RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


kapina -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (3.6.2016 20:19:01)

A tvojot maticen gin ti dava li fiskalna smetka koga ti naplaka ehoto e besplatno jas samo za pap test plakam60den i za bris okolu 200 den ako ne ti dava fiskalna prijavi go nemoze nekoj da rabote cel den za 500 den a nekoj za 5 min da mu gi zeme tuku taka jas ne sum bremena inaku ama tolku zema mojot maticen gin




Мафин -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (4.6.2016 17:34:38)

Mnogu normalno deka gospodinot ginekolog ne dava fiskalna smetka [sm=smiley13.gif] mi bese neprijatno da go Prasam dali treba da plakam za exo go tekot Na bremenosta, zosto ne go znam zakonot detalno. Ama Sega ke procitam, da znam sto mi sleduva ;-)
Ustvari I koga ke razmislam- nema kaj nego Ednas godisno besplaten pap test a sigurna sum deka raboti so fondot




kapina -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (4.6.2016 18:43:59)

Stom ti e maticen verojatno rabote so fondot sledniot pat baraj fiskalna za se sto ti se naplaka mene toa mi go ima kazanp zena sto rabote vo fondot oti ehoto e besplatno




fetusce -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (7.6.2016 21:45:12)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Мафин

Mnogu normalno deka gospodinot ginekolog ne dava fiskalna smetka [sm=smiley13.gif] mi bese neprijatno da go Prasam dali treba da plakam za exo go tekot Na bremenosta, zosto ne go znam zakonot detalno. Ama Sega ke procitam, da znam sto mi sleduva ;-)
Ustvari I koga ke razmislam- nema kaj nego Ednas godisno besplaten pap test a sigurna sum deka raboti so fondot


Jas napraviv analiza na krv i mokraca besplatno kako trudnica i ehoto mi bese besplatno isto taka.




fetusce -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (10.6.2016 8:50:31)

sega ova vtoro eho i mene mi go naplati 300 denari.




elenak -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (10.6.2016 14:11:30)

Мешиња колку ве има за трка [sm=smiley1.gif] Јас од утре 8-ма недела, по мерките плодот си одговара за староста, срценцето чука и сега само останува да се галиме и да си растеме. Туку ептен ми е поразлична оваа бременост со првата, буквално не се препознавам. Немам желба за храна воопшто, цело време некое чувство на гадење а не повраќам, што мислам е уште потешко оти не ми олеснува од ништо. Многу малку јадам а стомакот и од едно залче ко балон ми станува, се осеќам како 4-ти месец да сум[sm=smiley13.gif] Во првата бременост со 12-та недела дури не ја видов на ехо како скока мислев докториве ме зафркаваат дека сум бремена, немав ни стомак до 6-ти месец. Па ме фаќаат кризи, депресивни мисли, не се трпам сама, а на другиве околу мене како им е не знам[sm=smiley1.gif]. Како ли ќе се издржи?




Michela -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (21.6.2016 14:21:16)

Еве девојки да пишам првпат тука,7 недела сум бремена со близначиња.Ги слушнавме срценцата ама едното заостанува зад другото докторот вика дека уште е рано за било каква прогноза а мене ми е страв дека и двете ќе ги изгубам[sm=smiley19.gif] па така ќе си станам сабајле па ќе си поплачам.Како ги трпите вие жештиниве?Јас едвај издржувам имам низок притисок




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (21.6.2016 14:40:20)

Michela, браво за двете срценца, јуначиња на мама! [sm=bravo.gif]

Како заостанува едното, во која смисла? За мерки е рано...
А зошто тебе ти доаѓаат такви мисли? Нема причина за грижа, уживај и гали го мешето. Немој самата да си создаваш негативна енергија, сега и тебе, а на нив поготово, ви треба оптимизам и верба дека се ќе биде ок. Првиот триместар е тежок, цел со неизвесности и стравови, но ќе помине и ќе видиш дека се ќе биде ок. Ти одмарај си под клима, а за притисокот па ич да не се секираш, понизок е поок во бременост.




