RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


scared RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (26.7.2015 20:02:12)

ајде и јас да се пишам во темава [sm=smiley1.gif] според последната менстуација треба да сум 4+1, но бидејќи инсеминацијата ја правев малце покасно мислам дека сум помалце недели ако има ова моево логика [sm=smiley36.gif]
Петокот на ехо се виде само ендометрум кој укажуваше на бременост друго ништо, докторот рече дека е рано ама јас сум сепак загрижена. Наредна контрола ми е на 11 август, да очекувам тогаш срцева акција или рано ќе е?
Имав и мало крварење ми го прекинаа аспиринот, примам витамин Ц 2000 мг дневно, примам прогестерон инекции, фемибион, магнезиум, фолна, б-комплекс, плус терапијата метфоромин, утрогестан и декстаметазон.




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (26.7.2015 22:03:58)

Scared RR, мило ми е што се читаме и овде, честитки уште еднаш [sm=bravo.gif]

Колку што се сеќавам, кај мене срцева акција се виде 7-8 недела, мислам дека понекогаш може и порано. Ти на 11 август ќе си на средина од 7 недела, па можно е да се чуе јуначето на мама, спреми се да се расплачеш [sm=smiley1.gif] Инаку сеедно кога е инсеминацијата, секогаш се смета од последната менструација. Со среќа и со лесно [sm=smiley31.gif]




scared RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (26.7.2015 22:26:31)

[sm=smiley1.gif] Јас мислев на тоа дека е зачнато покасно па затоа не се виде на ехо, кај многумина оваа недела се гледа гестсциска вреќичка со точкичка во неа а кај мене ништо [sm=smiley13.gif]




Melanija RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (27.7.2015 12:31:21)

scared RR [sm=sloncek.gif] официјално

Со лесно и мирно да поминуват деновите.Како си сега?




scared RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (27.7.2015 13:58:24)

Фалаа Меланија [sm=smiley1.gif] Добро сум по дома лежам уште имам по малку кафен исцедок се надевам ќе престане да не ме загрижува више :)
Туку сакав да прашам за мислење пишав дека контролата ми е на 11 август, нели е некако многу време тоа, да си презакажам ли за порано, што мислите?[sm=zz_wub.gif]




Melanija RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (27.7.2015 14:19:58)

Ах неизвесноста е секогаш голема ,сите би оделе секоја недела но до 12 недела се практикува на 2 недели а потоа на 4 недели контрола.Јас на твое место не би издржава до 11ти, ок да за срцева реакција но за да видам точка би одела [sm=smiley1.gif] Со прогестеронот ќе се среди кафеавото




lukajana RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (27.7.2015 17:38:10)

Cestitki Scared rr,imaj ubava i lesna bremenost,i jas bi odela porano pa makar i da me iskaraat [sm=smiley1.gif],ama ne bi izdrzala tolku dolgo




deluxe -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (27.7.2015 17:53:36)

Scared честики!!! имај си лесна и најубава бременост[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] Многу ме израдува кога те прочитав [sm=bravo.gif] Мисли позитивно,биди позитивна и наскоро ке си се видите со [sm=duda.gif]




Bea -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (28.7.2015 8:29:18)

Scared, честитки и добредојде на темата :)
Јас мислам ако си нестрплива да ја видиш точката, можеш и порано да одиш на контрола, па здравје за срцева акција пак.

Среќно и чувајте се! [sm=bravo.gif]




lanicka30 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (28.7.2015 10:36:45)

Scared imaj lesna i ubava bremenost[sm=bravo.gif]
Inaku bev na kondrola gi vidov moite angelcinja i imav pregled kakov sto sakav im gi slusnav ti mali srcenca lele kolku bev srekna inaku odlicno napreduvaat i odgovaraat na nedelite ednoto e ponapredno za eden den a i ponemirno tolku bese raspolozeno koga gogledavme se vrtese i so racinjata mavtase a degoto bese mirnicko i samo si lezese srceto mi se ispolni.sega sledno na 10avgust za skrining priska i brisevi...pozz do site rr




AnnaMolly RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (28.7.2015 10:42:47)

Scared мила многууу многуууу се израдував!!! Нека ти е со лесно само.

