За или против планиран Царски рез! (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


vezilka RR -> За или против планиран Царски рез! (27.1.2014 14:01:13)

Каков е вашиот став по однос на планиран царски? Ако некоја жена, од било која причина не сака да оди на природно породување, туку сака царски, што ислите дали би требала да има право на тоа? Значи не постојат индикации за царски, туку желба на жената од нејзини причини. Честопати сум ја слушнала реченицата дека чувството при породувањето треба секоја жена да го доживее..и што ако некоја не сака? Ајде, сакам да прочитам ваше мислење околу ова.




AnnaMolly RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (27.1.2014 14:13:25)

Јас бев со договорен царски поради оправдани медицински Х причини АМА мислам дека секако жената има право да си одлучи дали сака природно или царски да се породи.
Ако некоја има патолошки страв или минимален праг на толеранција на болка, зошто тогаш да страда и на најубавиот чин во животот да гледа со ужас и страв?
Природното пораѓање не е она што не прави мајки туку она со што се соочуваме понатаму во животот.




deluxe -> RE: За или против планиран Царски рез! (27.1.2014 14:21:06)

Според мене треба да и се даде право на жената да избере на каков начин сака да се породи и да и се укаже на предностите и мааните од зафатот .Има многу случаи каде што мора пораѓајот да биде со царски рез.Но има и случаи каде што мајката(најчесто првородка) поради страв се решава за царски рез.Така беше случај и со мене.Кога требаше да се породам со првото дете отидов на пораѓај без болки ,и имав време да се " пазарам"со докторката[sm=jezicek.gif]Ме фати страв од тоа што следува,болки,пораѓај и почнав да ја молам да ме однеси в сала за царски.Но таа ме погледна ,и почна смирено да ми објаснува,дека кај мене и кај бебето се е во ред,дека нема потреба од операција,ќе цитирам дел од нејзините зборови:" Зошто царски?ти си здрава и голема жена(100кг[sm=jezicek.gif]),можеш без проблем да родиш.Зошто од готово си правиш вересија?Тоа е операција,не е вадење заб.ќе ти треба време за да заздравиш".И тоа беше се,со инјекција ми предизвика болки ,и за 1 час се породив.Потоа наредниот ден се смеев сама со себе зошто сум барала царски,бидејќи цимерката до мене беше со царски и не можеше [sm=duda.gif]да го држи во раце,да си го милува како што правев јас.Тогаш сетив колку голем благослов е да се породиш природно[sm=smiley1.gif]За второто отидов спремна за природен пораѓај,но бев до последен момент спремна и за в сала,бидејќи [sm=duda.gif]беше високо поставен,но се спушти на време[sm=smiley1.gif]
Според мене царскиот рез треба да се употреби како метод онаму каде што не може природно да се породи жената.Бидејќи природно си е природно,кој како сака нека каже ,стрес,болка страв,природата се погрижила за се,жената да може да го преброди пораѓајот,да стане после тоа и да се грижи за своето малечко[sm=smiley1.gif]




Bethany -> RE: За или против планиран Царски рез! (27.1.2014 14:22:19)

Мене ми е тоа смешно да мора жена да почуствува природен пороѓај.
Каде пишува тоа? :) Не е жена помалку мајка ако не имала природен пороѓај, па дури и ако свесно изабрала да оди царски
Јас лично свесно нема да одам на планиран царски,
не знам зошто,вероватно немам доволно големи мотиви.
Сепак лично сметам дека тоа е природна работа за која што женското тело е створено и приспособено, ама ако некоја не мисли така - зошто да нема право?
Само мајка и бебето да се живи и здрави, па на кој начин мајката изабрала да го донесе на овој свет најмалку е битно :)




vezilka RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (27.1.2014 14:46:51)

Јас еднаш родив природнои богами не видов колкав благослов е тоа, туку напротив, токму заради тоа искуство сега, за вториот пат сакам да одам на планиран царски. Пред некое време кога бев на преглед во една од приватниве родилишта, ја прашував докторката кои се индикации за царски, ми нареди неколку и ми кажа и нормално желба на пациентката. И сега постојано размислувам за тоа, зошто тоа не би било навистина по желба на пацинтката и во државниве родилишта. Јас не сакам уште еднаш да го доживеам тоа што го доживеав првиот пат. Не сакам да ја почувасвувам болката. Сакам да се разбудам и да имам бебе покрај мене.




LoveableMe RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (27.1.2014 14:48:58)

"It's a free country!" Кој што сака, тоа нека прави, ако жената сака да се одлучи за царски планирано, нејзина е одлуката. Секако, како и при друга лекарска интевренција, треба да се запознае со постапката/ризиците за тоа.

