Maca25 -> RE: Прва нова храна на бебето (22.12.2011 22:31:32)
|
Јас колку што знам кога се почнува со дохрана, се почнува со јаболко, морков, крушка, а не одма слива, банана,праска, па и одма каша а не сокче и тоа секој ден нешто различно. Но секоја мајка си е одговорна за своето дете и таа си знае најдобро како ќе го храни детето. Но во секој случај не очекувајте дека од прв ден ќе знаат како со сокчето, како да го голтнат, најпрво вкусот ќе им биде чуден и ќе плукаат, после самата густина на сокот или кашичката. Не брзајте, оставете ги и да плукаат и да се валкаат, но после 3-4 пати ќе се навикнат. Во врска со какањето, мислам дека е нормално да се створи или запек при воведување на цврста храна, во некои случаи и течна столица затоа што цревата на тоа мало бебе почнуваат да проработуваат и да обработуваат нешто ново освем претходно мајчино млеко. Ние си имавме мака ептен со запек, и до 7 дена не какаше, јас пробував прво преку моето млеко да и помогнам, па после со масажи на стомачето, а кога веќе поминуваа 7 дена без какање и со чепчиња.
|
|
|
|