LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (4.11.2014 10:38:51)
|
Честитките за Пинки30 се префрлени во соодветната ТЕМА. Бубе10, бидејќи рече редовно не читаш, пиши дали си правела лапаро/хистеро, очигледно не од она што го читам кај тебе во потписот, но сепак да потврдиме и пиши дали витаминиве кои ги ѕемаше ѕа трансферот на смрзнати ембриони ти беше по препорака од лекар или сами си ги зема. Јас бев кај др. Димитров, ми препорача евентуално хистероскопија со скречинг и потоа трансфер со смрзнати емрбиони, друго не ми препорача. Рече дека можната причина за неуспех на двете досега ИВФ и силно крварење може да е од стимулациите кои направиле проблем со имплантација и дека трансферот планира на природен циклус без лекарства да го изведе, со следење на овулацијата и потоа веднаш трансфер и терапија по трансферот.... Го прашував за ЕРА методот, не беше сигурен колку клинички потврдени случаи има на успех и дали да го правам. Сега ептен сум во дилема што понатаму, денес ептен ми е тешко, бидејќи на мене е оставено да си барам чаре, не знам со докториве секој различно кажува и баш ми е смачено....
|
|
|
|