Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (9.11.2014 10:59:01)
|
sasaiciko, има болки, да, и нормални се. Претежно се заради стимулацијата, и не се секирај. А за лежењето, јас се вртев и на страна, а спиев и на стомак, пошто ми се укочи грбот [sm=smiley1.gif] капина, те чекаме утре со висока бета, ти праќам позитивна енергија [sm=sloncek.gif] Во однос на муабетот за посветеноста на докторите, до некаде е така, за жал. Ретко да се најде некој што максимално ќе се посвети, но сепак, некои работи не се и до нив. Од она што го читав и по странски форуми за странски ивф клиники, не само што постапката е таа, туку и се подразбира дека ќе се направи повеќе од едно ивф за да се утврди шема на терапија и индивидуализиран пристап за секој пациент, односно класичниот метод на trial and error. Факт е дека за нас, паровите, тоа е исцрпувачки, и емотивно, и физички и финансиски, но мислам дека нашите доктори се ептен во тек со она што се прави во светот и дека едноставно, до таму е дојдена светската медицина, за жал или за среќа. Баш вчера ја споредував нашата постапка со онаа во Англија, знам за случај на една девојка која таму живее и таму правела ивф, потполно исто како кај нас, и дури со еден вратен ембрион излегло успешно од првпат. Мм и јас сме свесни дека имаме голема среќа што првото ивф излезе успешно, и благодарни сме не само на докторот, туку и на случајните фактори кои секако имаат врска - едноставно, ми се погоди терапијата, исхраната, физичката и менталната подготвеност и како сакате сфатете ме, божјиот допир. Како спиритуален човек сметам дека вербата е многу битна и дека прави разлика... Дај боже да збориме само за успешни ивф постапки и мешиња што растат без компликации [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|