Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (21.12.2015 13:14:18)
|
Scared RR, болките се нормални, и земи си обавезно магнезиум - почни со по 250мг, па по потреба зголеми, не е на одмет. Тој на Natural Health мене ми е најдобар, а имаш и Direct, го знаеш, тој побрзо делува, но мислам дека не е со пролонгирано дејство. *devojce*, прво честитки за бременоста [sm=bravo.gif] Нека биде убава и лесна, со здраво право бебуле [sm=smiley1.gif] Во однос на исцедокот, покрај тоа што ставаш утрогестан, добро е и да одмараш до контролата. Јас имав крварења и исцедоци, кај мене беа од хематом, и тоа се средува само со прогестеронска терапија и строго лежење. Кај тебе не верувам дека е тоа, бидејќи е темен исцедокот, и со логика дека е стара крв, може да е остаток од имплантациското крварење или од тоа што настанува промена во локалниот крвоток кога се имплантира ембриончето, како што имам читано. Во секој случај, обиди се да мируваш па на контролата ќе знаеш повеќе. Но, ако имаш капка свежа крв, оди на лекар.
|
|
|
|