Јас направив тест 5-6 дена пред воопшто да ми доцни. Беше позитивен, отидов на лекар по 3-4 дена зашто мааалку прокрварев. Се виде само задебелен ендометриум, па ми рече да дојдам за 1 недела. Кога отидов тогаш немаше уште срцева акција, па по 7-8 дена бев пак и тогаш слушнавме срцева акција.
Не му ја мисли многу, опушти се и гали го мешето!
[sm=smiley31.gif]




scared RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (28.7.2015 13:30:45)

Фала ви да ви се враќаат само убавини[sm=smiley1.gif]
Јас пак да прашам нешто, чудно ми е што кафениов исцедок може да го нема по цел ден и пак да се јави, сега е ло светло кафена водичка[sm=zmeden.gif]
3x1 утрогестан ставам плус прогестерон ампули до сега зар не требаше да помине потполно [sm=zmeden.gif]




bitolcanka82 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (28.7.2015 13:44:42)

Scared cestitki i od mene, odmaraj i uzivaj.. Jas vikendov imav kako nekoj kafen iscedok zaedno so crinonot, denes bev na kontrola sum 9 ta nedela, se e vo red so bebushite ama imam hematom mal.. Aj nekoj so iskustvo neka mi pishi malku da me uteshi mnogu se uplashiv i se nasekirav.Mi gi prekina clexan-ot i aspirinot i strogo miruvanje




Son 82 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (28.7.2015 14:24:48)

Здраво на сите!!
Јас сум нова на форумов.Трудна сум по мои пресметки односно по последна менструација 6 недели и 4дена, но на преглед пред 5 дена докторката ми кажа дека сум 5 недела и виде сакус.Многу сум нервозна и успаничена до нареден преглед за да слушнам срцева акција.Цело време сум со страв и неубави работи ми се вртат по глава.Не е многу реално ама кога ќе ме спукаат стравови е многу тешко. Знам дека не е рационално ама не знаев дека сета оваа борба ќе ме направи ваква.Ве молам за помош.




cosma -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (28.7.2015 15:18:15)

Zdravo RR...eve i jas da pisam tuka...jas sum 6 nedela stavam crinon 2x1 i progesteron ampula na 4 dena i pak ponekogas imam kafeavo crn iscedok izmesan so crinonot...mnogu mi e strav, prva kontrola mi e zadutre...




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (28.7.2015 16:59:42)

bitolcanka82, голем дел од нас имале искуства со хематоми, прочитај во темава наназад. Јас имав еден поголем, исто ми прекинаа аспирин и примав дабростон, прогестерон, кринон, витЦ и магнезиум, бев на строго лежење месец дена и се ресорбираше. Не се плаши, честа појава е, само мирувај, тоа е лекот.




Melanija RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (29.7.2015 14:05:45)

scared RR,Son 82 и cosma [sm=bravo.gif] бидете трпеливи ,слушајте доктор што треба да правите и примате ,се се регулира по 12 недела
Со лесно [sm=smiley1.gif]

Son 82 мора убаво да мислиш, за 1 недела ќе се чуе срценцето [sm=bravo.gif]




Mami82 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (3.8.2015 7:35:22)

Zdravo, i lesna bremenost na site. Jas imav nemilo iskustvo vikendov, pa sakav da ve prasam za vasi iskustva okolu istoto? Momentalno sum 11-ta g.n. Vikendov bevme izlezeni so soprugot i kerkickata, i mene mi se slosi....osetiv deka nesto ne mi e kako sto treba, i mu rekov da si odime, ama dur se pozdravi so site, dur dopravi muabet....jas se onesvestiv [sm=smiley19.gif] prvpat vo zivotot osetiv takvo iskustvo...kako nekoj vakum da me izvlece od telovo.....duri strav me fakja sega koga ke pomoslam. Mi se ima stemneto i vo prvata bremenost, no ova iskustvo bese unikatno. Film vidov ored oci. I naednas povtorno kako vakum za del od sekunda me vrati nazad....i gledam jas lezam na ulica, i me prasuvaat razni glasovi mozes li da me cues, kako si...itn.... Imav smrten slucaj pred nepolna nedela, mnogu emocii, mnogu placenja, mozno li e da e povrzano? I da naglasam....seuste dojam




Kvisko -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (4.8.2015 10:35:24)

Mami82 не се паничи. Во рана бременост е нормално да имаш низок притисок и вртоглавици. Она што тебе ти се случило е комбинацијанод повеќе фактори кои ти го исцрпиле организмот. Сега повеќе одмор витамини и ќе со дојде се на место. Загубите на блиски луѓе се трауматични ама сега фокусирај се на себе и на бебето. Ако го доиш првото дете пробај да намалиш подои или ако е веќе поголемо прекини зашто и тоа го исцрпува организмот и едноставно не може се да постигне.
Со среќа и со лесно.




