RE: Евровизија (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Ikana -> RE: Евровизија (19.5.2013 10:53:13)

Женски што мислите за победникот на Евровизија? Ви се допадна песната на Данска?
За Лозано само пофални зборови, по Тоше, тој е следното чудо од Македонија! [sm=bravo.gif]




Bethany -> RE: Евровизија (19.5.2013 11:16:17)

СЕга баш ја погледнав. Првите звуци ми заличеа на Лане мое до Жељко, а стајлингот и е ко прошлогодишна победничка Лорин нели и она беше боса, расчупана и дива [sm=smiley36.gif]Ама со оглед на другите, оваа е супер. Се уште ми е жал за Мк, ништо не беа полошите од оваа, дури и подобрите, ама тоа е.




vezilka RR -> RE: Евровизија (19.5.2013 12:00:43)

Памтам кога Евровизија беше настан на месецот. Масовно се гледаше и се зборуваше за неа после цел месец. Јас престанав да гледам Евровизија пред неколку години. Ми ја нема онаа евровизиска возбуда веќе. Мислам дека и квалитетот на песните е многу паднат. Настрана гласањето, нема везе со избор на на најубавата песна.




miana -> RE: Евровизија (19.5.2013 12:17:23)

Jas pak koga slusnav deka Danskava pesna e del od evrovizija a prethodno bese hit na radijava,znaev deka ke pobedi..Azerbejdzan neznam zosto go glasaa tolku koga ne bese nisto posebna pesnava.
Misla deka Mkd nikogas nema da pobedi na evrovizija zosto koga ke dojde vreme za izbor,site pravat skart pesni,neznam sto im e !!!




Џесика -> RE: Евровизија (19.5.2013 12:27:22)

Лозано и Есма врв испеаја... ама што грди песни им прават, ко што рече Миана, преку цела година хитови, за евровизија тапа жива... Јас уште жалам за Боки, Биг мама и Ферус.... еее што хит ќе беше...[sm=smiley36.gif]




ostoun -> RE: Евровизија (19.5.2013 12:49:59)

Jas mislam deka se e politika, i deka ne treba da ucestvuvame povekje isto kako Bosna, Turcija i Polska sto se otkazaa od ucestvo.




vezilka RR -> RE: Евровизија (20.5.2013 8:24:21)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

Лозано и Есма врв испеаја... ама што грди песни им прават, ко што рече Миана, преку цела година хитови, за евровизија тапа жива... Јас уште жалам за Боки, Биг мама и Ферус.... еее што хит ќе беше...[sm=smiley36.gif]


Хе,хе, јас и не памтам дали некогаш сме испратиле убава песна на Евровизија?




Mihaela 2010 -> RE: Евровизија (20.5.2013 9:05:29)

Jas ovaa godina nisto ne vidov od evrovizijata,zaboraviv a koga mi tekna za finaleto vekje terase 10 tata pesna,mislam i deka ne propustiv nesto koj znae sto,ke gi pobaram na youtube nasive da vidam kako ispeale..




Maca25 -> RE: Евровизија (20.5.2013 9:12:17)

Алал да им е на Есма и Лозано!!! Како испеаја! [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] Се претставија ептен ептен добро.
Како и да е, Македонија тешко дека ќе дојде до победа таму, се е политика и се гласа на сосетска база [sm=smiley36.gif]
Данската песна беше ок, ама не знам што толку се фатија сите за Азербејџан!?!?! Жалопојка класична! Мене најмногу норвешката песна ми се свиѓаше.




JovanaJ -> RE: Евровизија (20.5.2013 9:27:44)

Ovaa godina za prv pat ne gledav Evrovizija. Epten go izgubiv interesot. Inaku ja gledav bas nasata pesna i mene mi se dopadnaa kako se pretstavija Esma i Lozano. A mi se dopaga i pobednickata no so ogled na toa deka ne gi gledav drugite nemozam da sporedam i komentiram...




penelopa -> RE: Евровизија (20.5.2013 13:22:07)

После незнам колку години се решив да гледам Евровизија. Првата финална вечер нешто слушав повеќе не, втората гледав до Макдонија- Ме воодушеви Влатко леле каков глас[sm=bravo.gif]. За финалната вечер заспав така да само малку на почетокот гледав- се на се годинава ништо посебно немаше посебно сценските настапи ми беа тапа




Pepelaska * -> RE: Евровизија (21.5.2013 14:20:55)

Искрено незнам зошто уште одиме таму колку да не обрукаат и стрес на пеачите да им правиме.
Одлично испеаја, само таму не се цени глас.
Иако го виде и слушна Европа на Влатко сега му е потребен еден огромен психички одмор.




