fizioloski potrebi posto bese dojdela nekoja kontrola od anglija ti anglicani ni se strateski partneri i ne smeese nikoj da ode vo toalet i vikam jas se spremam za ivf moze li barem jas da odam do toalet vika ako odes ke te kaznime i posle toa imav bolki od steganje vo stomakot vo jajnicite 5 casa nikoj da ne smee vo toalet da odi toa ni go rekoa ne sakav da se raspravam oti i bez toa nemam namera da ostanam tamu po ivf




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.9.2014 23:11:15)

Na seta maka sto ja imam oti od pon treba da pocnam so superfact a vo nedela treba mekici da davame za vnuceto neznam kako ke izdrzam. od edna strana se raduvam a od druga se plasam so ishodot sto ke bide dr lazarevski mi dade mnogu nadez no so gospod napred




Karma -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.9.2014 23:14:21)

Sonce nema pricina za zagrizenost, jas imav samo 4jajce kletki od koi tri se oplodija no do et preziveaa samo dve i imav uspesno prvo if. ..sega sum 36ta nedela cekame dve princezi :) samo pozitivno se ke bide vo najdobar red..
Sekako i na ostanatite vo postpkata vi posakuvam uspeh...neka uspesnite primeri vi bidat vodilka za cekor do vasiot son...




mili4kask -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.9.2014 8:53:11)

Капина издржи! ЈАс јасминот го пиев 4 години, мислам дека ќе се пореметев, сега сум пред боцкање па ми даде лекарот микрогенон. Ајде се се издржува кога знаеме за што се бориме[sm=smiley1.gif]

ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Lele luge kolku sum depresivna. od yasmin mi se place cesto denes na rab ota mnogu se iznervirav ne ni dadoa od 8 casot sabajle do 13 casot da odime vo toalet da izvrsuvame fizioloski potrebi posto bese dojdela nekoja kontrola od anglija ti anglicani ni se strateski partneri i ne smeese nikoj da ode vo toalet i vikam jas se spremam za ivf moze li barem jas da odam do toalet vika ako odes ke te kaznime i posle toa imav bolki od steganje vo stomakot vo jajnicite 5 casa nikoj da ne smee vo toalet da odi toa ni go rekoa ne sakav da se raspravam oti i bez toa nemam namera da ostanam tamu po ivf





Страница: <<   < Претходна страница  88 89 [90] 91 92   Следна страница >   >>