RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Melanija RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (6.10.2014 10:21:18)

Девојки постовите во врска со искуства од матичните гинеколози се префрлени во соодветна тема ТУКА [sm=smiley1.gif]




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (10.10.2014 12:11:56)

Девојки, дали се нормални болките и грчевите во стомакот во овој период?
Од она што го видов на нет, ако се без крварење и подносливи, се смета дека се нормални, но сепак, понекогаш ме фаќа шубе затоа што баш и не ги очекував. До кога обично траат?




Bethany -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (10.10.2014 12:26:30)

Hopeful, нормални се болките, да се чувствуваш ко да ќе добиеш секој момент.
Јас на денот кога требав да добијам, толкави болки имав што се напив Ибупрофен, и со таблета ме болеше, морав да лежам, ама во секој момент очекував да добијам и ништо.
И сега имам од време на време болки, и во долниот дел на стомакот, и позади во половината, ама се благи.
А во прва бременост се сеќавам дека во текот на целата бременост знаеше да ми се појават болки ко менструални.
Исто бев исплашена на почетокот на прва бременост, одев кај доктор и тој не придаваше големо значение, викаше дека е нормално и по потреба и парацетамол да се напијам. Тоа од моето искуство.

Инаку, јас се уште не отидов на доктор, ама знам дека е рано и дека се уште нема ништо да се види највероватно, па со Господ напред ќе одам таму пред крајот на следната недела, ако не и покасно, ќе видам. А мачнините веќе ги осеќам, коишто ги немав во прва бременост и градите ме болат, ама не се жалам, не е страшно. Добро се осеќам, имам енергија се уште, на своја рака земав тифол (фолна) да пијам и магнезиум (магнесол) и ќе видам што ќе ми рече докторот кога ќе одам.

Е да, исто овој месец пред да дознаам да сум бремена неколку дена по ред пиев ибупрофен (поради реумата што ја осеќам во едната рака), и пиев алкохол многу вечери по ред. Не се опивав ама по чаша вино испивав обавезно. па сега се надевам нема да е страшно ништо, што мислите?




Mihaela 2010 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (10.10.2014 12:31:32)

Eve me I mene,12+2 dena,go teram prviot krug..
Denes pravev pap,brisevi mi zimaa,i 4 D...bebe nemirno mrda li mrda,se prevrtuva epten zivo,spored zemenite dimenzii e dobro,taka mi kaza dr.od tamo otidov pravac u drzavna za priska...
Dosta sum napnata,rezultati tek vo sreda...so gineko bas zborev sto ako nesto nedaj boze pokaze,mi vika ke prais amnio,vikam pa neli spored tebe e se ok??
I nisto konkretno ne mi odgovori..pa so gospod napred I so pozitivni ke gi docekam vo sreda rezultatite...eh stvarno mi e napnato ova cekanje ama koga se mora -mora..




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (10.10.2014 13:03:49)

Bethany, фала ти, добро е што знам дека не сум единствена. Цело време ми стои шубе да не добијам случајно, ама тоа е, прва бременост па не можам да се олабавам. Мислам дека не е проблем ни бруфенот, ни алкохолот. Може да е опасно антибиотик, но бруфен не верувам, плус не си го пиела многу. А за алкохолот, од она што го читав, не се дефинирани количините што може да го оштетат плодот и затоа се препорачува скроз да се избегнува, макар што во толку рана фаза како што си ти мислам дека стварно нема врска. Сите пиеме додека не дознаеме дека сме бремени (јас едино сега со ивф-то не пиев), всушност, како и се прават повеќето деца, ако не уз алкохол? [sm=smiley36.gif]

Mihaela, со среќа на приската, сигурно се ќе биде ок! Не си сфаќај при срце што ти рекол гинекологот, сепак тест е тест, затоа не се останува само на ехото. Ти држиме среќа за во среда! [sm=smiley31.gif]




kapina -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (10.10.2014 13:11:55)

Hopefull prasaj go doktorot dali da zemas magnezium zaradi grcevite obicno davat magnezium




lolla RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (10.10.2014 13:19:22)

Хоупфул, магнезиум мацо и тоа 500мг дневно. И јас имав грчеви и од кога земам редовно Мг престанаа.

Бетани, со лесно нека е :) Не се секирај ни за алкохолот ни за апчето.

Михаела, стресно е чекањето, ама штом си било ок на ехото, ок си е бебчо уживкај.