Michela -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (21.6.2016 16:27:49)

Во големина едното е 1,24 цм а другото 9 мм.Исто помалово има послаби отчукувања на срце.Дури докоторот не го ни виде прво вика добро е што е едно и го врти ехото и вика еве го и другото.Шлог ме мавна[sm=smiley1.gif]Знам една познаничка имаше ист случај близнаци после ивф и едното почна да заостанува па го повлече и другото после.И тоа кај истиот доктор,мада нема врска докторот,тоа си е природа.Дури размислував за редукција ама он ми вика многу е рано не брзај опушти се да видиме како ќе се одвива работата.Ама ај иди опушти се[sm=smiley13.gif]




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (21.6.2016 23:08:44)

А бе нема врска, тие мерки се провизорни само, ич не се замарај. Познаници и пријатели имаат секакви искуства и тоа не значи ништо за тебе - сигурно имаш поголем број блиску луѓе со успешни бремености, но ти си одбрала да се фиксираш за овој случај. Мора да останеш позитивна.

Опуштањето е релативна работа, јас цела бременост ја поминав во грч па се помина ок, еве ги здрави прави и двајцата. За редукција не знам зошто воопшто размислуваш, освен ако нема некоја медицинска потреба. Од лично искуство, можам да кажам само дека нема поубаво од близнаци [sm=smiley1.gif]

Кога си следен пат на контрола, и кај кој доктор си?




Michela -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (22.6.2016 7:50:42)

Кај Лазаревски сум,за три недели ми рече контрола.За редукција мислев само ако едното претставува ризик за другото ако се двете здрави прави бебиња нема да се откажам од едното само затоа што не сум планирала да раѓам две деца.Башка и за нив ќе е поубаво ако се две[sm=smiley1.gif]најверојатно после сите тие боцкања контроли исчекувања се навикнува човек да е во грч постојано и се очекуваш наопачки да тргне.Сакам да се запишам на пренатална јога,баш ќе прашам наредна контрола дали смеам сеуште.




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (22.6.2016 11:30:17)

Смееш, да, добро ќе ти дојде. Можеби ќе треба да почекаш некоја недела, прашај го Лазаревски. Има и во Систина како дел од пакетот за породување. Не се грижи, во добри раце си, сите во Систина знаат што прават.

Редукција ако треба, ќе се направи, но се надевам дека нема да има потреба и дека се ќе биде ок. Никогаш работите не ни излегуваат по план, но да, за нив е секако подобро што се две, се имаат едно со друго засекогаш.

Инаку те разбирам како ти е, сме го збореле ова досега на РР - кога човек проаѓа низ стерилитет, ивф протокол и милион испитувања, се навикнува на неуспех и на лоши вести. Мене цела бременост не ми се веруваше дека е реална, дека мене ми се случува ова, дека се две, очекував компликации, си ги добив, хематоми, лежење, инфекции, но сепак добро помина. Не ми се веруваше дека е реалност се додека не требаше да си одам дома со бебињата, кога се растурив од плачење, што од страв, што од возбуда, што од reality check.




fetusce -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (24.6.2016 14:07:54)

dali ringejajki koristite vaginaliti od prvoto tromesecije na bremenosta? Me interesira koi vaginaliti gi koristite za da gi koristam i jas suva mi e kozata a i belopranje imam.




lukajana RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (25.6.2016 0:25:08)

Fetusce јас не би зимала ништо на своја рака ,советувај се со гинеколог за било каков проблем.




elenak -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (1.7.2016 15:52:28)

Жени кажувајте некој лек за главоболка, ме пукна веќе три дена :( Не помага парацетамол, ниту кафе со лимон. Што друго смеам?




Neurotoxin RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (2.7.2016 11:52:48)

Смееш и бруфен, ако ептен е неиздржлива мигренозна болка, ако не пробај локално со масажа со алкохол или оние мастите за настинка со ментол.




fetusce -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) [chat] (2.7.2016 22:53:19)

jas se isturiv od povrakanje i na seto toa normalno me boli glava mi se vrti i pak povrakaj edno ta isto. Sega malku mi pomina po ednas ili dvapati vo denot mi se slucuva da povratam. No celo vreme mi se losi . Osven toa izgubiv i tezina neznam kako bebeto vo stomakot se razviva taka reci od nisto. Osven od suplementi i hormoni.




mazok -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (7.8.2016 17:40:28)

Zdravo devojki. Jas sum nova clenka na sajtov. Sakav nekoj da me posovetuva . Bremena sum 5 nedeli i nekolku dena. Momentalno me fati nekoj virus pa pocnuvam da kaslam kivam nosot mi e zatnat i imamam od vreme na vreme temperatura 37,3- 37.4 . Dali smeam da se napijam paracetamol. Neznam dali e steten za bebeto. So ginekologot ke se vidam tek narednata nedela sega na odmor. Neznam sto da pravam. Imal li nekoj vakvo iskustvo. A zabelezuvam deka dolu mi se pojavuva kandida. Smeam li da stavam kanesten ovoj period.




