Octavia -> RE: Здрава исхрана (19.6.2013 15:50:46)
|
Најважно во се, па и во исхраната е умереноста. И освен здравата исхрана, неопходно е да се надоврзе на тоа движењето и секако состојбата на психата (да не речам на духот). Здравата исхрана е многу важен фактор, ама не е пресудна. Примерот со Стив Џобс и неговиот начин на исхрана, но и за неговата болест, верувам дека на сите ни е познат. Факт е дека треба на децата да им создадеме здрави навики уште од мали, за да им стане тоа начин на живеење. Не мора да се претерува, не мора да сме фанатици, туку само малку повеќе посветени. Овошје наутро, секој ден свежа салата и сл. ситни работи не не оптоваруваат, а многу помагаат. Барем еднаш неделно риба (не панга, по можност не замрзната и не од јужните мориња, секогаш се вели најдобро локална). Домашна супа направена без зачини со адитиви, со многу зеленчук. Варива без запршки (иако според мене ретко кој става запршка, не знам, можеби грешам, ама јас лично не знам никој кој става запршка во јадење). Нема потреба од пржење храна, еве јас се што може да се пече, печам во рерна. И на сето тоа житарки (кој не ги сака цели, може и мелени семиња, многу се лесни за употреба). Далеку сум од фанатик, иако се трудам на децата да им ги нагласувам позитивните страни на здравата храна. А се јаде и нездрава храна кај нас, да, како што убаво кажа еден нутриционист, се дека е повремено и не се претерува, не е опасно. Важно е да сме свесни што јадеме, и ние и децата, да им ја градиме и нив свеста, преку нашиот пример, и да бидеме умерени.
|
|
|
|