Кафето и чајот опасни за трудниците (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Исхрана за трудници



Порака


Mami4ka -> Кафето и чајот опасни за трудниците (11.5.2009 23:46:40)

Жените што пијат кафе или чај за време на бременоста го зголемуваат ризикот нивните деца да заболат од рак.

Научниците сметаат дека кофеинот му пречи на ДНК-та на детето, поради што се помалку отпорни на леукемија и некои други, за деца карактеристични дијагнози на рак.

Наведената супстанца ја смалува можноста од отпор на станиците во случај на радијација и слични опасности. За да се проверат овие наводи, стручњаците подготвуваат анализа на неколку десетици трудници, чија ДНК ќе ја споредат со онаа на детето.

Досегашните обиди да се објаснат промените поврзани со ракот кај малите деца завршија со неуспех – се знае само дека се појавуваат во текот на амбрионалната фаза. Истражувањето треба барем кофеинот да го исфрли како можен причинител.

Организациите што се грижат за квалитетот на прехранбените производи, и покрај фактот дека истражувањето уште трае, ја смалија советодавната доза кофеин за трудници од 300 на 200 милиграми, што отприлика се две шољи инстант кафе, четири чаја или две чаши кока кола.




Еца -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (24.6.2009 23:53:53)

Се што е умерено и во нормала не е штетно. И она за што се мисли дека е најздрава работа ако се претера може да биде опасна, нели?




Палешка РР -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (19.9.2009 13:00:04)

А кафето во бременоста?

Јас сум приметила дека пеперуткава повеќе се разигрува после кафе или чоколадо [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Па сега не знам дали кафето е штетно, јас пијам само едно [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mother 29 -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (19.9.2009 13:07:50)

kofeinot vo jadenjeto i pienjeto



hrana
Caffeine (milligrams)


Coffee

Espresso coffee, brewed, 8 fluid ounces
502

Coffee, brewed, 8 fluid ounces
85

Coffee, instant, 8 fluid ounces
62

Coffee, brewed, decaffeinated, 8 fluid ounces
3

Coffee, instant, decaffeinated, 8 fluid ounces
2

Tea

Tea, brewed, 8 fluid ounces
47

Tea, herbal, brewed, 8 fluid ounces
0

Tea, instant, 8 fluid ounces
29

Tea, brewed, decaffeinated, 8 fluid ounces
3

Chocolate Beverages

Hot chocolate, 8 fluid ounces
5

Chocolate milk, 8 fluid ounces
5

Soft Drinks

Cola, 12 ounce can
37

Cola, with higher caffeine, 12 ounce can
100

Cola or pepper-type, diet, 12 ounce can
49

Cola or pepper-type, regular or diet, without caffeine, 12 ounce can
0

Lemon-lime soda, regular or diet, 12 ounce can
0

Lemon-lime soda, with caffeine, 12 ounce can
55

Ginger ale, regular or diet, 12 ounce can
0

Root beer, regular or diet, 12 ounce can
0

Chocolate

Milk chocolate bar, 1.55 ounces
9

M & M milk chocolate candies, 1.69 ounces
5

Dark chocolate, semisweet, 1 ounce
20 dozvoleno e od  1,000 and 1,200 milligrams za bremeni zeni.(ova go najdov,paleska mozes da go obrabotes, ima delovi na angliski)




mother 29 -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (19.9.2009 13:11:03)

dolnite broevi se miligramite!primer:

Espresso coffee, brewed, 8 fluid ounces
502  ml





Палешка РР -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (19.9.2009 13:20:05)

Браво mother секако дека ќе го обработам, има интересни податоци! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




profesorica -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (3.12.2009 8:36:00)

ИЗВОРНА ПОРАКА: penelopa

A sega me interesira dali pievte kafe i vo tekon na bremenosta?
Jas pročitav vo edna statija deka kofeion e šteten za bebčeto. kakvi se vašite iskustva?



ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29


јас кога бев бремена пиев по едно,ама воопшто не ми беше слатко





profesorica -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (3.12.2009 8:39:55)

турското кафе никогаш не сум го пиела па така ни како трудница не го пиев, но затоа си пиев по едно капучино на ден.понекогаш и нес кафе.




Еца -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (3.12.2009 10:58:53)

Јас пиев по едно турско и по едно капучино или она 3 бо 1. Чај пиев од брусница, нане, планински, зелен. Е сега од чај до чај има голема разлика, па затоа убаво би било кога би успеале да најдеме податоци кој чај точно не е препорачлив за време на бременоста и зошто. Ајде мамички ако имате вакво сознание, споделете го со нас. 




bibi -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (3.12.2009 11:04:07)

јас си пијам бре брате, како да издржам со пациентиве, а и притисокот ми е уште низок, 90/60. Бременоста ме тера на спиење , а мора и да се работи. Е, сега кога ќе осетам дека ми пречи, дека ми се лоши, знам да кажам не. И онака, не ми се собираат повеќе од 3 кафиња и воглавном се нес или инстант[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Хе, хе, толерантна сум јас не се секирајте[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




profesorica -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (3.12.2009 11:19:43)

Матичњакот е тоник за желудникот и цревата
Чајот од матичњак го подобрува апетитот, посебно кај децата. Помага и при заболувања и проблеми на дигестивниот систем. Така, матичњакот помага при подуеност, грчеви во цревата, мачнина, гадење, повраќање на нервна база, пролив. Посебно им се препорачува на трудниците кои патат од повраќање.

Чајот од матичњак го подобрува варењето на храната и е вистински тоник за органите на системот за варење. Делува смирувачки на слузницата на желудникот и цревата.


Hipp Natal чај за трудници
· Лесно се подготвува
· Пријатен вкус
· Со природни екстракти на овошје и лековити тревки со додаток на декстроза
· Збогатен со важни витамини и минерали ( Витамин Ц, Витамин А, Витамин Е, Витамин Б6, Витамин Б2, Витамин Б1,Витамин Б12, пантотенска киселина, фолна киселина )


Бременост и кофеин

Кофеинот ја инхибира апсорпцијата на железото, а неговото својство на диуретик е непожелно поради драгоцената вода во телото на трудницата. Кофеинот се содржи во кафе, чај, какао, чоколадо, енергетските пијалоци и често предизвикува нервоза, мачнина и несоница. Не е препорачано повеќе од една шоља кафе и две шољи чај дневно.


Чајот и кафето содржат кофеин, спаѓаат во лекови тн. будилници, кои возбудуваат. Нема докази за штетно дејство на плодот, па две до три шољи благ чај или кафе во текот на денот нема да му штети на детето.

ЗЕЛЕН ЧАЈ СО ЖЕН ШЕНЕ 
фикасен напиток за нормализирање на крвниот притисок - Го адаптира организмот на стресни ситуации и се употребува во превенција од стрес

- Го подобрува метаболизмот на витамините и минералите

- Всушност мешавината од Зелен чај и Жен Шен на Виталиа конзумиран редовно влијае стимулативно на целокупниот метаболизам и е вистински пријател на Вашето здравје.




Mihaela -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (3.12.2009 18:23:32)

Текстов го најдов на еден хрватски сајт,па го преведов (едвај[sm=smiley36.gif])и се надевам дека ќе нема некој грешка,а ако има ќе ме поправите


Дали бремените жени можат да уживаат во кафето?
Едно од најчестите прашања што бремените жени ги поставуваат на првите антенатална лекарски прегледи, е дали треба да се откажат од своето вообичаено утринско кафе

Кофеинот не се наоѓа само во кафето, туку и во многу други производи што ги консумираме секојдневно. На ова треба посебно са се обрне внимание во бременоста. Мошне често, идните мајки добиваат конфузен одговор дека е најдобро сосема да го запрат внесот на кофеин. Но, само во случај да не може да се откаже од навиката, бројот на шолји кафе на ден треба да биде ограничен на две.