Имам таков случај кај пријатели, планирано отиде на царски, беше бремена со близначки и нема ништо лошо.




sandriana RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (27.1.2014 15:07:17)

Лично мој став - за мене - освен ако не е неопходно, медицински неизбежно, за здравјето на бебето или мајката - царски не би.
Причина: страв од нус ефекти на анестезии и подоцнежни пост-оперативни последици.

Меѓутоа, општо, како клаузула - сметам дека треба да се остави опциија за избор на секоја жена дали сака природно или породување со царски рез.
Секако, пред породување да се направи разговор со гинеколог, да се предочат мааните и предностите, а жената сама да го направи својот избор.




Melanija RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (27.1.2014 15:15:25)

Во момент нема доволно време но деновиве ќе пишам на подолго сега на пократко.[sm=smiley1.gif]

Јас сум со царски,тоа не ме прави помалку или повеќе мајка,како и сите со чуства.Има варијанта породилни болки и отварање но да се роди царски ,и Х причини за царски.

Секое женско теле е индивидуално и неможе да знаеме во која состојба како ќе реагира.Има многу маки и со природно и царски,но има и многу со лесно породување и царски.Никогаш на чисто па да знае човек што а одбере.

Имав и Х причини но имав и страв,ПРИЗНАВАМ.
Коцките се поклопија.Но сепак психички поврзувањето со бебето (кое можеби нема никаква врска со царскиот) и плус не доењето ми беа проблем.Велам не го родив туку го извадија.Но среќна сум и ми беше најважно да си бидам здрава и права за да си го гледам детето.

Заклучок:воведување на избор на родилката во државните институции[sm=smiley32.gif]




Martins mom -> RE: За или против планиран Царски рез! (27.1.2014 15:56:59)

Јас сум ПРОТИВ планиран царски рез. Ако се е во ред со мајката и бебето, зошто да имаш операција?! За страв од болки-ете има епидурална, спинална и шо ти знам таму други анестезии.




kapina -> RE: За или против планиран Царски рез! (27.1.2014 16:10:13)

Jasmislam oti toa e pravo na izbor koj kako sisaka jas na primer ako dojde do toa daj boze ke moram na carski rez zaradi prethodni hiruski zafati. a I toa e eden vid na poroduvanje itoa sestra mi na16 primer ona se porodi so iten carski rez oti bebeto pocnalo da gube tonovjas seja molev da se porode socarski no ne sakase sakase po prirodno no i. Se iskomplicira rabotata I bidna taka




princessa -> RE: За или против планиран Царски рез! (27.1.2014 17:00:58)

i jas sum definitivno protiv planiran carski, drugo e da e neplaniran. Moeto prvo porodilno iskustvo bese horor navistina nemozam da vi opisam kolku bolno i dolgo traese. Bebeto bese postaveno visoko i nejkese da se spusti i glavceto mu bese zavrteno nekako. Pravevme vezbi so babicata pustevme i koga ne bivase veke me primpremija za carski. Jas pocnav da placam od strav, nejkev carski nikako. Me pripremaa i me odnesoa vo sala a jas umirav od bolki ke se onesvestev. Naednas me izvadija od operaciona sala ne niznaev deka me vrakaat vo soba, duri koga go vidov maz mi si velam zosto me vratija nazad. E pa bozjo cudo, bebceto si se namestilo vo posleden moment i se porodiv prirodno. Vtorata bremenost nabrzo dojde i ne sakav da razmisluvam kako ke se poroduvam. Ginekologot mi kaza deka i da saka nekoj planiran carski nema sansi da dobie ni za pari. Mora da si gi pocekas bolkite i da se obides prirodno. Edna moja prijatelka koja veke ednas se porodi so carski i za vtoriot pat ginekologot i dade sekako dozvola za carski, vo klinika ne i dozvolija i morase prirodno koe na kraj zavrsi katastrofalno so komplikacii.
Djabe se grizev koga vtoroto poroduvanje mi bese pesna, rodiv bebe tesko 3900 koe kako kursum izleze i toa bez epiziotomija. A prethodnoto devojce mi bese 3kilca i so epiziotomija. Najbitno e zenata da se oslobodi od stravot, nema potreba za zagrizenost koga nema seuste realen problem. Carskiot rez e operacija iako e rutinski zafat ima i nus efekti. Znaci za planiran carski sum strogo protiv, toa e moe mislenje. Vo Germanija ako saka zenata planiran carski osiguranjeto ne i go pokriva. Sekako deka ima isklucoci, ako planiraniot carski se pravi poradi naruseno zdravje ili drugi rizik faktori. Duri i da se ima bliznacka bremenost se odi na prirodno a kako sto gledam vo mkd se odi direkt na carski.




