AnnaMolly RR -> RE: Прва нова храна на бебето (31.10.2010 15:21:54)
|
Марина, јас почнав кога Филип наполни 4 месеци. Прво со сок од јаболко 2 дена, па една третина кашичка. Значи сокчето на два дена го пиевме (по 100 милилитри), а кашичката на три пати. После истата шема со крушка, па со банана. Сега има 4 и пол месеци и во денот еднаш пие по 100 мл сок и некогаш пола, некогаш цела кашичка. Сме пробале јаболко, круша, банана, морков, кајсија, сега се на ред слива, тиква, праска... Ќе му давам се што пишува дека може од 4 месеци. Тоа треба ти да си одлучиш. Некои мајки не им даваат кајсија, праска, ананас до подоцна. Ама јас мислам дека штом на кашичката пишува од 4 месеци, може.
|
|
|
|