Дали кофеинот влијае на бебето?

Се разбира, бидејќи кофеинот лесно поминува низ плацентата. Покрај тоа, времето потребно за половина од внесениот кофеин да се абсорбира во телото е продолжено кај бремени жени. Всушност, во текот на првиот квартал - времето потребно за кофеинот, кој е внесен во телото, е сведено на половина за шест часа (кај жените кои се бремени треба да биде три часа), а во триесет и петтата недела на бременост тоа време треба да се прошири на дури осумнаесет часа. Одредена количина на кофеин во тој период влегува во амнионската течност и крв од папочната врвка, и е во урината и крвта на новороденчето.

Сигурно е дека бебето ги чувствува ефектите на кофеинот. Разни студии покажале дека дури и умерено количество на овие супстанции влијаат на темпото на промени во срцето на плодот, и може да предизвика одредени промени во однос на неговите движења. Всушност, многу трудници приметиле дека бебето има поживи движења чаша по чаша кафе. Феталната"гимнастика" понекогаш е непријатна, но не е страшно. Сепак, консумирањето на кофеин може да има некои сериозни ефекти.

Што велат истражувањата?

Постојат значителни докази дека внесувањето на кофеин (осум чаши од кафе) може да го зголеми ризикот од спонтан абортус, или да влијае на раѓањето на бебиња со мала телесна маса. Покрај тоа, забележано е дека зголеменото внесување на кофеин може да доведе до прерано породување.

Идните мајки сепак може да одахнат. Многу истражувања укажуваат дека воведувањето на скромни количини на кофеин не претставуваат ризик за бебето, така што вие не мора да се откажете од своите омилени чаши од кафе наутро.

Светските агенции за истражување на стандарди во исхраната укажуваат дека ризици во бременоста се присутни само во случаи на консумирање на повеќе од 300 милиграми кофеин дневно.

Ако имате силен карактер, и можете да се откажете од пиење кафе целосно, бидете внимателни со другите производи кои содржат кофеин: кока кола и сите видови на кола сокови и црн индиски чај, енергетски пијалаци, па дури и чоколадо (не, не е толку лошо -- "сигурна" граница е до 300 грама).

Секоја комбинација на овие производи со кофеин не треба да надминува една дневна доза од 300 милиграми кофеин.Она што може да помогне е следнава табела:



Производ

Шоља инстант кафе - 100 мг

Мала шоља инстант кафе - 75 мг

Мала шоља турско кафе - 100 мг

чаша чај - 50 мг

чаша кока-кола или било кој кола пијалак - 40 мг

Енергетски пијалаци - 80 мг

50 г црно чоколадо - 50 mg

50 г млечно чоколадо - 30 мг



Кафе без кофеин е добар избор?

Зрното кафе е составено од 26 проценти компоненти растворливи во вода - кои даваат вкус на кафе, 74 проценти компоненти кои не се растворливи во вода и 1,2 проценти кофеин. Со цел да се отстрани кофеинот, во повеќето случаи, зрната свежо кафе,се потопуваат во хемиски раствор кој го апсорбира кофеинот, кој тогаш се одделува од зрната кафе. Процесот се повторува, додека процентот на кофеин не е намален на задоволително ниво. Иако нејзиниот износ е намален на два да шест мг по мала шоља кафе,за опишаниот процес се користат хемиски супстанции, кои често се повеќе штетни ос самиот кофеин. Како резултат на тоа, овие видови на кафе, не се препорачуваат кај бремени жени и мајки кои дојат.

Каде сè има кофеин?