Defne90 RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (27.1.2014 17:16:05)

Jas ne sum protiv megutoa jas nikogas ne bi si otisla na planiran carski rez.I jas so prvoto dete mislam deka tolku maka i bolku vo zivotot ne sum videla.I moeto prvo porodilno iskustvo bese vistinski horor,12 casa pordilni bolki...strasno.no sega koga ke se setam na poroduvanjeto ne ni pomisluvam na bolkite sto gi pretrpev tuku mislam samo na toa kako na svet si go donesov najmiloto nesto na ovoj svet.I isto i jas iako bolkite bea nepodnoslivi vo nitu eden moment ne sum si pomislila deka sakam na carski,doduse vo moeto mesto na ziveenje si se porodiv i da sum sakala da bidam carski nemalo koj da me pravi no rabotata e vo toa sto i ne sakav.So vtoroto i kaj mene sto veli princessa kako kursum izleze imav samo polovina cas porodilni bolki i tolku.No iako go pominav toa bolno iskustvo so prvoto,znaci posle so vtoroto bev mnogu ispalsena da ne bide povtorno isto,sepak ne pomisliv voopsto na planiran carski.Toa si e licno moe mislenje,megutoa kako sto kazav ne sum protiv toa zena da si izbere da si se porodi so planiran carski rez,sepak toa si e nejzina licna odluka i sekako taka treba i da ostane.




mommy_angels RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (28.1.2014 12:58:18)

Јас го имам поминато и природното породување,а правев договорен царски рез.Болките при породувањето се навистина големи,ама и од царскиот не е ништо посјајно.Имав "лошо и богато гинеколошко минато" и на докторите им беше страв да не се преплашам на сред породување па да направиме голема беља.Можам да кажам дека е прекрасен моментот кога ќе си го видиш бебето а не си како претепана.Ако постои потреба,било медицинска или психолошка,јас сум за договорен царски.А тоа дека ќе те боли дали во процесот на породување или потоа е небитно.На редот мора да си поминеш [sm=jezicek.gif]
Vezilka RR :
Сакам да се разбудам и да имам бебе покрај мене.

Не мора да се разбудиш,ќе си бидеш будна цело време и свесна,ќе си бидеш дел од процесот ,а и муабет ќе си правиш.
А немањето на царски по барање на родилката во државните родилишта мислам дека е чисто од економски причини.Сепак тоа е операција и чини многу повеќе




miana -> RE: За или против планиран Царски рез! (28.1.2014 13:12:56)

Јас не би сакала да ме оперираат ако тоа не е најопходно..Имате видеа на нет, како изгледа царски рез..Сепак тоа е оперативен зафат ( отаварање на телото ) и мислам дека никогаш не би прифатила доколку тоа не е неопходно.. Болката е голема природно, но нема ништо поубаво од моментот кпга ке се олесниш и ке си го гушнеш сонценцето!! А и за болката има решение денес во 21 век, постојат анестезии кај кои што нема воопшто да ја осетите болката и многу побрзо ке закрепнете од колку после операцијата. Не сакам да кажувам какви искуства преживеале мои блиски со царскиот рез , не сакам да ви набијам негативни мисли, ама сепак размислете пред да се изложите на операција.
Секој си има право на избор, не осудувам никого, но јас искрено сум протви царски рез..Родив две деца од кои првото со спинална лајт а второто сосема природно. Првото беше 2650 гр а вторто 3100 гр. Првото го родив без мака, се смеев при пораѓај, со второто од друг аспект ми беше многу полесно ( породилните болки пред порагај траеа многу кратко и беа многу полесни од првиот пат ) и затоа и заборавив на пораѓајот..Болното и страшно траеше 15 минутки и потоа се роди моето сонценце..Јас насмеана, стокмена, нашминката си грабнав мобилниот во раце и си вртев кај стигнам да се пофалам. Лошото траеше многу кратко... Еве мајки што родиле по втор или трет пат нека си кажат какви се разликите од пораѓај до пораѓај - такада нема потреба да се плашите вие кои што првиот пат ви било многу тешко...Вториот пат е речиси секогаш полесен од првиот, а за третиот и да не правам муабет. Имаме и тема втора бременост па таму може и да споделиме повеке искуства..На истата тема која што ја отворив јас, имам напишано детално кои се разликите помеѓу моите две бремености и двата пораѓаја..Мајки ајде малце бидете по храбри, одлуќете се за природа, онака како што не создал бог !!!




