RE: Знаци на бременост II (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Сакаме нов член



Порака


Vljubena -> RE: Знаци на бременост II (11.11.2014 12:18:17)

Зошто вчера имав обилно а денес немам ништо, треба ли ова да ме загрижи? Прв пат ми се случува, затоа прашувам... [sm=zmeden.gif]




scared RR -> RE: Знаци на бременост II (11.11.2014 16:19:19)

Ќе скренам најозбилно, не можам да ја дочекам сабота, малку ми фали да одам во аптека и да фрлам 200 денари за тест кој најверојатно нема да покаже точно [sm=smiley13.gif] Денеска градиве ме болат помалку, вчера ме болеа премногу а денес ептен малце, што може да значи тоа? На секоја болка во јајници се штрекнувам, на секој исцедок срцево ми прерипува и трчам во веце да видам да не сум добила [sm=smiley19.gif]
Сама сум дома, ама дури и комшиите што ги слушам ме нервираат, ептен сум нервозна, кажете чаре некое не се сакам ваква [sm=smiley13.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Знаци на бременост II (11.11.2014 16:21:19)


ИЗВОРНА ПОРАКА: scared

Ќе скренам најозбилно, не можам да ја дочекам сабота, малку ми фали да одам во аптека и да фрлам 200 денари за тест кој најверојатно нема да покаже точно [sm=smiley13.gif] Денеска градиве ме болат помалку, вчера ме болеа премногу а денес ептен малце, што може да значи тоа? На секоја болка во јајници се штрекнувам, на секој исцедок срцево ми прерипува и трчам во веце да видам да не сум добила [sm=smiley19.gif]
Сама сум дома, ама дури и комшиите што ги слушам ме нервираат, ептен сум нервозна, кажете чаре некое не се сакам ваква [sm=smiley13.gif]

a ti docni menstruacija???




scared RR -> RE: Знаци на бременост II (11.11.2014 16:25:22)

Тоа е проблемот што не знам кога ќе добијам, од операцијата наваму ми се измести, прво ми дојде на 39 ден, потоа на 26 ден, а еве денес ми е 32 и уште нема, затоа си дадов фора до сабота да не правам тест ама не се издржува неизвесноста [sm=smiley24.gif]
Инаку мм не беше во земјава и првиот обид го имавме на 26.10 ако се зачнало тогаш не знам дали ќе се покаже [sm=zmeden.gif]




butterfly1 -> RE: Знаци на бременост II (11.11.2014 16:36:27)

scared imaj vo predvid deka ne sekogas zacnuvanjeto se desava na samiot odnos moze ponekogas i posle 2-3 dena da se desi. Kako i da e ako e togas zacnato bi trebalo da pokaze so podobar test ( self clear moja preporaka) No, vie sigurno ne ste imale obidi samo na 26ti taka? Ako se desilo zacnuvanje ponataka mislam nema da pokaze.
Moj sovet ti e so ogled na toa deka si imala ciklus i na 39 den da pocekas uste edna nedela pa da pravis test. Znam tesko e i ne se izdrzuva, baska ako maz ti e ko mojov pa samo me tera sto pobrzo da napravam duri i test mi kupuva [sm=jezicek.gif] ama bar ke znaes deka testot e 100% posto tocen i nema sansi da e lazno negativen.
Pustam srekicka da ne ti dojde do togas i da si vidis [sm=rozacrtici.gif] ili [sm=modricrtici.gif]
Te cekame so ubavi vesti [sm=bravo.gif]




scared RR -> RE: Знаци на бременост II (11.11.2014 16:41:30)

Фала Butterfly1 и јас истото го помислив наредна недела да правам тест за најсигурно, ама како ќе дочекам до тогаш не знам [sm=zmeden.gif]
А, за мм што да ти кажувам, само тоа ми го збори, уште викендов ме тераше да правам тест , среќа уште не дошол до тој степен да иде да ми купува тестови [sm=smiley36.gif]




blond -> RE: Знаци на бременост II (12.11.2014 20:21:02)

Ako na 26ti bil posledniot rizicen odmos i se fatilo eventualno najdocna do 29ti, mozes da napravis test vo sabota, ama ako i podocna ste si terale so bracni obvrski, togas pocekaj si poveke. Ajde navivam za [sm=rozacrtici.gif] [sm=bravo.gif]




scared RR -> RE: Знаци на бременост II (14.11.2014 18:13:33)