Melanija RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (10.10.2014 13:50:30)

Дефинитивно магнезиум но консултирај се со гинекологот за тебе каков магнезиум,сите не пијат ист.Имаме и тема ТУКА

Mihaela 2010 не мисли се ќе биде ок [sm=smiley1.gif]
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

и пиев алкохол многу вечери по ред. Не се опивав ама по чаша вино испивав обавезно. па сега се надевам нема да е страшно ништо, што мислите?

И јас баш во тие денови имав пиено црно вино со се вкупна литража до кај 1,5 л [sm=smiley36.gif] не дека е за фалење ама не е страшно ,лошо е алкохолизирање




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (10.10.2014 13:58:38)

Фала ви девојки, се зачудив затоа што веќе пијам магнезиум со месеци, бидејќи сум склона на грчеви во нозе. Пијам од тој на Natural Wealth, ама по едно на ден, па добро што ви ги видов препораките, и ќе појачам на 2 [sm=smiley31.gif]




lolla RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (10.10.2014 14:40:55)

Мене ми препорачаа Мг од морско природно потекло па пијам на Биос лајн. Тој демек се апсорбирал подобро од синтетичкиот. Хоупфул, кога имаш закажно за срцева акција?




Mihaela 2010 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (10.10.2014 14:48:09)

Jas magnezium od sam start pijam zaedno so folna, sega teram so vitamini i plus mg.denes mi rece za otprilika 3 nedeli da pocnam po dve, sabajle i navecer.




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (10.10.2014 14:58:45)

lolla, во среда сум на контрола, па се надеваме на 2 срцеви акции [sm=smiley1.gif], па ќе прашам и за болките тогаш, заборавив минатиот пат.

Инаку каде го има тој магнезиум, лесно се наоѓа?




Mihaela 2010 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (10.10.2014 20:10:34)

Zenski aj edno prasanje...cela sum zatnata, t.e ednava nozdra mi se zatnuva pa me interesira dali smeam da stavam kapki Benil??




Melanija RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (10.10.2014 22:41:52)

[sm=nosecka.gif] постовите со инфо за магнезиум се префрлени во соодветната тема ТУКА ,така че мое полесно да се најде искуства за магнезиум




Bethany -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (11.10.2014 11:20:27)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Zenski aj edno prasanje...cela sum zatnata, t.e ednava nozdra mi se zatnuva pa me interesira dali smeam da stavam kapki Benil??


Jas ne ni znam kakvi se tie Benil?
A zosto ne se inhaliras na inhalatorot? Ili eventualno da gi zemes tie kapki so divo origano, ima i za vozrasni, ne veruvam deka bi trebalo nesto stetni da se.




Mihaela 2010 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (11.10.2014 11:30:07)

Benil se kapki za nos, obicni, denes ke se inhaliram ne prestanuva nosov so gusti mrsulcinja[sm=zmeden.gif]..ke prasam i vo apreka nesto da mi dadat sto smeam




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (13.10.2014 20:00:08)

Како си денес, Mihaela 2010? Стави Бенил или природно се оправи? [sm=smiley1.gif]




Bethany -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (13.10.2014 20:43:14)

Еве да се пријавам. [sm=smiley1.gif]
Бев на преглед, ми ја потврди бременоста, сега сум 5+1 недела, се е уредно. За срцева акција за две недели до месец дена да дојдам.

Инаку, кај оваа докторка одев на приватно со прва бременост, паралелно кај неа и кај мојот матичен патував за штип, бидејќи кај неа можам само на ехо, а за брисеви треба да се маткам по болница тука, кај друг матичен, па највероватно ќе продолжам како и со прва бременост, паралелно кај неа и кај стар матичен.

Докторкава која патем има големо искуство и долг стаж позади неа, ми има кажано за полот во прва бременост уште во 12 недела и тоа беше прилично сигурна и врло самоуверено изјавуваше дека во таа недела таа го гледа полот и никогаш не греши. И кај нас не погреши.
Ама сега не изнасмеја, докторкава буквално постави рекорд во рано прогнозирање на полот [sm=smiley36.gif] Ми кажаа дека сум останала бремена веднаш по менструација, и дека обично женските деца се поголеми во ова недела на бременоста. Се изнасмеавме сите, останува само да видиме дали е така, секако само да е живо и здраво, па друго што и да е добредојдено е.