niki -> RE: За или против планиран Царски рез! (28.1.2014 13:13:58)

dva pati pisuvav ogromen post i mi se brise i sega kratko
protiv sum crno beli izbori: carski ili priroden, planiran carski ili medicinski opravdan, za ili protiv gluposti
zenite treba da se zdruzat i sekoja svoja ideja da dade za da ni se prosiri izborot, za sekoj razlicen karaktker da postoi soodveten izbor i na sekoja edna od nas poroduvanjeto da ni bide edno prijatno iskustvo
jas za seba ne bi odbrala carski, no ne bi go sakala ni "prirodniot" od prviot pat
ne zatoa sto bolese neizdrzlivo ili doziveav nekoj horor, no od prosta pricina sto mrazam bolnici, se plasam od igli i se gadam od se nesto pa taka i prirodnoto poroduvanje vo takvi uslovi kakvi ni se poznati od nasite bolnici jas go smetam za nesto sto e daleku svetlosni godini od ona sto prirodata ni namenila i ona sto za mene licno spaga vo kategorija prirodno, a tek pa blagosloveno....




vezilka RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (28.1.2014 14:21:56)

Епа такви се условите во кои треба да сде породуваме. Кај нас нема други опции на породување, освен класичниот на бокс, и во операциона сала. Нема породување во вода, нема породување со клечење, нема породување дома, нема ништо. Дури и епидуралот, кој наводно го имаме не можеме да си го добиеме ако немаме некоја врска во болницата (а си го плаќаме регуларно, значи не е под фонд). Затоа опциите се црно -бело, или ќе си го кркам пак, или ќе одам на договорен царски. Скоро со сигурност знам дека и овој пат ќе си го кркам заради природата на проблемот кој го имав и при првото породување, тесна карлица која го забавува отворањето и не му дозволува на бебето да влезе нормално и лесно во каналот.




miana -> RE: За или против планиран Царски рез! (28.1.2014 14:41:57)

На договорен царски на ГАК ( државна болница или која и да е државна ) нема шанси да поминеш, освен ако немаш некоја дебела врска ( кабел да не речам ) а ако веќе ја имаш таа врска може да се добие и анестезијата веке спомената. Истото важи и за приватните. Ако веке одам приватно да се породувам пак би побарала спинална или епидурална анестезија јкои што ке ги добијам зошто сум на приватна клиника нели, исто како што би го добила и царскиот рез по желба. Инаку јас наслушнав дека законски е недозволиво да се прави царски рез доколку тоа медицински не е оправдано.Пак ке речам секој си има право на избор..Доброволен царски рез јас лично не би одбрала.




vezilka RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (28.1.2014 15:01:33)

Тоа е друг муабет што треба да платам или да фаќам дебели врски за нешто што сметам дека би требало да биде мој избор.




deluxe -> RE: За или против планиран Царски рез! (28.1.2014 15:01:41)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Епа такви се условите во кои треба да сде породуваме. Кај нас нема други опции на породување, освен класичниот на бокс, и во операциона сала. Нема породување во вода, нема породување со клечење, нема породување дома, нема ништо. Дури и епидуралот, кој наводно го имаме не можеме да си го добиеме ако немаме некоја врска во болницата (а си го плаќаме регуларно, значи не е под фонд). Затоа опциите се црно -бело, или ќе си го кркам пак, или ќе одам на договорен царски. Скоро со сигурност знам дека и овој пат ќе си го кркам заради природата на проблемот кој го имав и при првото породување, тесна карлица која го забавува отворањето и не му дозволува на бебето да влезе нормално и лесно во каналот.



Везилка штом е таква ситуацијата кај тебе,да си отидеш на приватна клиника и да си се породиш со царски рез,тоа ти е мој совет.Или евентуално на гак да си најдеш добра врска и да си олесниш работата.Во твојот случај е оправдан планираниот царскиот рез.[sm=smiley1.gif]




vezilka RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (28.1.2014 15:14:04)

Поентата е дека под оправдани причини за царски не се смета стравот од кркање на болките. и тесна карлица во државните установи исто така не е идикација за царски по дефиниција се додека не дојде до опасност од гушење на бебето па со трчање да те префрлат во операциона. ЗА приватна немам финансиски можности, така да ми останува да си најдам врски за договорен царски.




