amateuress -> RE: Прва нова храна на бебето (1.5.2012 11:48:22)
|
пред неколку дена случајно оставив отворена кашичка на хип (во торба беше), и стоеше околу 3 дена. луѓе, ако ви се верува воопшто не беше расипана... и тоа ме подзамисли малце... зашто ако нема конзерванси, нема шанси да не се расипе по толку време стоење на собна температура, башка кај мене дома е топличко. и после гледав состав, па видов дека по „нема конзервански“ има ѕвездичка, а подолу пишува нешто според закон, што најверојатно значи дека нема повеќе од колку што е дозволено, а далеку од тоа дека нема. плус тоа сокчињата на хип се правени од концентрат од овошје, а не од свежо овошје, а кога е концентрат дали е од органско, свемирско или прскано овошје исто му се фаќа зашто е термички обработено. моја препорака ви е да си почнете со домашно приготвена храна, особено за тие бебиња што се исклучиво на доење и што не пробале ништо синтетичко. ќе си земете јаболче, наше македонско, ако можете и непрскано да најдете уште подобро, ќе го сварите, ќе го процедите низ цедалка со лажиче и ете ви нешто меѓу кашичка и сокче, ем вкусно, ем природно. купечките кашички се практични за надвор од дома, ама јас не би давала повеќе од 1-2 пати неделно. домашното е секогаш најдобро, особено ако локално и непрскано, прочепкајте секаде по нетов пишува, а мене и многу добар и искусен педијатар ме советуваше така. има на babycenter сајтот многу убаво видео за тоа како да приготвите поголеми количини на кашички дома и да ги смрзнете, за да имате секогаш при рака, и кога ќе немате време за приготвување и таму истото го кажуваат.
|
|
|
|