tincule -> RE: Знаци на бременост II (1.11.2014 9:00:12)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Vljubena ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany ИЗВОРНА ПОРАКА: Vljubena Ќе ја почекам датата за добивање која е на 7-ми и ќе направам тест, доколку нема бременост и ако сеуште имам бело прање, ќе посетам гинеколог. И немам веќе толку многу. Не знам зошто месецов не се обидувавме но не се ни пазевме многу но имам некое силно претчувство за [sm=duda.gif] но може и само онака ми се увртело во глава па ќе видиме. [sm=smiley36.gif] Ќе го направам тестот на 7-ми па баш на денот на славата да го израдувам, ќе има дупли повод за славење ако е така. [sm=smiley36.gif] Веројатно би покажало позитивен и на самиот ден, ако е така, иако знам дека е индивидуално. [sm=smiley1.gif] Поздрав до сите и фала на советите па ќе пишам. [sm=smiley14.gif] Кај мене бел секрет и во двете бремености ми значеше токму бременост. Едноставно, веќе го знам телото како функционира и ми се познати сите фази и како секретот ми се менува во текот на еден циклус, и кога ми изостана тој жолтеникав секрет (и/или спотинг) кој го имам пред добивање и кога стана млечно бел знаев дека е нешто поинаку. Е сега кај тебе е прилично рано, не сакам да ти давам лажна надеж, во секој случај сочекај па ќе сознаеш. Јас ти посакувам наскоро да биде токму тоа што го посакуваш ти. [sm=smiley1.gif] Фала мила, знам дека е рано мене исцедокот ми се случи неколку дена по овулација но бидејќи никогаш сум немала вакво нешто и мене ми падна чудно... Денес па цел ден од време на време имам како болки во стомакот и позади во половината и не може да ми е замислено бидејќи се прилично јаки... не знам дали може да е знак на нешто или пак ме фаќа стомачниот вирус од брат ми, баш вчера се видовме. [sm=smiley36.gif] На сто ума сум, се на тоа мислам... ми останува само да си почекам. А во меѓувреме ако имала некоја слично искуство со симптомиве пред датата за добивање, добредојдено е да сподели. Поздравче до сите. [sm=love.gif] Кај секого е различно јас бев таква пред секое добивање, секрет ненормален и болки во стомак и кичма, а кога ќе добиев леле мале сите дома на нозе, и кога се пораѓав можам да кажам дека истите болки беа [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]па јас заспав на бокс[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]Тие ми се смее таму. А немав никакви симптоми кога останав бремена освен што ми каснеше, направив тест и за 30 секунди оп 2 линии [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]Така да ако продолжи да те боли а сеуште немаш добиено најубаво да си отидеш на гинеколог зашто може да ти е нешто со јајници или нешто друго, да нема врска со бременост.Често знаело така да ме боли и од прелада, а може и да ти доцни од промена на време од стрес, конзумирање антибиотици или друг вид на апчиња да мислиш дека се симптоми а да не е така. ПОчекај и ако ништо иди си на гинеколог обавезно.
|
|
|
|