Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (31.10.2014 12:00:55)
|
sanjaaaa!, и на нас ни бараа спермокултура, добро е да се направи за да се знае да не има некаква инфекција. Ние имавме и од документите за ваучер, но беше со поминат рок, мислам дека не треба да е постара од 3 месеци, и направивме нова. Излезе некоја стрептокока, па мм пиеше антибиотици, кои секако превентивно ги даваат. Инаку спермокултурата во Систина е околу 1000 ден. Инаку девојки, мене ме фати настинка пред пункција и ја решив со витЦ, цеден лимон, многу овошје и зеленчук, и едни ориблети од прополис и матичен млеч, заедно со септолете спреј за грло.
|
|
|
|