blond -> RE: За или против планиран Царски рез! (28.1.2014 15:23:15)

Живи и здрави, за второ планирам царски. Зошто? Затоа што со првото ми велеше докторот, мало е бебето, до 3200 макс, иако ехото покажуваше околу 3700 кога влегов во деветти (докторот што ми ја водеше бременоста, ме породи). И така цел ден со ненормални болки, 1 ден поминат од краен термин, за на крај да завршам со итен царски и со зборови на докторот кон мм: ќе гледаме да го спасиме бебето. А мм го прашал: А жена ми? Др рекол не знам ќе видиме. Бебе се роди 4050кг, јас сум ситна по градба, тесни колкови, не сакам да помислам што се ќе се случеше ако ме качеа на бокс. Можеби и двајцата ќе останевме осакатени.
Не сакам пак низ тој пекол да минам, повеќе од 10 саати да си со ненормални болки, ем гледа дека не бива и пак на сила природно та природно.
Евентуално би пробала со природно ако ехото покажува на ден на пораќај тежина на бебето помалку од 3500кг. Ама можеби.
Многу сакав природно, ама по она што го поминав, на секунда до природен пораѓај, а во сала да те носат и да не знаеш што се случува и зошто итен царски, не фала.
Братучетка моја се одлучи за второ со закажан царски, со првото исто беше закажано. од пусти страв од природен пораѓај. Па не е помалку мајка од останатите, нели?




sandriana RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (28.1.2014 17:48:57)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Поентата е дека под оправдани причини за царски не се смета стравот од кркање на болките. и тесна карлица во државните установи исто така не е идикација за царски по дефиниција се додека не дојде до опасност од гушење на бебето па со трчање да те префрлат во операциона. ЗА приватна немам финансиски можности, така да ми останува да си најдам врски за договорен царски.

Тесната карлица после 1иот пораѓај веќе не е толку тесна, никогаш нема да се врати во состојбата во која била, тоа нека не те загрижува. И јас имав таков проблем - тесна карлица за мерките на плодот - но тоа го увидоа дури кога ме седнаа на бокс, за жал. И докторот го искоментира истото, зошто мојата матична не го ставила тоа како забелешка. Среќа се се заврши само со епизотомија.
На твое место јас би побарала мерки пред породувањето - сооднос големина на бебе и карлица, и евентуално епидурал.




niki -> RE: За или против планиран Царски рез! (28.1.2014 20:35:41)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Епа такви се условите во кои треба да сде породуваме. Кај нас нема други опции на породување, освен класичниот на бокс, и во операциона сала. Нема породување во вода, нема породување со клечење, нема породување дома, нема ништо. Дури и епидуралот, кој наводно го имаме не можеме да си го добиеме ако немаме некоја врска во болницата (а си го плаќаме регуларно, значи не е под фонд). Затоа опциите се црно -бело, или ќе си го кркам пак, или ќе одам на договорен царски. Скоро со сигурност знам дека и овој пат ќе си го кркам заради природата на проблемот кој го имав и при првото породување, тесна карлица која го забавува отворањето и не му дозволува на бебето да влезе нормално и лесно во каналот.


Znam deka nema i toa me revoltira sto ziveeme na podnebje kade izborot e ogranicen i nametnat i sto site drugi alternativni resenija sme prinudeni da gimgledame preku staklo bez moznost da posegneme po istite




Melanija RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (28.1.2014 20:48:03)


ИЗВОРНА ПОРАКА: blond

Не сакам пак низ тој пекол да минам, повеќе од 10 саати да си со ненормални болки, ем гледа дека не бива и пак на сила природно та природно.


Е ова ми е поентата ,се радуваш носиш живот во себе а да незнаеш дали жива и здрава со бебе ќе излезеш.
За ова беше мојот страв,немав никој па може никој да не те види а да умираш од болки.И да црно и бело е кога се работи за државно.
Без врски природно па господ на помош или царски во исклучителен случај.
Се е друго со врски и на приватно.




LoveableMe RR -> RE: За или против планиран Царски рез! (29.1.2014 11:16:34)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Поентата е дека под оправдани причини за царски не се смета стравот од кркање на болките. и тесна карлица во државните установи исто така не е идикација за царски по дефиниција се додека не дојде до опасност од гушење на бебето па со трчање да те префрлат во операциона. ЗА приватна немам финансиски можности, така да ми останува да си најдам врски за договорен царски.


Дали си разговарала со некого дали може вежбање јога за трудници неколку месеци пред породување да ти помогне за твојата ситуација? Или евентуално други вежби за трудници? Позз




Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>