Ми препиша фемибион, гледам го има и на РР страната како реклама, ова е фолна + јод. Само тоа.
Ми спомена секако да избегнувам сувомеснато, паштети, мајонези, ајвар и други видови на џанк фуд. Нејзиното уверување е дека добра исхрана е пресудна за здрав развој на бебето, и дека зголемен број на дефекти кај бебиња е поради неквалитетна исхрана (секако не единствен фактор, ама многу битен). Што помалку вештачки работи, па и витамини, што повеќе свежо.

Ете , се ви прераскажав. [sm=smiley36.gif]
Јас се чувствувам добро, со мачнини од време на време, градите ме болат, од време на време чувствувам притисок во стомакот, зачестено мокрење, ама се е издржливо. Фала на Бога и само нека продолжи да биде се во ред кај сите.

Вие како сте?
Да спомнам дека многу ми е мило што ќе можам оваа бременост да ја поминам со РР, првата поминав некаде пред крајот, ама сега од почеток има да ви здосадим со моите постови надолго и нашироко. Како некој дневник за бременоста да водам [sm=smiley36.gif]

Ајд доста од мене. [sm=smiley1.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (14.10.2014 8:36:28)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Како си денес, Mihaela 2010? Стави Бенил или природно се оправи? [sm=smiley1.gif]

Prirodno se opraiv...so limoni,potrokali,med....i fala bogu mi pomina




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (14.10.2014 10:56:07)

Bethany, супер, уживај си во деновите и месеците што следат [sm=smiley1.gif]

И јас имам мачнини, но без повраќање. Вчера толку беа интензивни што очајно сакав да повратам, ама не и не. Градите не можам да си ги допрам од што ме болат, едвај облакам прслуче [sm=smiley36.gif]

Mihaela 2010, супер за настинката. Мене се ми се чини дека закачувам некој цистит, ме пецка од време на време, и пијам увин чај и брусница како луда, па еве го контролирам.

И мене ми е задоволство што си ги споделуваме овие искуства заедно, баш е како дневник. Утре имам закажано за срцева акција, па држете среќа да чуеме две [sm=duda.gif][sm=duda.gif]




blond -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (14.10.2014 17:00:49)

Здраво мешковци,
Хоупфул, како јас да се читам, градиве ме болат, вчера цел ден лежев ич не ми беше арно, страшни мачнини но без повраќање. Денес сум одлично.




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (14.10.2014 17:08:49)

Ај да не пишувам на сто теми - честитки, blond! [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]

Колку си, до каде си? Ти посакувам оваа бременост да ти биде вистинско уживање цели 9 месеци! А на симптомите џабе им е, не можат да ни го расипат убавото расположение! Сега ќе одам дома да си легнам малце [sm=smiley36.gif]




blond -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (14.10.2014 17:12:57)

Фала фала, да се изнауживаме до крај [sm=bravo.gif]
На почеток, исплашена од претходниот спонтан, 8+1 сум, со потврдена срцева акција, едно бебуле е. И така. Тркавалам се по дома, до четоврток сум на боледување, потоа на работа се враќам...Уф....




blond -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (14.10.2014 17:16:13)

Туку освен фолна, пиете нешто друго? Мене др ми препорача веднаш со витамините за трудници и магнезиум да почнам. Со првото магнезиум пиев при крај на бременост, а со витамините после 13 недела почнав.




Bethany -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (14.10.2014 18:59:04)

Ооо Блонд, welcome to the club [sm=smiley1.gif]
Што е убаво друштвото тука! Честитки најголеми за тебе [sm=smiley1.gif]

Јас не пијам ништо друго освен фолна и магнезиум шумливи, ама докторката вчера ми препорача тоа што препорача, ама да ги испијам овие што земав уште од почетокот на своја рака, па после ќе видам. Не сум баш послушен пациент со овие препораки за витамини, знам дека прават и тие маркетинг на одредени работи. Јас си гледав сега на амазон мултивитамини за трудници, многу се поефтини неголи тука, па ќе порачам преку некои пријатели да ми донесат, а во меѓувреме или ќе купам тука некои, можеби токму тие фемибион 1 што ми предлагаше докторката, тие се пијат до 3 месец и колку што ми кажаа она содржат само фолна и јод.


Хоупфул, ќе слушнеме убави вести утре. Не се грижи, бебушките си растат [sm=9nebesa.gif]

Женски, јас сум за никаде денес. Настината сум, ама издржливо е. Само тт да не качам. Ама и во прва бременост на почетокот ептен настинав, имунитетот падне поради новата состојба и тоа е. Ќе се лечам сега. [sm=smiley1.gif]





Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>