Melanija RR -> RE: Евровизија (6.5.2014 22:23:51)

Ау касниме [sm=smiley36.gif]

Како ви се чини Копенхаген,првата полуфинална вечер?
Мене ме воодушеви сцената и ефектите [sm=zz_dance.gif] мислам дека од тој аспект досега е најдобро технички

Песни?[sm=smiley3.gif] нешто русинките не беа лоши




LoveableMe RR -> RE: Евровизија (6.5.2014 22:29:12)

Лелеее, мене обратно, ај ефектите се добри, ама песните катастрофа, ептен лоши песни годинава тралалајки [sm=zz_nerd.png][sm=zz_stomp.gif]




Melanija RR -> RE: Евровизија (6.5.2014 22:39:00)

Може баш затоа ќе се протнеме во финале [sm=smiley1.gif]

TIJANA DAPCEVIC - TO THE SKY




mommy_angels RR -> RE: Евровизија (7.5.2014 8:15:00)


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Лелеее, мене обратно, ај ефектите се добри, ама песните катастрофа, ептен лоши песни годинава тралалајки [sm=zz_nerd.png][sm=zz_stomp.gif]

Не гледав,се борев со настинката на ќерка ми,ама Евровизија ми е синоним за лоши песни.Баш вчера на работа беше пуштено некое радио и одеше ама мноооогу лоша песна.Прво што и реков на колешката беше-оваа мора да е Евровизиска песна.Тоа е моето мислење за целово шоу.




Defne90 RR -> RE: Евровизија (7.5.2014 11:22:52)

ни јас не гледав додуше па и не ни знаев дека било сношти,ама и без тоа немало да ги гледам.И јас го имам истото мислење за евровизијата како и мами и воопшто не сакам да го следам тоа.Затоа што таму дефинитивно е се политика.И секогаш победува онаа песна која што е најлоша.




Melanija RR -> RE: Евровизија (7.5.2014 13:15:21)

Од првата полуфинална вечер се пласираа во Финале (сабота 10 мај 2014)

1. Црна Гора
2. Унгарија
3. Русија
4. Ерменија
5. Азербејџан
6. Сан Марино
7. Украина
8. Шведска
9. Холандија
10. Исланд




Melanija RR -> RE: Евровизија (8.5.2014 23:00:51)

Македонија не влезе во финале [sm=zmeden.gif]




Felly RR -> RE: Евровизија (9.5.2014 18:17:31)

Па искрено јас и не очекував.[sm=smiley13.gif]




deluxe -> RE: Евровизија (9.5.2014 23:58:38)

Од прв момент кога ја слушнав Тијана како пее,како да ја стега некој на грлото,знаев дека нема шанси да успееме.Тијана е многу добар вокал,ама не знам зошто така ми звучеше ,пригушено...[sm=zmeden.gif]
А и песната ич не ме фасцинираше,не ми легна на уво[sm=smiley36.gif]
В година повеќе среќа[sm=smiley13.gif][sm=smiley13.gif]




Melanija RR -> RE: Евровизија (19.5.2015 22:45:01)

Гледаше денес некој евровија 2915г? Јас само за Даниел седнав пред ТВ, а и претставничката на Србија.


Даниел пееше како што и си пее ,10ка.Од предходно се знаеше стајлинг и кореографија.Ај како е облечен е личен избор ама кошулата ич не ми се допадна,а кореографија скоро и да немаше [sm=smiley24.gif] се изненадив зошто кратко пред некој ден фатив дека кореографката била многу позната и е од Словенија,соработувала со многу познати па за ова не се ни потрудила.

Ќе влеземе ли во финале?[sm=smiley1.gif]




lukajana RR -> RE: Евровизија (19.5.2015 23:03:13)

Јас не ни знаев дека има Евровизија денес,значи не сум во тек со ништо ,случајно видов и го гледав нашиот настап,не беше лошо стандард за Даниел ама не влеговме во финале ,секоја година е исто песната не игра многу улога други работи одлучуваат за жал




Melanija RR -> RE: Евровизија (20.5.2015 13:06:15)

Баш ми е криво за Даниел [sm=zmeden.gif] ќе гледам и утре да видам што се песни има




mommy_angels RR -> RE: Евровизија (20.5.2015 13:14:23)

Јас ја гледав синоќа до Даниел,дека имав алишта за диплење не од друго.Не ја почитувам Евровизија како настан,нема врска со музиката и квалитетот.Тогаш кога ќе престане да биде од натпреварувачки карактер и секоја земја ќе настапува на матичниот јазик,Евровизија ќе биде достојна и за гледање и за слушање.А дотогаш џабе испраќаме квалитетни пеачи.




Страница: <<   < Претходна страница  5 6 7 [8] 9   Следна страница >   >>