Пак јас на досаѓање [sm=smiley36.gif] Може ли да има бременост и да боли стомакот како за добивање? Ајде поискусни рр што сте биле или сте труднички кажете [sm=smiley1.gif] Да не ми биде џабе купувањето на тест , финансииве ми се болна точка периодов секој денар буквално ми е битен [sm=zmeden.gif] и не ми се фрла пари за тест ако нема шанси да боли стомак при бременост. [sm=smiley13.gif]




blond -> RE: Знаци на бременост II (15.11.2014 12:13:52)


ИЗВОРНА ПОРАКА: scared

Пак јас на досаѓање [sm=smiley36.gif] Може ли да има бременост и да боли стомакот како за добивање? Ајде поискусни рр што сте биле или сте труднички кажете [sm=smiley1.gif] Да не ми биде џабе купувањето на тест , финансииве ми се болна точка периодов секој денар буквално ми е битен [sm=zmeden.gif] и не ми се фрла пари за тест ако нема шанси да боли стомак при бременост. [sm=smiley13.gif]

Mozno e. Ama mozno e i psihata da ti vlijae. AJ pocekaj si do ponedelnik, znam kako ti e, ama stom finansii ti se bitni, pocekaj si [sm=smiley1.gif]




scared RR -> RE: Знаци на бременост II (15.11.2014 13:17:11)

Ништо добив, сега ќе се спремам за инсеминација бар ми олесна ова исчекување ме убиваше




elenadavidov -> RE: Знаци на бременост II (18.11.2014 22:36:40)

Мамички, идни мајки имам едно прашање! Поминаа 14 дена од последниот пат кога водевме љубов. Сакам да направам тест бидејќи сите симптоми ги имам( или барем мислам така... Болки во градите, јајниците уште од наредниот ден, долниот дел на кичмата..) не знам дали да почекам или да направам тест! Треба да добијам на 26 ти месецов, ама неизвесноста ме убива! Купив тест ама не знам дали е право време! Ве замолувам за мислење од поискусните, бидејќи ова прв пат ми се случува!
Ви благодарам однапред




Ki4iko -> RE: Знаци на бременост II (18.11.2014 22:49:53)

elenadavidov јас те советувам да си го направиш тестот од сопствено искуство.И за двете бремености знаев ,имав предчуство дека тоа е тоа 5 дена пред да добијам циклус и не погрешив, утре на прва утринска можеш да си провериш,за да не те копка, но имај на ум дека некогаш раните тестови даваат грешен резултат, т.е. ако е премногу рано и немаат поминато 12 дена од оплодувањето на јајце клетката , може да даде негативен резултат [sm=smiley36.gif]




elenadavidov -> RE: Знаци на бременост II (19.11.2014 20:11:46)

Ki4iko, ti blagodaram mnogu !!!!!! Jas mislam da go napravam testot, pa ke vidime rezultat :D
Ke go storam toa utre cim stanam, ako e negativen ke go povtoram za nekolku dena, sigurna sum deka ke mi kasni!!!!! Nekako sum ubedena deka sum bremena .... Sepak fala :D




scared RR -> RE: Знаци на бременост II (19.11.2014 20:28:53)

Aко веќе правиш тест направи го Self Clear тој покажува и до 5 дена од зачнување, т.е по 8 дена од однос. Останатите треба да ти задоцни некој ден. Овој ти е најточен според мене. Среќно и извести не [sm=smiley1.gif]




elenadavidov -> RE: Знаци на бременост II (20.11.2014 12:27:31)

Dobiv! Izgleda znacite bile za dobivanje, no ne mi bese logicno bidejki tollku silni bolki vo gradite, jajnicite i kicmata nikogas ne sum imala ..
Vi blagodaram decki za sovetitie ....




Ki4iko -> RE: Знаци на бременост II (20.11.2014 16:53:30)

еленадавидов,ајде наредниот пат чекаме убави вест од тебе ,само опуштено[sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Знаци на бременост II (20.11.2014 23:04:40)


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenadavidov

Dobiv! Izgleda znacite bile za dobivanje, no ne mi bese logicno bidejki tollku silni bolki vo gradite, jajnicite i kicmata nikogas ne sum imala ..
Vi blagodaram decki za sovetitie ....


