Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (8.12.2014 23:38:28)
|
Ич не треба да се мериме, не е битно дали е прво, второ или трето, желбата за дете и тешкотиите тоа да се добие ни се заеднички на сите, и баш заради тоа треба да се поддржуваме и разбираме, само така сме појаки од проблемите. sanjaaaa, те мислам и ти праќам позитивна енергија и дупла доза бејби даст [sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif] simpaticna, токму затоа сме тука, да си помогнеме и да си ги олесниме маките. Уште од кога станав дел од РР увидов колку многу помага, без оглед на тоа во која фаза од животот сум. И додека правев инсеминации, и операции, и анализи, па собирање документи за ваучер, ивф процедурите, а и сега, најтазе, со секојдневни совети и споделување искуства во тек на бременост... многу е битно ова што го имаме. Што и да ти треба, слободно прашувај, тука сме сите една за друга. Ајде, правец на лекар за брисеви, па после и се друго! [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|