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (8.8.2016 12:21:56)

Здраво mazok, добре ни дојде! [sm=smiley1.gif]

Прво, честитки за бременоста! Ти посакувам лесна бременост, со здраво право бебуле [sm=smiley1.gif] Во однос на настинката, парацетамол е безбеден, но за канестен не сум сигурна во текот на првиот триместар. Додека го чекаш докторот, ѕирни ги нашите искуства за овие теми - настинка и инфекции, и секако пишувај ни како се одвива бременоста. Не заборавај на лимон, витЦ, чај и прополис за настинката!




kavadar4anka -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (9.8.2016 14:02:11)

Рингерајки, здраво и од мене... Еве да Ви се приклучам и јас моментално сум 11 недела, т.е.13гн... Супер сме за сега, до сега сум била 3 пати на преглед. Се е во ред, фала му на Бога... на 17.08.2016 год имам закажано прв скрининг па едвај чекам да го видам моето мало човече... Поздрав до вас!




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (9.8.2016 15:27:17)

Добредојде и за тебе, се надевам на убава дружба [sm=smiley1.gif] Честитки за бебуле, нека расте и нека се развива кај мама во меше! Каде ќе го правиш скринингот? Пиши ни како ќе поминеш.

Овде ќе најдеш куп информации за се што те интересира во текот на целата бременост, а и после тоа [sm=smiley36.gif] Секако слободно прашај си што било и пишувај ни како ќе се одвива бременоста.




kavadar4anka -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (10.8.2016 12:17:26)

имам закажано во ПЛОДНОСТ Битола кај др. Кристинка Пајаковска, а за микробилошките тестови овде кај матичната... па ќе ви пишам како ќе минам... секој преглед го чекам со нетрпение, времето ми минува бавно [sm=smiley13.gif] ... само нека биде се во ред и да е добра мисла на сите! Поздрав женички [sm=smiley27.gif][sm=rozica.gif]




marija23 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (24.8.2016 17:12:58)

Decki zdravo. Da Se pofalam,bev denes na lekar I doktorkata potvrdi Deka Sim Bremena Sesta nedela. No nesto me buni bidejki ne sum imala takov problem so prvata Bremenost. Doktorkata mi rece Deka sum Bremena 6 nedeli a prodot Deka e za 5 nedeli. Dali nekoja od Vas znae imala nesto vakvo I dali znae sto znaci? Stvarno mi e Misla....pozdrav




mommy_angels RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (24.8.2016 18:10:37)


ИЗВОРНА ПОРАКА: marija23

Decki zdravo. Da Se pofalam,bev denes na lekar I doktorkata potvrdi Deka Sim Bremena Sesta nedela. No nesto me buni bidejki ne sum imala takov problem so prvata Bremenost. Doktorkata mi rece Deka sum Bremena 6 nedeli a prodot Deka e za 5 nedeli. Dali nekoja od Vas znae imala nesto vakvo I dali znae sto znaci? Stvarno mi e Misla....pozdrav


Честитки Марија23,ти посакувам лесна и убава бременост.Инаку околу неделите не грижи се.Понатаму ќе ти кажат 12 е,а мерките се за 11 или пак,бебето е 22 недела а мерките се за 23 и така натаму.Само нека си се развива и расте тоа нормално и нема никаков проблем.А плус и нели секое бебе си е единка,па може е поситно и слично.Уживај мами и спремај се за уште едно шеќерче по дома.




fetusce -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (2.9.2016 20:37:17)

Ве напуштам во првотромесечје рингејајки, одам во второ тромесече. Се гледаме таму..




Страница: <<   < Претходна страница  47 48 49 [50] 51   Следна страница >   >>