Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (15.10.2014 11:27:51)
|
Еве сме, сите тројца, или сите три [sm=smiley36.gif] Само што се вратив од ехо, слушнавме две возбудени срценца! 8гн+1, се си е во ред, а и двата ембриони се по 12мм, и подеднакво се развиваат, што е супер. Терапијата ми останува иста - Фемибион, Аспирин, Кринон и Прогестерон инекции, со тоа што Декортинот од утре ќе го намалам по шема и за неколку дена скроз ќе заврши. Грчевите се нормални, а се засекиравме малце за можен цистит, па ќе направам уринокултура чисто за да знаеме, а секако нема ништо повеќе од увин чај и брусница во овој период. Ми се смачи веќе од увин чај! Следен преглед ми закажаа за еден месец, со претходно резултати од крв, гликемиски статус, урино култура. Тогаш и Приска ќе правиме.
|
|
|
|