kikicka -> RE: Здрава исхрана (20.6.2013 12:47:13)
|
Еве ви корисна статија за сајтот а не глупостите! како што се на Викторија Бекам модните совети! Злобна мајка Ќе почнам наједноставно: имав најзлобна мајка на светот. Додека другите деца јадеа колачиња за појадок, јас морав да јадам житарици, јајца или тост. Дури кога другите деца уживаа во кока-кола и брза храна за ручек, јас јадев грашок или спанаќ… претпоставувате дека и мојата вечера се разликуваше од онаа на другите деца. Олеснувањето, верувале или не, беше во фактот што не страдав сам – мојата сестра и моите двајца браќа ја имаа истата несреќа со мене. Мајка ми инсистираше во секое време да знае каде сме. Наизглед делувавме како поврзани со папочна врвца: нејзиниот збор беше задолжителен за нас, кога ќе одредеше точно време за враќање дома, не смеевме да задоцниме ни минута… се срамам да го признаам тоа, но таа практично не држеше како во затвор. Секогаш кога ќе посакавме да размислуваме и делуваме по свое, таа изразуваше незадоволство. Пример, кога одбивавме да носиме појас во автомобилот иако тато велеше дека му смета додека вози, таа ни наредуваше да го направиме тоа. Можете да го замислите тој притисок поради мала непослушност? Сега ќе увидите колку злобна таа, во суштина беше… Моравме секогаш да носиме чиста облека и редовно да се бањаме. За разлика од другите деца кои играа во истата облека со денови! Стигнавме до точка на навредување поради што таа ја шиеше нашата облека во насока да заштеди пари, а ние само сакавме да бидеме еднакви со нашите другарчиња. Ох, зошто мораше да имаме мајка која прави да се чувствуваме поинакви од другарчињата? Најлошото допрва доаѓа: секоја вечер во 9 часот требаше да сме заспани и разбудени во 8 часот следното утро. Не можевме да спиеме до пладне, како што нашите врсници уживаа во слободното време. Напротив, правеше да се чувствуваме должни да ги местиме нашите кревети, понекогаш да миеме садови, сами да си подготвуваме јадење и останатите сурови работи по дома. Верувам дека не спиеше ноќе само да да смисли злобни работи кои би ни ги приредила утрешниот ден… секогаш во инсистирање да ја кажуваме вистината, само вистината и ништо освен вистината дури и ако тоа не убие; што и речиси се случи. Во времето кога бевме тинејџери, таа беше далеку помудра од нас и веќе претпоставувате дека нашиот живот стана неподнослив. Ништо од свирката на автомобилот како сигнал да излеземе – не доведе до точка на посрамување, приморувајќи ги нашите пријатели/девојки/момчиња да дојдат до нашата врата за да ние добиеме дозвола за надвор. А ако бев излезен со девојка ми, може да замислите дека се јавуваше да провери дали сум со неа. Никогаш не добивме можност да избегаме во Мексико, затоа што немавме со кого да избегаме. Заборавив да спомнам, додека моите пријатели беа спремни за врска на 12 и 13 години, мајка ми направи ние да чекаме до 15-16 години. Петнаесет, и тоа ако врската е поврзана со училиштето. Средби? Два пати годишно можеби. Во текот на годините, работите воопшто не се изменија. Ние не можевме да лежиме болни в кревет како нашите пријатели, или да испуштиме ден во училиште – кога нашите пријатели трпеа болка во малото прсте, скршен нокт или вртоглавица, секогаш остануваа дома. Нашите оценки имаа граница: од 4 до 5. Нашите пријатели добиваа шарени извештај картички за тестовите, додека нашата мајка не се задоволуваше со помалку од црна (највисока точка на поминување на испитувањата). Како годините минуваа, првиот од нас, по кој следеа и останатите беше изложен на срам: во моментот на моето матурирање, со мајка ми позади мене – нејзиното зборување, притисок и барачки за почит, не можев да уживам во комплиментите и убавите зборови со кои сите ме осипуваа. Да, мајка ми беше комплетен неуспех како мајка. Од 4 деца, само двајца од нас издржаа до високо образование. Никој од нас никогаш не доживеа да биде уапсен, вмешан во тепачка и други сомнителни работи, или евентуално доведен до ситуација да се разведе. Моите браќа достојно го отслужија терминот за војска. Сите четворица се изградивме во правилни личности со правилни навики. И кога дојде моментот некого да обвиниме за тоа, во право сте, сите погледи упатуваат на нашата мајка. Погледнете на работите кои ги испуштивме поради неа: никогаш не марширавме во знак на протест, никогаш не зедовме учество во немири, никогаш не бевме казнети на училиште, како што многу од нашите пријатели правеа. Таа не принуди да растеме во чесни и образовани луѓе. Користејќи ги советите на мајка ми, јас се обидувам да ги израснам моите три деца. Стојам малку повисоко од нив и сум исполнет со гордост кога моите деца велат дека сум злобен татко. Бидејќи, гледате… јас му благодарам на Бога што ми ја даде најзлобната мајка на светот. Боби Пингаро, 1967
|
|
|
|