Кофеинот е природна супстанција која се наоѓа во лисјата, семеето или плодовите на повеќе од шеесет познати растителни видови низ светот. Пијалоците и храната во чиј производствен процес користи таа природна супстанција, автоматски содржат одредена количина на кофеин. Инаку, кофеинот се додава на производите со цел за подобрување на нивниот вкус или мирис. Често се додава и во лекови, бидејќи кај некои се зголемува нивната ефикасност.

Кофеинот влијае на кардиоваскуларниот и нервниот систем. Сознанието декавлијае на нервниот систем датира со векови, од кога пастирите во Етиопија забележале дека овците кои пасат на полето со диво кафе се будни цела ноќ.





alex_mo -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (11.12.2009 0:30:22)

Незнам што ми се случува ама кафето ми е ептен  убаво во последно време.Првите 3-4 месесци ми се гадеше и од мирисот на кафето,а сега замислете некогаш дури и живо го сркам од таглата.Убаво ми е ,а во првата бременост воопшто не го пиев.




BILE.F -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (12.2.2010 18:58:22)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Јас пиев по едно турско и по едно капучино или она 3 бо 1. Чај пиев од брусница, нане, планински, зелен.


Потпис! Во последно време увин чај, а поради нискиот притисок докторот ми рече дека не е штетно по едно кафе!




dostickage -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (15.2.2010 13:34:11)

Jas pa voopsto ne mozam da go smislam kafeto.Od koga sum ostanata bremena se nemam napieno niedno kafe a sega sum 5-ti mesec.

A caj preoraclivo e od vreme na vreme uvin caj kako preventiva od urinarni infekcii.






arh_diz -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (15.2.2010 13:37:31)

Jas pijam nautro po pola solja kafe .Ginekologot rece deka edna solja ne e stetna .Caj pijam po edna casa . Poveke pijam kompoti .




profesorica -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (15.2.2010 13:40:52)

како трудница скоро секој ден пиев капучино и увин чај




ripce -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (15.2.2010 13:43:18)

При крајот на бременоста почнав да пијам по едно нес кафе во текот на денот, половина со вода, половина со млеко, за да не ми биде многу јако. Во првите месеци ми се гадеше од водата, а не па од кафето.




arh_diz -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (15.2.2010 13:52:26)

Citam deka skoro site ste piele uvin caj. Tuka ne se prodava no jas imam. Koj vi go preporaca cajot ginekologot ili vie samite




nadica -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (15.2.2010 13:59:17)


ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Citam deka skoro site ste piele uvin caj. Tuka ne se prodava no jas imam. Koj vi go preporaca cajot ginekologot ili vie samite


мене гинекологот можежш да го пиеш без проблем




profesorica -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (15.2.2010 13:59:39)

ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Citam deka skoro site ste piele uvin caj. Tuka ne se prodava no jas imam. Koj vi go preporaca cajot ginekologot ili vie samite


гинекологот заради намалување на габични инфекции.јас пиев по литар на ден




arh_diz -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (15.2.2010 13:59:46)

Kako se pie sekoj den ili




biljana_ppp -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (17.2.2010 22:55:12)

MENE DOKTOROT MI RECE DA PIJAM UVIN CAJ BIDEJKI IMAM NEKOJA INFEKCIJA KAJ DESNIOT BUBREG,A MOZNO BILO I KAMEN,TAKA MI RECE,TAKA DA NE E STETEN NE SE SEKIRAJTE,A NA SAMATA KUTIJA SI PISUVA KOLKU TREBA DA SE PIE.POZDRAV




makikocani -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (1.3.2010 19:53:47)

nema vrska ne se oapsni ..




Mila na mama -> RE: Кафето и чајот опасни за трудниците (1.3.2010 20:50:23)

Јас кафе во текот на целата бременост не можев ни да помирисам а не пак да го пијам. Првите месеци од мерак секое сабајле си правев и ќе си ја погледав шолјата и ќе ја истурев во умивалник. Мм се смееше само арч сум правела. По извесно време се откажав од правење. Почнав да пијам кафе отприлика кога почнав да одам на работа.




Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>