milicka85 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (4.8.2015 14:23:55)

Dragi trudnici vi posakuvam uspesna bremenost na site
Vreme e da se vklucam i jas niz temava.prvata btemenost ja pominav bez strav blagodarenie na site vas se nadevam taka ke bide i ovaa bremenost.ve citam i gledam
Deka pisuvate za nekakvo krvarejne i jas go imav so eve dvete bremenosti blrdo rozevo ili temno kafeavo i mislam toa se javuva 7-14 krvarejn koeacnuvajneto
I stanuva zbor za implatancisko krvarejne koe pretstavuva i eden od simptomote za bremenost.pred ovaa bremenost i mav edna neuspesna koja zavrsi bez srceva reakcija i sea go iscekuvam naredniot pregled na koj ke treba da se utvrdi srcevata reakcija pa malku sum vo panika.ja ocekuvam vasata podrska i zaedno da gi broime nedelite koi doagaat i da razmenuvame iskusta.se izvinuvam na podolgiot post




Bea -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (5.8.2015 16:19:56)

Просто не ми се верува за колку смртни случаи слушнав, а еве и тука на форумов прочитав изминативе денови...
И јас поминав низ истото, минатата недела имавме смртен случај во најблиското семејство. Гледав колку што можам да се заштитам, но сепак стресот е присутен.
Во еден момент се исплашив бидејќи имав јака остра болка во долниот дел од стомакот, па отидов кај докторот - ме ѕирна и фала му на Бога се беше во ред.
Сега чекам да дојде 14-ти за скрининг во 12-та недела. Тука пак компликации, матичната ми е на одмор, замената и е во Чаир, а таа само на истот ден од прегледот давала упати за приска... Хаос, ќе се изнатрчам, ама па не ми се даваат пари за приватно.

Него сакав да ве прашам околу фарбањето (не знам дали има ваква тема). Се фарбате ли во текот на брменеоста? Јас во првото тромесечие не сакам да се фарбам воопшто, ама веќе не се толерира, а одам на работа со луѓе секој ден, состаноци :) Јас и инаку купувам фарби без амонијак, ама сепак јака хемија е, не ми става сешто на глава???





blue_blue -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (5.8.2015 16:29:50)

Bea, јас го прашав мојот доктор за ова и тој ми рече дека нема никакви докази дека хемијата од бојата може да продре во крвоток...и ми рече - бркар работа и фарбај се..ако можеш со бои без амонијак они уљани што се и ич да не се замараш....така да, иди исфарбај се и не бери гајле, многу поштетен е воздухот загаден што го дишиме и храната која ја јадеме полна со вештачки срања во неа, макар бил и обичен патлиџан....




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (5.8.2015 16:36:19)

Bea, немаме посебна тема, ама сме го дискутирале ова и подобро во втор триместар, за жал [sm=smiley36.gif]
И матичната ми забрани, а и фризерката ми рече нема шанси додека не поминат 13 недели, така што стрпи се уште малце, еве кај се. Јас одев таква шарена во главата долго време, тогаш па бев ептен различно офарбана од природната, и се средив тек во втор триместар. И јас се фарбам со безамонијачни бои, ама подобро е да не се ризикува, гадни хемии се тоа, а цела органогенеза е во прв триместар.

За приска, не давај на приватно, јас се опрчив пошто не се информирав на време, а реално, не е нешто релевантно, мене ако ме прашуваш. Ајде чекаме инфо од скрининг на 15, а во меѓувреме одмарај дома под клима со б комплекс, пази се и од стрес и од топлово [sm=smiley1.gif]




lukajana RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (5.8.2015 18:26:10)

Еве ја Темата за фарбање во бременост ,многу дискутабилно и конфузно како жените [sm=smiley36.gif],иначе јас се фарбав и бев плавуша а никој не ми забрани изгледа зависи до докторот а колку е штетно тоа незнам дали некој знае со сигурност [sm=smiley1.gif]




Bea -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (6.8.2015 15:47:50)

Девојчиња, за Приската - каде се дава крв, на ГАК во лабораторија? Се закажува или само си одиш?
Јас ехото ке го правам приватно, само за крв ќе одам на клиника.
Ми кажаа дека треба да ги носам со мене снимките од ехото и упат од матичен, да не ми треба и нешто друго?




Страница: <<   < Претходна страница  30 31 [32] 33 34   Следна страница >   >>