Ајде, нека биде следниот период, пишувај ни[sm=smiley1.gif]




Maj4e1 -> RE: Знаци на бременост II (22.11.2014 3:18:24)

Zdravo na site jas sum nova na forumot bisakala da ve prasam kolku se golemi sansite da se zabremeni 1 den po zavrsuvanjeto na mestruacijata dokolku mm svrsi vo mene, se obiduvame veke 4 meseci ne sledejki plodni neplodni denovi, Koga treba da bide-ke bide, [sm=smiley1.gif] sega me interesira kolku se plodni denovite po menstruacija i dali grcevi vo stomakot i nonstop krkorenje na crevata i se vnatre se nekoi znaci na bremenost :) blagodaram [sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Знаци на бременост II (22.11.2014 18:46:54)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maj4e1

Zdravo na site jas sum nova na forumot bisakala da ve prasam kolku se golemi sansite da se zabremeni 1 den po zavrsuvanjeto na mestruacijata dokolku mm svrsi vo mene, se obiduvame veke 4 meseci ne sledejki plodni neplodni denovi, Koga treba da bide-ke bide......


Maj4e1, добредојде на форумот, тука сме за муабет, мислење, совет. [sm=smiley1.gif] Убаво напиша во постот и најубаво така да продолжиш со позитивна мисла што ќе биде ќе биде. А за плодни неплодни зависи кога имаш овулација ако е порано може и одма после мензис, позз[sm=bravo.gif]




macika4 -> RE: Знаци на бременост II (6.12.2014 22:07:14)

Zdravo na site nesto cudno mi se desava u posledno vreme od kako mi zavrsi menstruacijata na 21 noemvri odma posle toa osetiv kako mi se podigna matericata na nagore i pocna bolenje bidejki imam bolna ovulacija i si vikam mozno li e tolku rano da mi e ovulacijata i imav strasna naduenost sto me terase da povratam i od togas celo vreme nekoi macnini kako da ke dobijam duri i od son ke me razbudi macninata pa ke stanam u 4 sabajle i nema spienje i nastinka me fati so kivavici i pomina za eden den a mi e strav da kupam test mada sum nekako sigurna deka e toa toa ama pak mi e strav da ne se razocaram




LoveableMe RR -> RE: Знаци на бременост II (7.12.2014 18:03:57)

Мaцикa4, нaпрaви тест, нaчистo ќе си штo е. Сoбрaвте дoкументи зa втoр oбид?




macika4 -> RE: Знаци на бременост II (7.12.2014 18:59:48)

Ne zasto kariotipot mi izleze na mene 14 hromazom deka ne bil nesto vo red i deka moite treba da proverat i oni isto da se vidi kaj e greskata drugite dokumenti se vo red ali rabotata e sto moite sega otidoa vo italija i podnesuvaat dokumenti za stalno i mora da se ceka i dali deka izleze toa so kariotipot taka i ne mislev pa sega ovaa nezznam sto da mislam a ic ne mi se pravi test poubavo ako bi pravela preku krv ovie ic ne se kako treba ali ke pocekam uste edna nedela nemoj da sum si umislila pa posle pogolemi nervozi [sm=smiley36.gif]




butterfly1 -> RE: Знаци на бременост II (11.12.2014 18:40:06)

темава може не одговара за прашањево ама не знаев кај да го поставам. Требаше да добијам до 10ти ама не добив , е сега гледам матката ми е скрос доле можам да си ја видам , тоа значи дека ќе добијам ? Така како да ми стои дека негде имав прочитано кога матката може да се види и напипа настанува циклусот [sm=smiley13.gif]




LoveableMe RR -> RE: Знаци на бременост II (11.12.2014 20:11:24)

buterfly1, почекај уште малце, па направи тест, те чекаме да ни јавиш[sm=smiley1.gif]




macika4 -> RE: Знаци на бременост II (11.12.2014 21:59:02)

E stvarno bi sakala ako moze nekoj da mi objasni dali koga ke ste bremeni matericata se pomeruva nagore zs mene devojkata sto mi objasni za 14 hromozom ako ne e vo red deka predizvikuva spontani abortusi deka genot ne se svrzuva so mene i zatoa ne ni ostanuvam a mnogu pati do sega duri i me boli koga ke pocne da se pomeruva na negore duri nemozam ni da ja napipam izvinete taka ama nekogas ke proveram sto se slucuva i koga ke treba da dobijam ke si se vrati vo normala




Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>